Религија во Казахстан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Религија во Казахстан[1]
Религија процент
Муслимани
  
70,2 %
Христијани
  
26,3 %
Останати
  
0,1 %
Нерелигиозни
  
2,9 %

Според различни анкети, поголемиот дел од казахстанските граѓани, првенствено етничките Казаци, се идентификуваат како не-деноминациони муслимани[2], додека други се идентификуваат како сунитите од Ханифиски мезхеб, кои сочинуваат околу 63,6% од населението, како и етничките Узбеци, Ујгури и Татари[3][4]. Помалку од 1% се дел од Шафиски мезхеб (првенствено Чеченци) и шиити. Постојат вкупно 2.300 џамии[5], кои се поврзани преку „Духовна асоцијација на муслиманите во Казахстан“, предводена од врховен муфтија[6]. Курбан Бајрам е признаен како национален празник на земјата[5].

Помалку од 25% од населението во Казахстан е православно, традиционално вклучувајќи ги етничките Руси, Украинци и Белоруси[4]. Други христијански групи вклучуваат католици, протестанти (Баптизам, Презвитеријанство, Лутеранство, Пентекостализам, Методизам, Адвентисти на седмиот ден), Јеховини сведоци и Мормони. Постојат вкупно 265 регистрирани православни цркви, 93 католички цркви и 543 протестантски цркви и молитвени куќи. Божиќ, признаен на руски православен начин според јулијанскиот календар, е признаен како национален празник во Казахстан[4].

Други религиозни групи се: јудаизам, бахајство, хиндуизам, будизам и.т.н[4].

Земјата е мултиетничка, со долга традиција на толеранција и секуларизам. Од независноста, бројот на џамии и цркви е значително зголемен. Сепак, населението понекогаш е претпазливо за малцинските религиозни групи. Лидерите на четирите религиозни групи што владата ги смета за „традиционални“ - исламот, руското православие, католицизмот и јудаизмот - објавиле општо прифаќање и толеранција што другите религиозни групи не секогаш ги уживат.

Религиозна историја[уреди | уреди извор]

Земјата историски била центар на широк спектар на етнички групи со различни религии. Нетолеранцијата кон другите општества станало проблем на казахстанската култура. Основањето на независна република, по распаѓањето на СССР, предизвикало големи промени во секој аспект на животот на луѓето. Религиозноста на населението, како суштински дел од секој културен идентитет, претрпела и динамички трансформации.

Баптистичките цркви често биле напаѓани. Ова се должело на собирите на членовите на црквата без да се регистрираат, според барањето на државата. Секој кој не е регистриран, е изложен на ризик од страна на полицијата. Сепак, не само оние што го прекршуваат законот се третираат грубо[7].

На 2 мај 2017 година, судот во главниот град Астана, го осудил 61-годишен сопруг и татко на тројца синови, Тејмур Ахмедов, член на Јеховините сведоци, на петгодишна затворска казна за вршење мирна библиска едукација. Судот се повикал на неговите напори за проповедање и поттикнување верски раздор и залагање за [верска] супериорност. Освен тоа, судијата исто така наметнал тригодишна забрана за учество на Ахмедов во активностите за проучување на Библијата. Медицинските проблеми на Ахмедов не биле земени предвид и му била одбиена медицинската грижа што му била потребна[8].

По неколку децении потисната култура, луѓето чувствувале голема потреба да го изложат својот етнички идентитет - делумно преку религијата. Квантитативните истражувања покажуваат дека во првите години од воспоставувањето на новите закони, откажувањето од какви било ограничувања на религиозните верувања и прогласување на целосна слобода, земјата доживеала огромен скок во верските активности на своите граѓани. Стотици џамии, синагоги, цркви и други верски објекти биле изградени во рок од неколку години. Сите застапени религии имале корист од зголемениот број на членови и верски објекти. Владата ја поддржала оваа активност и направила се од себе за да обезбеди рамноправност меѓу сите верски организации и нивните следбеници. Меѓутоа, во доцните 1990-ти, се случил мал пад на религиозноста. Нацрт-законот за религиите што се разгледувал во јуни 2008 година предизвикал меѓународна загриженост околу тоа дали постои намера да се исполнат општите стандарди за слобода на религијата и човековите права[9].

Вери[уреди | уреди извор]

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамија во Павлодар, Казахстан

Исламот е најчесто практикуваната религија во Казахстан. Тој бил воведен во регионот во 8 век од страна на Арапите[10]. Традиционално етничките Казаци се сунитски муслимани кои главно го следат Ханифискиот мезхеб[11]. Казаците, вклучувајќи ги и другите етнички групи со муслиманско потекло сочинуваат над 90% од сите муслимани[12]. Јужниот регион на земјата има најголема концентрација на само-идентификувани муслимани.

Христијанството[уреди | уреди извор]

Катедрала на Вознесението во Алмати
Рускиот претседател во посета на православна црква во Астана.

Христијанството во Казахстан е втора најголема религија по исламот. Повеќето христијански граѓани се Руси, а во помал дел и Украинци и Белоруси, кои припаѓаат на Руската Православна Црква. Според националниот попис во 2009 година, приближно 26% од населението на Казахстан се идентификувале како христијанини[13]. 1,5% од населението се Германци, од кои повеќето го следат католицизмот или лутеранството. Исто така постојат и многу Pрезвитеријанци, Јеховини сведоци, Aдвентисти од седмиот ден и Пентекостите[11][14]. Методистите, менонитите и мормоните, исто така, регистрирале цркви[11]. Според пописот од 2009 година, во Казахстан имало 4.214.232 христијани [15]. „Казахстан е чудното јадро на традиционалниот католицизам“, изјавил католичкиот писател Рос Џуџат во 2018 година[16].

Бахајство[уреди | уреди извор]

Бахајството во Казахстан започнало за време на политиката на угнетување на религијата во поранешниот Советски Сојуз. Пред тоа време, Казахстан, како дел од Руското Царство, имал индиректен контакт со бахајството дури во 1847 година[17]. По влезот на мисионерите, заедницата станала најголема верска заедница по исламот и христијанството, иакосочинува само неколку проценти од нацијата[18]. До 1994 година било избрано Националното духовно собрание на Казахстан[19], а заедницата почнала да ги размножува своите напори во разни интереси. Денеска се проценува дека бројот на верници е околу 6.000 лица[20].

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Синагога во Алмати..

Евреите во Казахстан имаат долга историја. Има околу 12.000 до 30.000 Евреи во Казахстан, помалку од 1% од населението. Повеќето казахстански Евреи се Ашкенази и зборуваат руски јазик[11][21].

Хиндуизам[уреди | уреди извор]

Хиндустите во Казахстан се главно од Меѓународното друштво за свесност за Кришна. Индиската заедница во Централна Азија, која се состои од Казахстан, Узбекистан и Туркменистан, брои само 2732 од вкупно 55,5 милиони жители. .

Тенгризам[уреди | уреди извор]

Тенгризмот е религијата од Централна Азија која се карактеризира со шаманизам, анимизам, тотемизам и.т.н. Таа била преовладувачката религија на Турците, Монголите, Унгарците, како и религијата на пет древни држави.

Слобода[уреди | уреди извор]

Казахстан има многу разновидна и стабилна верска припадност. Меѓутоа, некои пријавени случаи на прогон против Харе Кришна и Јеховини сведоци предизвикале загриженост во меѓународната заедница[22][23][24].

Член 22 од Уставот на Република Казахстан вели дека „секој има право на слобода на совеста“. На 18 мај 2011 година, Претседателот на Казахстан донел Указ за формирање на Агенција за верски прашања. Мисијата на Агенцијата е да ја координира интеракцијата меѓу владата, религиозните групи и граѓанското општество со цел да се обезбеди верска слобода во Казахстан[25].

Религија по етничка група[уреди | уреди извор]

Religion by ethnic group[уреди | уреди извор]

Етничка група Ислам Христијанство Јудаизам Будизам Останато Атеизам NA
Вкупно 70.20% 26.32% 0.03% 0.09% 0.02% 2.82% 0.51%
Казаци 98.22% 0.39% 0.02% 0.01% 0.12% 0.98% 0.26%
Руси 1.43% 91.64% 0.04% 0.02% 0.03% 6.09% 0.75%
Узбеци 99.05% 0.39% 0.01% 0.01% 0.02% 0.37% 0.16%
Украинци 0.94% 90.74% 0.03% 0.01% 0.02% 7.31% 0.94%
Ујгури 98.35% 0.51% 0.02% 0.01% 0.03% 0.61% 0.47%
Татари 79.57% 10.24% 0.02% 0.03% 0.06% 8.11% 1.97%
Германци 1.58% 81.59% 0.05% 0.04% 0.11% 13.96% 2.68%
Корејци 5.24% 49.35% 0.21% 11.40% 0.14% 28.51% 5.16%
Турци 99.13% 0.30% 0.01% 0.01% 0.02% 0.33% 0.21%
Азери 94.81% 2.51% 0.02% 0.02% 0.03% 1.86% 0.76%
Белоруси 0.79% 90.16% 0.04% 0.01% 0.03% 7.82% 1.15%
Дунгани 98.93% 0.37% 0.01% 0.03% 0.04% 0.34% 0.28%
Курди 98.28% 0.53% 0.03% 0.02% 0.02% 0.74% 0.38%
Таџици 97.78% 0.91% 0.01% 0.02% 0.08% 0.85% 0.35%
Полјаци 0.69% 90.07% 0.04% 0.01% 0.13% 7.30% 1.76%
Чеченци 93.69% 2.99% 0.02% 0.01% 0.05% 2.08% 1.16%
Киргизи 96.67% 0.89% 0.03% 0.03% 0.02% 1.51% 0.86%
Останати 34.69% 52.32% 0.82% 0.91% 0.13% 8.44% 2.69%

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Archived copy“. архивирано од изворникот на 11 мај 2011 г.. https://web.archive.org/web/20110511000000/http://www.stat.kz/p_perepis/Documents/%D0%9D%D0%B0%D1%86%20%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2.rar. посет. 24 јули 2011 г. 
  2. http://www.pewforum.org/2012/08/09/the-worlds-muslims-unity-and-diversity-1-religious-affiliation/#identity
  3. „Итоги переписи населения Республики Казахстан 2009 года“. архивирано од изворникот на 28 јуни 2010 г.. https://web.archive.org/web/20100628101359/http://www.stat.kz/p_perepis/Pages/n_04_02_10.aspx. посет. 1 јуни 2010 г. . stat.kz. 4 February 2010.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Kazakhstan – International Religious Freedom Report 2010 U.S. Department of State. Retrieved on 13 January 2011.
  5. 5,0 5,1 Religious Situation Review in Kazakhstan Congress of World Religions. Retrieved on 2009-09-07.
  6. Islam in Kazakhstan Retrieved on 2009-09-07.
  7. https://www.opendoorsusa.org/take-action/pray/raids-churches-kazakhstan/
  8. https://www.jw.org/en/news/releases/by-region/kazakhstan/imprisons-ailing-jehovahs-witness-bans-his-worship/
  9. Bayram, Mushfig (10 јуни 2008). „KAZAKHSTAN: Restrictive draft Religion Law to reach full parliament tomorrow“. Forum 18. http://www.forum18.org/Archive.php?article_id=1141. посет. 5 јуни 2009 г. 
  10. „Archived copy“. архивирано од изворникот на 18 септември 2008 г.. https://web.archive.org/web/20080918221154/http://www.hope4astana.com/Beliefs/default.htm. посет. 27 мај 2008 г.  The Beliefs of the Kazakhstan people
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 International Religious Freedom Report 2006 Архивирано 2008-06-22 во Wayback Machine. U.S. Embassy in Astana, Kazakhstan
  12. Estimation based on Kazakh population share of 67% (Итоги 10 дней с 25 февраля по 6 марта[мртва врска]) and 16.3 mln total population according to the preliminary results of the 2009 National Census Архивирано 2009-04-21 во Wayback Machine.
  13. „The results of the national population census in 2009“. Agency of Statistics of the Republic of Kazakhstan. 12 ноември 2010. архивирано од изворникот на 22 јули 2011 г.. https://web.archive.org/web/20110722142449/http://www.eng.stat.kz/news/Pages/n1_12_11_10.aspx. посет. 13 јануари 2011 г. 
  14. „CIA – The World Factbook – Kazakhstan“. The World Factbook. CIA. 14 мај 2009. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/kz.html. посет. 5 јуни 2009 г. 
  15. „Archived copy“. архивирано од изворникот на 11 мај 2011 г.. https://web.archive.org/web/20110511000000/http://www.stat.kz/p_perepis/Documents/%D0%9D%D0%B0%D1%86%20%D1%81%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2.rar. посет. 24 јули 2011 г. 
  16. Douthat, Ross. Interview with Peter Robinson. Uncommon Knowledge. 2018-02-27. Retrieved on 2018-04-30.
  17. Momen, Moojan. „Russia“. Draft for "A Short Encyclopedia of the Bahá'í Faith". Bahá'í Library Online. http://bahai-library.com/momen_encyclopedia_russia. посет. 14 април 2008 г. 
  18. Government of Kazakhstan (2001). „Religious Groups in Kazakhstan“. 2001 Census. Embassy of Kazakhstan to the USA & Canada. архивирано од изворникот на 31 октомври 2006 г.. https://web.archive.org/web/20061031175723/http://www.kazakhembus.com/files/Religious_Groups_in_Kazakhstan.htm. посет. 21 мај 2008 г. 
  19. The Bahá'í Faith: 1844-1963: Information Statistical and Comparative, Including the Achievements of the Ten Year International Bahá'í Teaching & Consolidation Plan 1953-1963, Compiled by Hands of the Cause Residing in the Holy Land, pages 22 and 46.
  20. „Most Baha'i Nations (2005)“. QuickLists > Compare Nations > Religions >. The Association of Religion Data Archives. 2005. http://www.thearda.com/QuickLists/QuickList_40c.asp. посет. 4 јули 2009 г. 
  21. Oreck, Alden. „The Virtual Jewish History Tour – Kazakhstan“. Jewish Virtual Library. http://www.jewishvirtuallibrary.org/jsource/vjw/Kazakhstan.html. посет. 5 јуни 2009 г. 
  22. Corley, Felix (3 април 2007). „KAZAKHSTAN: Officially-inspired intolerance of religious freedom steps up“. Forum 18. http://www.forum18.org/Archive.php?article_id=939. посет. 5 јуни 2009 г. 
  23. Corley, Felix (6 декември 2006). „KAZAKHSTAN: More Hare Krishna home demolitions planned?“. Forum 18. http://www.forum18.org/Archive.php?article_id=895. посет. 5 јуни 2009 г. 
  24. Palace of the Soul: Project Updates Архивирано 2008-03-20 во Wayback Machine.
  25. „Religious Affairs Agency Works to Protect Freedoms, Stop Extremist Ideologies“. http://astanatimes.com/2013/07/religious-affairs-agency-works-to-protect-freedoms-stop-extremist-ideologies/. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]