Религија во Црна Гора
Црна Гора е мултирелигиозна земја. Иако православното христијанство е доминантна религија, постојат и многубројни приврзаници на исламот и католизмот. Доминантни цркви се Црногорската Православна Црква и Српската православна црква. Според уставот на Црна Гора, религијата е одвоена од државата и Црна Гора ја гарантира слободата за верска припадност.
Христијанство[уреди | уреди извор]
Православие[уреди | уреди извор]
Православното христијанство е доминантна религија во Црна Гора. Приврзаниците на православното христијанство во Црна Гора се претежно Црногорците и Србите. Додека Србите се приврзаници на Српската православна црква и нејзината епархија во Црна Гора, Црногорците се поделени меѓу Српската православна црква и Црногорската православна црква (која не е канонски признаена).
Католизам[уреди | уреди извор]
Католичкото христијанството е најмногу присутно во регионот на Бока Которска, каде што има значително присуство на етничките Хрвати. Исто така, поголем број на етничките Албанци се верници на Католичкото христијанството.
Ислам[уреди | уреди извор]
Муслиманите го формираат најголемото религиозно малцинство во земјата. Во Црна Гора има околу 118.477 муслимани или 19,11% од вкупното население[1]. Тие се поделени во овие основни групи: Словенска, поделени меѓу босанските муслимани-Бошњаци и словенските муслимани, и етничките Албанци. Исламот е доминантна религија во северниот дел на општините.
- ↑ 1,0 1,1 Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Crnoj Gori 2011. godine, CRNA GORA ZAVOD ZA STATISTIKU, Podgorica, 12. 07. 2011. godine