Религија во Грција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верници во Грција
Православни околу
  
95 %
Римокатолици
  
0,7 %
Гркокатолици
  
0,3 %
Протестанти
  
0,1 %
Муслимани
  
1,3 %
Евреи
  
0,1 %


Источното Православно христијанство е религија на 95% [1] до 98% [2] на грчкото население.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,[3]

  • 81% од грчките граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 16% одговориле дека "веруваат во некоја друга надприродна сила".
  • 3% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Православие[уреди | уреди извор]

Поглед кон Метеора

Грчката Православна црква, која е член на Источната Православна црква, е запишана во уставот на Грција. Нејзините членови се од 95% [1] до 98%[2] од населението. Од нив, околу 700.000 до 1 000 000 се членови на старата православна црква[1].

Католизам[уреди | уреди извор]

Римокатолизам[уреди | уреди извор]

Бројот на римокатолиците во Грција е околу 50.000[1]. Овие верници ги има низ целата територија на земјата, но главно живеат на Кикладите и по Јонските Острови. Присуството на католиците во грчките острови се должи на доминација на Венеција на овие простори во средниот век. Римската католичка заедница е зголемена во последниве години како резултат на имиграцијата и денес брои околу 200.000. [1]

Гркокатолизам[уреди | уреди извор]

Вкупниот број на гркокатолиците во земјата е околу 5.000 [1] и тие најчесто живеат во Атина.

Протестантство[уреди | уреди извор]

Бројот на Протестантите, вклучувајќи ги и членовите на Грчката Евангелистичка црква и Слободната Евангелистичка црква, е околу 30.000. [4][5]. Бројот на членовите на Саборот на Бога и другите Пентекостни нзависни цркви е околу 12.000 членови.[6]

Ислам[уреди | уреди извор]

Муслиманите во Грција се претежно од турско потекло иако има и заедница на грчки муслимани. Бројот на следбениците на исламот се проценува на 97.604 луѓе или 0,95% од вкупното население, според пописот во 1991 година. [7] Бројор на имигрантските муслимани се проценува од 200.000 до 300.000. [8]

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Еврејската заедница во Грција во моментов изнесува околу 5.500 луѓе, главно концентрирани во Атина, Солун, Лариса, Волос, Јанина, Трикала и Крф, додека многу помалку ги има во Кавала и Родос. [9]

Хеленски неопаганизам[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 "Religious Freedom in Greece (September2002)" (RTF). Greek Helsinki Monitor Minority Rights Group - Greece. конс. 2007-09-15.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „GHMMRG-G“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. 2,0 2,1 "Greece". The World Factbook. конс. 2007-09-15. 
  3. "Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11" (PDF). конс. 2007-05-05. 
  4. "Executive Summary Discrimination on the grounds of religion and belief GREECE" (PDF). Dr Ioannis Ktistakis & Dr Nicholas Sitaropoulos. ec.europa.eu. 2004-06-22. конс. 2007-04-14. 
  5. "International Religious Freedom Report 2007: Greece". US Dept. of State/Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. www.state.gov. 2006-09-15. конс. 2007-04-14. 
  6. Synod of Apostolic Church of Christ
  7. Υπουργείο Εξωτερικών, Υπηρεσία Ενημέρωσης: Μουσουλμάνικη μειονότητα Θράκης and Ελληνική Επιτροπή για τη διαχείρηση των υδατικών πόρων: Στοιχεία από την πρόσφατη απογραφή του πληθυσμού
  8. "International Religious Freedom Report 2006: Greece". US Dept. of State/Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. www.state.gov. 2006-09-15. конс. 2007-09-15. 
  9. Short History Of The Jewish Communities In Greece (pdf), publicized by the Central Board of Jewish Communities in Greece