Религија во Украина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верници во Украина
Православни
  
50,44 %
Гркокатолици
  
8 %
Автокефална црква
  
7 %
Римокатолици
  
2 %
Протестанти
  
2 %
Муслимани
  
0,5 %
Евреи
  
0,6 %
Други или нерелигиозни околу
  
20 %

Денеска, 50.44% од населението на Украина се приврзаници или верници на Украинската православна црква, околу 8% се католици, 7% приврзаници на Автокефалната украинска црква, 2% на Римокатоличката црква, околу 2% протестанти, 0.63 евреи, 0.5% муслимани итн.

Во текот на својата рана историја, Украина била населена со пагански племиња кои ја практикувале својата религија. Кон крајот на првиот милениум во земјата бил воведен византискиот ритуал. Се претпоставува дека апостол Андреј бил оној кој прв дошол на овие простории да ја проповеда новата религија.

Јудаизмот на просторите на денешна Украина бил присутен пред повеќе од 2000 години, кога еврејските трговци патувале заедно до грчките колонии. Од 13 век еврејското присуство во Украина значително се зголемило. Подоцна во Украина бил основан и Хасидизмот.

Муслиманската религија во Украина се појавила во времето на Златната орда и Отоманското Царство. Кримските Татари го прифатиле исламот во времето на Златнатаљ Орда, а подоцна станале вазали на Отоманското Царство.

Во времето кога била била создадена Украинска ССР и земјата била во составот на СССР, атеистичкиот режим продонел до прогонување на голем број на христијански свештеници. Голем број на цркви биле или рушени или затварени.

Според последната анкета која била спроведена од страна на Центар Рузумков во 2003 година

  • 75% од украинските граѓани одговориле дека "веруваат оти Бог постои ".
  • 21% одговориле дека "тие не веруваат дека постои Бог или некоја друга сила".

Од друга страна пак, 37,4% рекле дека одат редовно во црква. Според податоци од 2006 година, во земјата имало 30.507 регистрирани верски организации, вклучувајќи ги и 29.262 верските заедници. Владата проценува дека има уште околу 1.679 нерегистрирани верски заедници. Повеќе од 90% од религиозно активните граѓани биле христијани односно православни.