Религија во Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Верници во Белорусија
Православни
  
77,4 %
Католици
  
10,4 %
Протестанти
  
0,5 %
Муслимани
  
0,1 %
Други или без вера
  
13 %

Преглед[уреди | уреди извор]

Пред 1917 година, во Белорусија постоеле 2.466 верски заедници, од кои 1.650 православни, 127 римокатолички, 657 Еврејски, 32 протестантски, и неколку муслимански заедници. Во времето на комунистичкиот режим (кои официјално биле атеисти), активностите на овие заедници биле строго ограничени. Многу верски заедници биле уништени и нивните лидери биле или прогонети или затварени; останатите заедници понекогаш се вклучувале во работата на властите но само поради цели нивни, како и во обид да се вметне патриотизам за време на Втората светска војна. [1]

Историја[уреди | уреди извор]

До крајот на 12 век, Европа била поделена на две големи области: западната област со доминација на Римокатолицизмот и источна со доминација на православна Византија. Границата меѓу нив се наоѓала на реката Западен Буг. Оваа област, моментално позната како Белорусија, била една од малкуте каде се водела индиректна војна помеѓу двете цркви.

До 14 век, Руската православна црква станала доминантна во Белорусија. Владислав II, тогашен владетел на Литванија, наредил да се направи сето население во Литванија католичко. Белорусија во тоа време била дел од неговото царство, па веќе во средината на 14 век позициите на католицизмот станале силни во Литванија. Во текот на 16 век започнала кризата во христијанството: Протестантската Реформација во католицизмот и појавата на ерес. Од половината на 16 век започнало ширењето на протестантизмот во Литванската држава.

Статистика[уреди | уреди извор]

Во 1993 година во Белорусија биле објавени бројот на различните верски заедници. Така, во истата година имало 787 православни; 305 Римокатолички; 170 Пентекости; 141 Баптистички;; 70 Апостолски христијанини; 8 Унитари; и.т.н.[1]

Религијата денес[уреди | уреди извор]

Руска православна црква[уреди | уреди извор]

Иако православна црква била забранета и скоро уништена за време на Втората светска војна поради комунистичкиот режим во Белорусија, сепак по паѓањето на комунизмот, во 1990 година во земјата бил назначен Егзарх на Руската Православна Црква, со кое била основана Белоруската православна црква. Во почетокот на 1990 година, 60% од населението се изјасниле како Православни (во 2006 година, сепак, 47,8% од граѓаните веќе се изјасниле како нерелигиозен, па овој број се намалил)[1].

Римски Католицизам[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 1990 година, бројот на католичките верници во Белорусија се движел од 8% до 20%; според една проценка 25% од католиците се Полјаците.[1]

Протестантство[уреди | уреди извор]

Пред Втората светска војна, бројот на протестанти во Белорусија бил доста низок во споредба со другите христијански организации, но од тогаш тој број има забележен раст. Во 1990 година 350 жители на Белорусија се изјасниле како протестанти. [1]

Паганизам[уреди | уреди извор]

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Првите еврејски заедници во Белорусија се појавиле кон крајот на 14 век и истите продолжиле да се зголемуваат до геноцидот во Втората светска војна. Според пописот од 1989 година, во земјата живееле околу 142.000 Евреи, или 1,1 % од населението, од кои многумина оттогаш емигрирале[1].

Ислам[уреди | уреди извор]

Муслиманите во Белорусија ги има во мал број, кои скоро сите се етнички Татари. Некои од овие татари се потомци на емигранти и воени затвореници кои се населиле тука по 11 век. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Jan Zaprudnik and Helen Fedor. "Religion." Belarus (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Fedor, ed. June 1995. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.[1]