Религија во Русија
Православното христијанство (руски: Православие Pravoslavije) е најголемата религија во Русија. Верата е сметена за дел од руското "историско наследство" според законот донесен во 1997 година.[1] Руското Православие е најголемата религиозна организација во земјата.[2] Така, 95% од регистрираните православни парохии припаѓаат на Руската православна црква, а има ѝ голем број на помали православни цркви.[3] Сепак, голем дел од православните христијани не ја посетуваат односно не одат на црква редовно.[4] И покрај тоа, црквата е доста почитувана од и на верниците и на неверниците, кои гледаат на тоа како на симбол на руско наследство и култура.[4] Помалите христијански деноминации се верниците на Римокатоличката црква, Ерменската апостолска црква и различни протестантски организации.
Предците на голем дел од денешните Руси го примиле христијанство во 10 век.[4] Околу 100 милиони граѓани се сметаат себеси за православни христијани, кое во процент е околу 70% од вкупниот борј на население во земјата. Сепак црквата тврди дека тој број е околу 80 милиони [5][6]. Исто така, според една анкета која била спроведена од страна на рускиот Центар за истражување на јавното мислење, 63% од испитаниците сметаат себеси за православни верници, 6% од испитаниците за муслимани и помалку од 1% за протестанти, будисти, евреи и слично.[7] Други 12% рекле дека веруваат во Бог, а 16% изјавиле дека се неверници[7].
Денеска, се проценува дека Русија е дом на околу 23 000 000 луѓе од муслиманска вероисповед, од кој само 1 500 000 живеат во Москва.[8][9] Според Православната црква пак, бројот на муслиманските верници е околу 20 000 000, додека пак според официјалниот попис, нивниот број е околу 15 000 000[10]. Во Русија исто така има населено околу 4 000 000 муслимани кои биле раселени во за времето на Советскиот Сојуз.[11] Најголемиот дел од муслиманското население во Идел-Урал, како и во Северен Кавказ, Москва, Санкт Петербург и Западен Сибир[12] .
Будизмот е традиционален за три региони на Руската Федерација: Бурјатија, Тува и Калмикија.[13] Некои жители на сибирски региони и Далечниот Исток, Јакутија, Чукотски, итн, се припадници на помали религиозни организации. Будизмот во Русија започнал да се инкорпорира уште во раните години на 16 век кога руските истражувачи патувале и го испитувале Сибир, што сега е познато под името Руски далечен исток. Исто се смета дека индискиот крал Ашока испратил монаси во дој дел за да го шират будизмот низ целиот свет вклучувајќи го и Сибир. Според последните податоци во Рудија има повеќе извори кои ја прогнозираат бројката на будистите. Но се семта дека тие со помеѓу 0,75%[14] - 1,1% - 1,45%[15] односно од 1.060.333 - 1.555.155 - 2.049.977 верници. Будизмот што се практикува во Русија е Теравада и Тибетски будизам.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Bell, Imogen (2000). Eastern Europe, Russia and Central Asia. Taylor & Francis. ISBN 978-1-85743-137-7. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Religion In Russia“. Embassy of the Russian Federation. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „(руски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на руски]]Сведения о религиозных организациях, зарегистрированных в Российской Федерации По данным Федеральной регистрационной службы“. December 2006. Архивирано од изворникот на 2009-03-25. Посетено на 2007-12-27. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russia“. Архивирано од изворникот на 2008-01-09. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2009-11-07.
- ↑ Russia
- ↑ 7,0 7,1 „Опубликована подробная сравнительная статистика религиозности в России и Польше“. religare.ru. 6 June 2007. Архивирано од изворникот на 2018-12-25. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Fact Box: Muslims In Russia“. Radio Free Europe. Архивирано од изворникот на 2008-03-04. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Page, Jeremy. „The rise of Russian Muslims worries Orthodox Church“. The Times. Архивирано од изворникот на 2011-08-11. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „Predicting a Majority-Muslim Russia“. 2005-08-06.
- ↑ „Russia's Islamic rebirth adds tension“. Financial Times. Архивирано од изворникот на 2007-11-21. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Mainville, Michael (19 ноември 2006). „Russia has a Muslim dilemma“. Page A - 17. San Francisco Chronicle. Архивирано од изворникот на 2012-05-13. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ Nettleton, Steve. „Prayers for Ivolginsky“. CNN. Архивирано од изворникот на 2001-11-22. Посетено на 2007-12-27.
- ↑ „religiousintelligence.co.uk“. Архивирано од изворникот на 2008-04-06. Посетено на 2010-02-20.
- ↑ state.gov
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|