Горјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горјан
Γεωργιανή
Горјан is located in Грција
Горјан
Горјан
Местоположба во областа
Горјан is located in Кушница (општина)
Горјан
Местоположба на Горјан во општината Кушница и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 40°57′N 24°08′E / 40.950° N; 24.133° E / 40.950; 24.133Координати: 40°57′N 24°08′E / 40.950° N; 24.133° E / 40.950; 24.133
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругКавала
ОпштинаКушница
Општ. единицаКушница
Надм. вис.&10000000000000124000000124 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно611
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Горјан или Горени (грчки: Γεωργιανή, Георѓани; до 1926 г. Γκόργιανη, Горјани[2]) — село во Правишко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Кушница, во Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на североисточните падини на планината Кушница, северозападно од малиот град Правишта, на надморска височина од 260 метри.[3]

Се наоѓа на 10 километри од градот Правишта во северозападна насока и на 1 километар северно од селото Никишјан.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Горјан било село во Правишката каза, на Отоманското Царство.

Селото Горени во минатото било населено со турско население.[3]

Во 1926 година било преименувано од Горјани во Георѓани.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е прилично богато. Населението главно се занимава со земјоделство (тутун и пченица) и делумно со сточарство (одгледување крави).[3]

Население[уреди | уреди извор]

По принудното населување на турското население во согланост со Лозанската конвенција, во 1924 година во селото биле сместени бегалски семејства. Нивниот број во 1928 година изнесувал 976, а во 1940 година се искачил на 1.500 жители.[3]

Во 1941 година, според бугарската статистика селото имало 1.482 жители. Во 1951 година биле попишано 1.608 жители, во 1961 година 1.469, во 1971 година поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители се намалил на 930, додека во 1981 година се забележани 1.016 и во 1991 година 1.025 жители.

Според пописот во 2001 година, селото имало 706 жители. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 611 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.482 1.608 1.469 930 1.016 1.025 706 611
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Кушница со седиште во селото Никишјан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Горјан, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκόργιανη -- Γεωργιανή
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Кавалски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 223.