Винченцо Монтела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Винченцо Монтела
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1974(1974-06-18)(49 г.)
Роден во Касетло ди Чистерна, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001720000001,72 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1990-1995 Емполи Емполи 51 (27)
1995-1996 Џенова Џенова 34 (21)
1996-1999 Сампдорија Сампдорија 83 (54)
1999-2009 Рома Рома 194 (83)
2007Фулам Фулам 10 (3)
2007-2008Сампдорија Сампдорија 13 (4)
Репрезентација
1999-2005  Италија 20 (3)
Раководител на екипите
2011 Рома Рома (в.д.)
2011–2012 Катанија Катанија
2012–2015 Фјорентина Фјорентина
2015–2016 Сампдорија Сампдорија
2016–2017 Милан Милан
2017–2019 Севиља Севиља
2019- Фјорентина Фјорентина
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Винченцо Монтела (роден на 18 јуни 1974 година во Кастело ди Цистерна) — поранешен италијански фудбалер и моментален тренер на Фјорентина‎.

Монтела за време на неговата играчка кариера беше познат и по својот прекар авиончето (L'Aeroplanino), по начинот на кој ги прославувал својте голови што бил негов заштитен знак, раширувајќи ги рацете како крила на авион додека трчал кон навивачите на неговите екипи. Тој бил познат како брз напаѓач и all round играч, со одлични пасови за играчите околу себе и фасцинантни дриблинг вештини.

Играчка кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Монтела ја започнал неговата клупска кариерата во Серија Ц1 како играч на Емполи во 1990 година пред да се пресели во Серија Б клубот Џенова во 1995 година, каде што постигнал 21 гола во неговата единствена сезона во клубот. Тој потоа се преселил во Серија А каде потпишал за градскиот соперник на Џенова, Сампдорија и останал во клубот три години. Монтела го направил своето деби во Серија А на 8 септември 1996 година, против Перуџа.

Во 1999 година тој преминал во тимот на Рома за трансфер вреден 25 милиони.

Рома[уреди | уреди извор]

Во времето кога тренер на Рома бил Зденек Земан, тој сакал да го доведе Монтела со цел да го предводи нападот на Рома, но истата година во Рома, исто така, дошол и нов тренер, Фабио Капело, кои е познат по тоа што не претпочита ниски напаѓачи. И покрај ова, во текот на сезоната 1999-00, Монтела играл редовно и постигнал 18 гола, со кој бил прв стрелец на Џалоросите. Следната година, во Рома доаѓа нов напаѓач, аргентинската ѕвезда Габриел Батистута од Фиорентина, и со тоа се Капело го добил високиот напаѓач кој му бил потребен за да направи одличен тандем во предни позиции.

Во тимот дошло и до контроверзност меѓу двајцата напаѓачи во однос на тоа кој ќе го носи дресот со # 9, кој бил омилениот на двајцата играчи. На крајот Батистута го избрал # 18. За карток период популарниот "Батигол" станал прв избор на тренерот, па Монтела станал втора опција во нападот, а често бил и во позиција на замена. Сепак, тој набрзо бил вратен во почетниот тим како партнер на Батистута во нападот и бил еден играчите со најголем придонес за третото Скудето на Рома во сезоната 2000-01 и постигна многу важни голови за тимот. Со 14 гола во првенството тој завршил како втор клупски стрелец зад Батистута кој постигнал 20.

Во наредните сезони Монтела и натаму бил во немилост на Капело во следните и во март 2002 година тој јавно го изразил незадоволството "Јас имам големи очекувања дека во клубот конечно ќе дојде друг тренер". На 10 март 2002 тој постигнал четири гола во победата од 5-1 над Лацио во римското дерби. Неговите четири гола сè уште остануваат рекорд на постигнати голови од страна на еден играч во ова дерби. 2003 година Монтела преживува лош период откако најпрво се развел од својата поранешна сопруга како и пропуштањето на голем број на натпревари поради серија на повреди. За време на сезоната 2003-04 тој одиграл 11 лигашки натпревари, во кој постигнал само 5 гола. По тоа многу фудбалски критичари почнале да сметаат дека неговата кариера полека гасне.

За време на сезоната 2004-05 Фабио Капело конечно заминал од Рома и бил назначен за нов тренер на Јувентус, а Монтела ги демантирал сите кој загубиле доверба во него постигнувајќи 23 гола, во катастрофалната сезона на римската волчица. Набрзо тој заработил нов договор во траење до 30 јуни 2010 година. Во сезоната 2005-06 тој повторно се мачел со повреди. Бил подложен на операција на грбот и на рамото, кој го ограничиле на само дванаесет натшревари во сезоната. Во јануари 2007 година, за време на сезоната 2006-07 бил позајмен на Фулам, бидејќи Франческо Тоти бил единствениот избор во нападот во 4-2-3-1 формацијата на Лучано Спалети.

Тој го одиграл својот последен натпревар за Џалоросите на 23 декември 2006 година пред да замине на позајмица во Англија.

Подоцнежните години во кариерата[уреди | уреди извор]

Тој му се приклучил на Фулам на шест месечен заем на 4 јануари 2007 година и го добил дресот со број 11. Тој постигнал два гола против Лестер Сити на неговото деби пред домашната публика во ФА Купот. Тој реализирал повторно на 27 јануари во истата конкуренција против Стоук Сити.

На 13 јануари 2007 година тој го направил своето деби во Премиер лигата против Вест Хем Јунајтед. Седум дена подоцна тој го постигнал својот прв погодок во Премиер лигата против Тотенхем на Крејвен Котиџ, прецизно реализирајќи го пеналот. Тој, исто така, постигнал гол и против Блекбурн Роверс во ремито 1-1. Монтела многу брзо станал популарен меѓу навивачите на Фулам и ја покажал својата благодарност изјавувајќи дека го чувствува Крејвен Котиџ како дома. Сепак, тој почнал помалку да игра под менаџерската палка на Крис Колман, и покрај неколку јавни апели кон него. По отказот на Колман, Монтела започнал само два натпревари под водство на замена менаџерот Лори Санчес. Монтела навестил дека би сакал да се врати во Рома по завршувањето на сезоната 06-07 сезона. Заемот подоцна бил прекинат од страна на Санчес на 8 мај 2007 година, една недела пред неговиот договорен крај.

Тој бил позајмен на Сампдорија за сезоната 2007-08. Бруно Конти го вратил Монтела назад во Рома во сезоната 2008-09, откако Амантино Мансини заминал од клубот. Монтела го зел број 23 кога се вратил; поради тоа што Вучиниќ го задржал бројот 9 на својот дрес, број што порано му припаѓал на Монтела, па така тој ја избрал 23-ката.

Монтела добивал можност да игра само како замена одигрувајќи 12 натпревари за римската волчица во сезоната 2008-09. Тој го одиграл својот последен натпревар на 16 мај 2009 година.

Во дресот на Рома тој одиграл вкупно 251 натпревар во 8 години постигнувајќи 102 гола во сите конкуренции, со што станал четврти најдобар стрелец на Рома во историјата.

На 2 јули 2009 година, Монтела го најавил своето пензионирање од професионалниот фудбал како играч.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Монтела дебитирал во репрезентацијата на Италија против Велс на 5 јуни 1999 година, а бил дел и од селекциите кој настапиле на Европското првенство 2000 и Светското првенство 2002. Монтела одиграл точно 20 натпревари на репрезентативно ниво.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

Рома[уреди | уреди извор]

Винченцо Монтела како тренер на Рома во 2010 година

Монтела потпишал тригодишен договор со Рома како прв тренер на младинскиот тим Giovanissimi Nazionali (на возраст под-15 години)[1].

На 21 февруари 2011 тој бил назначен за привремен тренер на првиот тим за остатокот од сезоната, преземајќи ја оваа улога по оставката на Клаудио Раниери[2][3].

На 23 февруари 2011 во својот прв натпревар во Серија А, како тренер на Рома тој забележал победа на гостувањето кај Болоња со 1-0[4].

На 8 март 2011 година во неговото деби во Лигата на шампионите, Рома биле катастрофално поразени нагостувањето кај Шахтјор Донецк со 3-0[5]. Монтела ја завршил сезоната како тренер на Рома водејќи го клубот до шестото место на табелата во лигата, а тој потоа бил ослободен откако новите клупски сопственици предводени од американскиот стопанственик Томас Р. ДиБенедето одлучиле да го назначат Луис Енрике како постојан тренер за сезоната 2011-12.

Катанија[уреди | уреди извор]

На 9 јуни 2011 година, само неколку дена откако беше ослободен од страна на раководството на Рома, Монтела беше најавен како нов шеф на Катанија[6]. Тој потпишал двегодишен договор со клубот од Источна Сицилија. Монтела ја предводи Катанија до средината на табелата и на крајот тие финиширале пред сицилијанските соперници Палермо за првпат во последните осум години; до крајот на сезоната, тој бил силно поврзуван со враќање во Рома како и кандидат за слободното работно место во Фиорентина. Монтела ја напуштил Катанија по заемна согласност на 4 јуни 2012 година, по само една сезона на чело на тимот[7].

Фјорентина[уреди | уреди извор]

Винченцо Монтела како тренер на Фјорентина во 2012 година

На 11 јуни 2012 од фудбалскиот клуб Фиорентина објавиле преку нивното официјално мрежно место дека Винченцо Монтела потпишал две-годишен договор со тосканците и дека ќе биде новиот тренер на клубот (подоцна продолжен до јуни 2017 година)[8]. Пристигнувањето на Монтела доживеало голем пресврт на тимот кој се засилил со 17 фудбалери. Фиорентина ја завршила сезоната 2012-13 на четвртото место, пропуштајќи го местото на Лигата на шампионите на ФК Милан на последниот ден од сезоната[9].

Во својата втора сезона, Монтела ја предводел Фиорентина до финалето на Купот на Италија во 2014, но биле поразени со 3-1 од Наполи[10], додека тимот повторно ја завршил сезоната на четвртото место. Во својата трета сезона Монтела му помогнал на Фиорентина да стигне до полуфиналето на Лигата на Европа 2014-15, каде што биле елиминирани од ФК Севиља. Фиорентина ја завршила сезоната на четвртото место на третата последователна сезона. На 8 јуни, тој бил разрешен како тренер на Фиорентина[11].

Сампдорија[уреди | уреди извор]

На 15 ноември 2015 година, раководството на ФК Сампдорија објавило дека Монтела е назначен за нов тренер.[12]. На 28 јуни 2016 година, Монтела го напуштил клубот за да пристапи во ФК Милан[13].

Милан[уреди | уреди извор]

На 28 јуни 2016 година, Милан го најавил Монтела како нов тренер со договор, почнувајќи од 1 јули. Тој потпишал двегодишен договор, наводно, во вредност од 2,3 милиони евра годишно, додека Сампдорија му исплатил 500.000 евра како надомест за ослободување од неговиот договор[14][15]. На 23 декември Монтела ги предводел „Росонерите“ во својата прва титула уште од 2011 година, освојувајќи го Суперкупот на Италија, победувајќи го Јувентус со 4:3 во пенали по 1-1 по дополнителното време[16][17]. Со завршница од 6 место во лигата, неговата прва сезона како главен тренер на клубот, Монтела го довел Милан да се квалификува за третата рунда на квалификациската фаза на УЕФА Лига Европа, која го одбележува враќањето на Милан на европските турнири за првпат од февруари 2014 година[18]. На 30 мај 2017 година, тој потпиша нов договор до 2019 година[19].

По некои лоши резултати во лигата на почетокот на сезоната 2017-18 Серија А, Монтела на крајот бил отпуштен од Милан на 27 ноември 2017 година[20], по домашниот нерешен резултат против Торино еден ден претходно. Џенаро Гатузо станал нов тренер на Милан[20][21].

Севиља[уреди | уреди извор]

На 28 декември 2017 година, шпанскиот клуб Севиља го објавил назначувањето на Монтела како замена на отпуштениот тренер Едуардо Берисо, за договор кој ќе трае до средината на 2019 година[22][23].

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „A.S. Roma-Vincenzo Montella“ (PDF) (италијански). A.S. Roma. 2 July 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на June 8, 2012. Посетено на 1 September 2016.
  2. „La Roma ha scelto Panchina a Montella“. La Repubblica (италијански). 21 February 2011. Посетено на 21 February 2011.
  3. „Montella scuote la Roma "Ascolto, ma poi scelgo io" (италијански). gazzetta.it. 21 February 2011. Посетено на 21 February 2011.
  4. „Prima gioia per Montella, De Rossi abbatte il Bologna“. La Gazzetta dello Sport (италијански). 23 February 2011. Посетено на 13 October 2011.
  5. „Roma fuori di testa“. Il Tempo (италијански). 11 March 2011. Архивирано од изворникот на 2016-01-10. Посетено на 17 December 2015..
  6. „Vincenzo Montella è il nuovo allenatore del Catania – Venerdì 10 јуни alle 16.30 la presentazione“ (италијански). Calcio Catania. 9 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 27 јули 2011. Посетено на 4 декември 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  7. „Vincenzo Montella: 'Grazie, Catania“ [Vincenzo Montella: 'Thanks, Catania'] (италијански). Calcio Catania. 4 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 4 август 2012. Посетено на 4 декември 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  8. „Vincenzo Montella is the new Fiorentina coach“. Footballcracy. 11 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 23 јануари 2013. Посетено на 4 декември 2013.
  9. „Italy cries foul over penalty that helped Milan into Champions League“. The Guardian. 20 May 2013. Посетено на 3 May 2014.
  10. „Coppa Italia final: Rafael Benitez's Napoli beat Fiorentina 3-1“. BBC Sport. 3 May 2014. Посетено на 3 May 2014.
  11. „Vincenzo Montella sacked as Fiorentina head coach“. BBC. 8 June 2015. Посетено на 8 June 2015.
  12. „Sampdoria announce Montella“. Football Italia. 15 November 2015. Посетено на 17 December 2015.
  13. „Montella: 'Thank you, Sampdoria' - Football Italia“. www.football-italia.net. Архивирано од изворникот на 2016-08-08. Посетено на 2017-12-30.
  14. „AC MILAN MONTELLA BROCCHI | News“. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2016. Посетено на 28 јуни 2016.
  15. „Milan: "Montella, benvenuto". Firma un biennale da 2,3 milioni“. Посетено на 2016-06-28.
  16. „Milan beat Juve in Super Cup shoot-out“. Football Italia. 23 December 2016. Архивирано од изворникот на 2016-12-23. Посетено на 24 December 2016.
  17. Sumeet Paul (23 December 2016). „Milan beat Juventus in Super Cup as Donnarumma, Suso lead the charge“. ESPN FC. Посетено на 24 December 2016.
  18. Sumeet Paul (2017-05-24). „Getting back to Europe should be seen as a big achievement for AC Milan | News“. ESPN FC. Посетено на 2017-08-20.
  19. „MONTELLA AND AC MILAN TOGETHER THROUGH TO 2019“. Посетено на 2017-09-26.
  20. 20,0 20,1 „Vincenzo Montella leaves AC Milan; Gennaro Gattuso placed in charge“. ESPN FC. ESPN. 27 November 2017. Посетено на 27 November 2017.
  21. „Vincenzo Montella: AC Milan sack coach & place Gennaro Gattuso in charge“. BBC Sport. 27 November 2017. Посетено на 28 November 2017.
  22. Guevara, Rocío (28 December 2017). „Montella joins Sevilla until 2019“. Marca. Преведено од Hanlon, Tim. Unidad Editorial. Посетено на 28 December 2017.
  23. Sevilla F.C. (28 декември 2017). "PRINCIPIO DE ACUERDO CON MONTELLA PARA DIRIGIR AL SEVILLA FC" (на es). Соопштение за печат.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]