Религија во Босна и Херцеговина

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во БиХ
Муслимани
  
45%
Православни
  
36%
Римокатолици
  
15%
Други
  
4%


Уставот на Босна и Херцеговина (БиХ) односно уставот на Федерацијата на Босна и Херцеговина и Република Српска ја обезбедува слободата на религијата преку Законот за верска слобода. Сепак во денешно време сѐ уште постојат определени општествени злоупотреби и дискриминација врз основа на религиозните определби. Дискриминацијата на религиозните малцинства опстојува во скоро сите делови на земјата. Во некои заедници локалните религиозни лидери и политичари придонеле за нетолеранција и зголемување на национализмот преку јавните изјави и проповеди. Голем број на бесправно изградени верски објекти продолжиле да предизвикуваат етнички и религиозни тензии и конфликти во различни заедници. Верски симболи често во земјата биле тема на злоупотреба за политички цели.

Историја[уреди]

До 10 век, поголемиот дел од населението на Босна било паганско, иако Херцеговина го примила христијанството доста порано. Се верува дека првата свештеници биле испратени овде од страна на Рим. Меѓутоа, во првата половина на 10 век, по заземањето на Босна од страна на Србија, таа била потчинета на Цариград. Во 1080 година, во Босна била отворена првата католичка епархија. Во времето кога оваа територија била дел од Византија, повторно поголемиот дел од населението го сочинувале православните христијани.

Првиот турски напад врз босанско земјиште се случил во 1388, а веќе во 1448 година Турските Османлии го зазеле поголемиот дел од централна Босна околу населбата Врхбосна. Во 1463 година се случила една од најголемите битки помеѓу кралот Стефан Томашевиќ и турскиот султан Мехмед II, во која Османлиите издвојувале голема победа. По зазимањето на Босна и Херцеговина од страна на Османлиите започнал процесот на исламизација. Така, во 1520 година, воБосанскиот Санџак 38,7% од вкупното население на земјата било муслиманско.

Во 1624 година, албанскиот свештеник Петер Масаречи напишал дека во Босна живеат околу 150 000 католици, 75 000 православни верници и 450 000 муслимани. По австриската победа над Османлиите, муслиманите од веќе загубените територии на Османлиската империја се населеле на овие простори. По истерувањето на Османлиите од овие простори и воведувањето на австриска власт, според пописот на населението во 1879 година на 42,88% било составено од православни христијани, 38,75% од муслимани, а 18,08% од католици.

Религиозна демографија[уреди]

Муслиманите претставуваат 45% од населението, православните Срби 36%, 15% се римокатолици,, а останатиот процент од околу 4% ги вклучува Евреите и Протестантите. [1] Бошљаците обично се поврзуваат со исламот, босанските Хрвати со Римокатоличката црква, а босанските Срби со Српската православна црква. Еврејската заедница брои околу 1.000 верници.

Стапката на верската толеранција е на релативно ниско ниво помеѓу традиционалните религиозни групи. Но сепак, во некои области постои значително поголема верска почит, како на пример кај Католичките Хрвати во Херцеговина и босанските Муслимани во централна Босна. За голем број босански муслимани, религија често служи како една заедница или етничко име. Како основен фактор за омразата која постои помеѓу христијаните и муслиманите е конфликтот кој траел во периодот од 1992 до 1995 во Босна и Херцеговина.

Етничкото чистење за време на војната од 1992-1995 година предизвикала внатрешна миграција и бегалски струи. Зголемен степен на омраза, кој кулминирал до 2002 година, започнал постепено да опаѓа, оставајќи го поголемиот дел од православните Срби да живеат во Република Српска и мнозинство од муслиманите и католиците во Федерацијата. Сепак, последните години започнало враќањето на раселените лица. Според некои примери, пред војната населението во источна Република Српска односно на градот Братунац се состоело од 64 % Бошњаци. Во 1995 година населението станало речиси целосно Срби; во 2007 година, по враќањето на околу 6.500 Бошњаци, населението на бошњачките верници се зголемило на 38%.

Наводи[уреди]