Прејди на содржината

Религија во Шпанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Религија во Шпанија
Римокатолици
  
76 %
Атеисти или нерелигиозни
  
20 %
Муслимани
  
2,3 %
Евреи
  
0,1 %
Други
  
1,7 %

Римокатоличкото христијанство е најголема религија во Шпанија. Според една студија од јули 2009 година спроведена од страна на шпанскиот Центар за социолошки истражувања, околу 76% од Шпанците се приврзаници на католизмот, 2% на друга вера, и околу 20% не се идентификуваат со религијата. Повеќето Шпанци не учествуваат редовно во религиозни литургии. Оваа студија покажува дека Шпанците не се сепак религиозна нација, бидејќи 58% од вкупниот број на население многу ретко или никогаш не одат во црквата, 17% одат во црква неколкупати годишно, 9% барем еднаш во еден месец и 15% секоја недела или повеќепати неделно [1] Големо мнозинство од младите Шпанци, вклучувајќи ги и оние кои себеси се идентификуваат како католици, ја игнорираат црквата и нејзините совети за прашања како што се на пример поврзани со предбрачен секс, сексуална ориентација или контрацепција.[2][3][4][5]

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005[6]

  • 59% од шпанските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 21% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила".
  • 18% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Историја

[уреди | уреди извор]

Шпанија е држава која во текот на својата историја водела големи борби на религиозно ниво, главно против исламот и јудаизмот, а во помала мера со протестантството. Поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров бил христијанизиран во времето кога истиот бил дел од Римското Царство. По слабеењето на Рим, германските племиња извршиле инвазија врз поголемиот дел од териториите на поранешната империја. Во 410 години Шпанија била заземена од страна на Визиготите кои го наметнале Аријанството. Во Визиготското кралство спровело аријанизација на католичкото население на полуостровот. Во 587, визиготскиот цар Рекард, католицизмот го прогласил за државна религија.

Визиготската црква Сан Педро дел ла Наве

Во 711 година полуостровот бил нападнат од страна на Маврите од Северна Африка, каде формирале држава наречена ел-Андалус и како таква (со мали промени) се задржала во следните 8 векови. Така, исламот станал најголема религија на овиепростори, бројот на муслимани се зголемил во најголема мера а додека поголемиот дел од населението останало христријанско. Во тој период, многу цркви биле претворени во џамии. Христијанството успеало да се задржи само во Сантјаго де Компостела.

Средновековна Шпанија била местото на речиси постојаното војување меѓу муслиманите и христијаните. Така се задржало сè до заврѓувањето на Реконквистата во 1492 година. Веднаш по ова, била објавена шпанската инквизиција од страна на Изабела I Кастиљска и Фернандо II Арагонски за заштита на верата против разни кривоверци и кривоверци со цел тие да ја прифатат католичката вера. Во оваа група попосле спаднале и Евреите по што биле присилени (во 1492) да се преселат од пиринејскиот полуостров.

Шпанија го спровела католицизмот во Новиот Свет и на Филипините. Шпанскиот крал инсистирл на независност од папата. Инквизицијата конечно била укината во 1830 година. Католицизмот станал државна религија во 1851, кога за шпанската влада потпиша конкорд со Ватикан. Овој пакт бил укинат во 1931 година со прогласувањето на Втората Шпанска република. Во текот на граѓанската војна, околу 7.000 свештеници биле убиени.

Религијата денес

[уреди | уреди извор]

Римокатоличката црква е најголемата религија во земјата. Во земјата постојат и неколку протестантски организации, со помалку од 50.000 членови. Муслиманите зазимаат околу 2.3% од вкупниот број на население во Шпанија, Евреите околу 0.1 итн.

  1. „Barómetro julio 2009, Centro de Investigaciones Sociológicas, Jul 2009“ (PDF). Посетено на 2009-10-16.
  2. Tarvainen, Sinikka (2004-09-26). „Reforms anger Spanish church“ (англиски). Dawn International. Посетено на 2008-03-21.
  3. „Zapatero accused of rejecting religion“ (англиски). Worldwide Religious News. 2004-10-15. Архивирано од изворникот на 2008-10-23. Посетено на 2008-03-21.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NYT.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CSMONITOR.
  6. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 9“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.