Религија во Јужна Кореја

Од Википедија — слободната енциклопедија














Религија во Јужна Кореја (2015)[1]

  Нерелигиозни, Шаманизам, Конфуцијанство (&1000000000000056900000056,9%)
  Протестантство (&1000000000000019700000019,7%)
  Корејски будизам (&1000000000000015500000015,5%)
  Католици (&100000000000000170000001,7%)
  Останати (&100000000000000620000006,2%)

Религијата во Јужна Кореја се одликува со фактот што според резултатите од пописот од 2015 година, повеќе од половина од населението во Јужна Кореја (56,9%) се изјасниле дека не се поврзани со ниту една религиозна организација[1]. Корејскиот шаманизам (познат и како Синдо) е главна религијата на Корејците. Според истражувањето за 2012 година, само 15% од населението се изјаснило дека не се религиозни во смисла на атеизнот[2]. Од луѓето кои се поврзани со религиозна организација, повеќето се христијани и будисти. Според пописот од 2015 година, 27,6% од населението биле христијани (19,7% се идентификувале како протестанти, 7,9% како римокатолици), а 15,5% биле будисти[1]. Други религии се исламот (130.000 муслимани, главно работници, мигранти од Пакистан и Бангладеш, меѓу кои има и околу 35.000 корејски муслимани[3]), домашна секта на Вон-будизам, конфуцијанство и други. Слободата на религијата е загарантирана со уставот и нема државна религија[4]. Севкупно, помеѓу пописите во 2005 и 2015 година има мало опаѓање на христијанството (до 29% на 27,6%), остар пад на будизмот (од 22,8% на 15,5%) и пораст на неповрзаното население (од 47,2% до 56,9%)[1].

Христијанството е најголемата организирана религија во Јужна Кореја, кое опфаќа повеќе од половина од сите јужнокорејски приврзаници на религиозни организации. Денес во Јужна Кореја има околу 13,5 милиони христијани. Околу две третини од нив припаѓаат на протестантските цркви, а остатокот на Римокатоличката црква.[1]. Бројот на протестанти бил во стагнација во текот на 1990-тите и 2000-тите, но се зголемил на највисоко ниво во текот на 2010 година. Римокатолиците значително се зголемиле помеѓу 1980-тите и 2000-тите, но се намалиле во текот на 2010-те[1]. Христијанството, за разлика од другите источноазиски земји, открило плодна почва за ширење во Кореја во XVIII век, а до крајот на XVIII век убедило голем дел од населението, бидејќи монархијата го поддржувала и ја отворила земјата на раширениот прозелитизам како дел на проектот за Вестернизација. Слабоста на корејскиот шаманизам, кој, за разлика од јапонскиот шинтоизам и кинескиот религиозен систем, никогаш не се развил во национална религија со висок статус[5], во комбинација со осиромашената состојба на корејскиот будизам, оставило слободна рака на христијанските цркви. Сличноста на христијанството со мајчинските религии претставувало друг фактор кој придонел за нејзиниот успех на полуостровот[6]. Јапонската колонизација во првата половина на XX век дополнително ја зацврстило идентификацијата на христијанството со корејскиот национализам, бидејќи Јапонците се обиделе да го воспостават на полуостровот јапонскиот шинтоизам.

Меѓу христијанските деноминации, презвитеријанството е најголемо. Околу девет милиони луѓе припаѓаат на една од стотиците презвитеријански цркви; Најголемите се Презвитеријанска црква ХапДонг, Презвитеријанска црква Тонгахап, Презвитеријанска црква Кошин. Јужна Кореја, исто така, е втора по големина нација која испраќа мисии, по САД[7].

Будизмот бил воведен во Кореја во 4 век[8]. Наскоро станал доминантна религија во југоисточното Кралство Сила, регионот кој дотогаш бил седиште на најсилната концентрација на будистите во Јужна Кореја. Во другите држави од периодот Три кралства, Когурео и Пекче, будизмот бил прогласен за државната религија во 372 и 528 година. Подоцна бил потиснат во поголемиот дел од следната историја под унифицираното царство на Хозеон (1392-1897), кое официјално го усвоил строгиот корејски конфуцијанство. Денес, Јужна Кореја има околу 7 милиони будисти,[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 South Korea National Statistical Office's 19th Population and Housing Census (2015): "Religion organizations' statistics". Retrieved December 20, 2016
  2. WIN-Gallup International: "Global Index of Religiosity and Atheism 2012" Архивирано на 21 октомври 2013 г..
  3. „Korea's Muslims Mark Ramadan“. The Chosun Ilbo. Seoul. September 11, 2008. Архивирано од изворникот на September 13, 2008.
  4. „Constitution of the Republic of Korea“. Constitutional Court of Korea. Архивирано од изворникот на March 23, 2008.
  5. Ogata, Mamoru Billy (1984). A Comparative Study of Church Growth in Korea and Japan: With Special Application to Japan. Fuller Theological Seminary. p. 32 ff.
  6. Kim, Andrew Eungi (Spring–Summer 2000). „Christianity, Shamanism, and Modernization in South Korea“ (PDF). CrossCurrents. New York: Association for Religion and Intellectual Life. Архивирано од изворникот (PDF) на January 10, 2014. Посетено на June 8, 2013.
  7. Moll, Rob (March 1, 2006). „Missions Incredible“. Christianity Today. Carol Stream, IL. Посетено на February 17, 2009.
  8. „Buddhism in Korea“. Korean Buddhism Magazine. Seoul. 1997. Архивирано од изворникот на April 26, 2009. Посетено на February 17, 2009.