Религија во Норвешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Верници во Норвешка
Протестанти
  
83%
Римокатолици околу
  
1.8%
Муслимани
  
1.8%
Евреи
  
0.5%
Хиндуисти
  
0.5%
Други околу
  
12%

Религија во Норвешка е претежно протестантска (Евангелско-Лутеранска), со 82,7% од вкупниот број на населението на Норвешка. [1]Раните Норвежани, како и сите народи на Скандинавија, биле многубожници верувајќи во Нордиската митологија. Благодарение на напорите на христијанските мисионери, Норвешка била постепено христијанизирана. Тој процес започнал некаде во 1000 година, а завршил во околу 1150 година. Пред реформацијата, Норвежаните биле дел од Римокатоличката црква, но по 1536 година тие го примиле протестантството.

Исламот е втората најголема религија. Главната причина се гледа поради миграцијата во последните неколку години. Сепак, според пописите, во земјата живеат и голем број на нерелигиозни верници.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005[2]

  • 32% од норвешките граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои".
  • 47% одговориле дека "веруваат во некоја друга надприродна сила".
  • 17% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".
  • 4% одговориле дека "не знаат".

Наводи[уреди]