Религија во Германија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Германија
Протестанти
  
32.31%
Католици
  
31%
Православни
  
1.7%
Муслимани
  
4%
Евреи
  
0.25%
Други
  
1.2%
Атеисти/нерелигиозни
  
30%

Христијанството е најголема религија во Германија, со 54.765.265 верници (67,07%), според податоци од крајот на 2006 година.[1][2] Втората најголема религија е исламот, со 3.300 000 верници (4%)[1], а помали религиозни организации се Будизмот и Јудаизмот.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Христијанството е најголема религија во Германија, [1]. Протестантската Евангелистичка црква (особено на север) ја сочинуваа 30,2% од вкупниот број на население, Римокатоличката црква (особено на југ и запад) го сочинуваат 31.0% од населението [1]. Како резултат на тоа, мнозинството од германскиот народ припаѓаат на христијанска заедница, иако многумина од нив ги нема во активната улога на црковниот живот. 1,7% од населението се православни христијани [1].

Независни и соборни цркви постојат во сите поголеми градови, но повеќето такви цркви се мали. Еден од нив е Независната Евангелистичка Лутеранска Црква.

Римокатолизмот бил основаната христијанска религија во земјата во 15 век, но процентот драстично бил променет по Реформацијата. Мартин Лутер во 1517 ја предизвикал Католичката црква нарекувајќи ја црква на корупција. Преку ова, тој ја сменил картата на европската и светската историја формирајќи го протестантизмот.

Ислам[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ислам во Германија.

Почнувајќи од 2006 година, според американскиот Стејт департмент, околу 3,2 милиони муслимани (главно од турско потекло) живеат во Германија. Оваа бројка ги вклучува различните вероисповеди на исламот, како и религиите кои се сметаат дека се форми на исламот.

Поради миграција на работна сила во 1960-тите и неколку бранови на политичките бегалци од 1970 година, исламот станала видлива религија во Германија. Според податоци од 2009 година, во Германија има околу 4.3 милиони муслимани (5.4% од населението). Од нив, 1,9 милиони се германски државјани (2.4%) [3]. Почнувајќи од 2006 година, околу 15.000 турци земале германско државјанство. [4]

Исламот е религија на најголемото малцинство во земјата, признаена од христијанските верски заедници. Огромно мнозинство на муслиманите во Германија се од турско потекло (63,2%), проследено со помали групи кои потекнуваат од Пакистан, земјите од поранешна Југославија, Иран и Авганистан. Повеќето муслимани живеат во Берлин и во поголемите градови од поранешна Западна Германија. Поради недостигот на работна сила имиграција пред 1989 година била зачестена, но сепак имало мал број на муслимани и во поранешна Источна Германија. Мнозинство на муслиманите во Германија се сунити, коколу 75%, а околу 7% се припадници на шиитската исламска организација, која главно потекнува од Иран.

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Денес во Германија, особено во нејзиниот главен град Берлин, има најбрз раст на Еврејската заедница во светот. Околу 9.000 Евреи по потекло од поранешниот Источен блок, претежно од поранешниот Советски Сојуз, се населиле во Германија по падот на Берлинскиот ѕид. Низ историјата, односно пред доаѓањето на нацизмот на власт во Германија, бројот на евреи кои живееле во Германија бил околу 600.000. Денеска, тој број се намалил односно вкупниот процент на евреи е 0.25%.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Religionen in Deutschland - Mitglieder und Anhänger .::. REMID
  2. This percentage approximates CIA Factbook, 2009, which states that 68% of Germany is Christian
  3. http://www.dw-world.de/dw/article/0,,4419533,00.html
  4. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/3997.htm