20000 милји под морето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дваесет илјади милји под морето
20000 title 0a.jpg
Front page of Vingt mille lieues sous les mers
АвторЖил Верн
Наслов на
оригиналот
Vingt mille lieues sous les mers
ПреведувачMercier Lewis
ИлустраторAlphonse de Neuville
and Édouard Riou[се бара извор]
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
СеријалНеобичните патувања #6
ЖанрНаучна Фантастика, авантуристички роман
ИздавачПјер Џулс Хертзел
Издадена
1870
МедиумПечатено (Тврда корица)
ПретходнаПотрага по одметниците 
СледнаОколу месечината 

Дваесет илјади мијли под морето (француски: Vingt mille lieues sous les mers) е научно-фантастичен роман на францускиот писател Жил Верн од 1870. Во романот се раскажува за Капетан Немо и неговата подморница Наутилус.

Наслов[уреди | уреди извор]

Насловот на книгата се однесува на должината на патувањето на подморницата во океанот, а не на длабочината, затоа што 20 000 милји претставуваат растојание кое е четири пати поголемо од пречникот на Земјата, т.е. не постои океан со длабочина од 20 000 милји. Во книгата, една милја претставува четири километри.[1] Иако во насловот на книгата се зборува за море, сепак се мисли на океан.

Структура[уреди | уреди извор]

Романот ги содржи следниве поглавја:[2]

  • Подвижна карпа
  • Во потрага по морското чудовиште
  • Загатката се објаснува
  • Таинствениот заповедник на чудниот брод
  • Царството на електриката
  • Патување низ морските длабочини
  • Прошетка по морското дно
  • Поминуваат денови, недели
  • Дивјаците доаѓаат
  • Нов предлог на капетанот Немо
  • Лов на бисерни школки
  • Подземната провлака
  • На „Наутилус“ е убаво, но...
  • Исчезнатиот континент
  • Атлантида
  • Под ледените карпи
  • Во заледен оклоп
  • Борба со октоподи
  • Одмазда
  • Бегство

Содржина[уреди | уреди извор]

Насловната страница на изданието од 1871 година

Приказната започнува во 1866 година, кога се шират вестите за непознато морско чудовиште кое го забележуваат бродови од различни земји, но набрзо престанува да се зборува за тоа. Тогаш, на 5 март 1867 година, бродот „Моравија“ удира во непозната карпа, но успева да се спаси, а на 13 април, бродот „Скотија“, исто така, удира во непознат остар предмет, а при проверката на штетата се утврдува голема дубка на трупот на бродот во форма на триаголник. Во тоа време, под притисокот на јавноста, владата на САД испраќа експедиција на бродот „Абрахам Линколн“ со задача да го пронајде чудовиштето. Министерот на морнарицата го кани францускиот зоолог, ботаничар и минералог, проф. Аноракс (кој е раскажувачот во книгата), да се приклучи на експедицијата, а тој ја прифаќа понудата. Со бродот раководи капетанот Фарагат, а еден од членовите на екипажот е морнарот Нед Ленд, искусен ловец на китови. По долга пловидба, Ленд го здогледува чудовиштето кое испливало на површината и се упатило кон бродот. Капетанот дава наредба за борба и бродот го напаѓа чудовиштето, но топовските ѓулиња само се лизгаат по неговата површина, а тоа испушта два водени млаза и го потопува бродот. Професорот Аноракс, неговиот помошник Консеј и Ленд стапуваат на грбот на чудовиштето и откриваат дека тоа е метално. Тогаш, од него излегуваат луѓе кои ги внесуваат тројцата внатре, а професорот сфаќа дека се работи за подморница. Набргу, тие се запознаваат со капетанот Немо, кој им понудил да му се придружат по цена да се откажат од претходниот живот, од роднините и од пријателите за да не ја откријат неговата тајна. . По долго двоумење, тројцата гости ја прифаќаат понудата. Капетанот Немо им кажува дека живее на подморницата Наутилус, целосно изолиран од светот, а потоа им ја покажува нејзината внатрешност: таа има голема библиотека, музеј со богата збирка, современ систем на електрика итн.

Потоа се раскажува за патувањето со подморницата на различни места низ океаните, некои реални, а некои измислени: од Црвеното Море преку Антарктикот до потонатата Атлантида, а професорот Аноракс е воодушевен од многубројните откритија за морскиот свет. Во една прилика, кога Ленд ќе посака да јаде месо, тие заминуваат со чун на еден остров, каде ги напаѓаат дивјаци. Една ноќ, капетанот Немо и тројцата гости ловат школки на морското дно при што ги истражуваат морските пештери и среќаваат непознати суштества. Сепак, наспроти убавите доживувања, Аноракс и Ленд се договараат како да избегаат од подморницата. При една пловидба, „Наутилус“ доживува незгода, кога заглавува под дебелиот морски мраз и дури следното утро успева да се ослободи. Тогаш, тие откриваат дека се наоѓаат на Јужниот пол. Вечерта, врз подморницата се превртува цела ледена планина и таа останува заробена под мразот, но повторно успева да излезе на површината. По неколку дена, капетанот Немо соопштува дека се заглавени од дебелиот слој мраз, а професорот Аноракс е исплашен од опасноста засекогаш да останат во морските длабочини. Сепак, по долга борба, подморницата се извлекува, но набргу пак налетува на неволја, кога ја напаѓа непознат брод од земјата од која бил прогонет капетанот Немо. Наспроти противењето на Аноракс, Немо наредува напад на бродот, кој е уништен и потонува со екипажот. Потоа, Немо паѓа во депресија и ја остава подморницата да скита низ океанот, така што таа доаѓа до брегот на Норвешка, каде останува заглавена во опасен вртлог. Аноракс, Консеј и Ленд решаваат да побегнат на еден чун, но Аноракс се онесвестува, а подоцна се буди во колиба, заедно со своите двајца пријатели. Притоа, Аноракс верува дека подморницата „Наутилус“ испеала да се извлече од вртлогот, но судбината на Капетанот Немо и на „Наутилус“ останува непозната.[2]

Теми и поттекст[уреди | уреди извор]

Патувањето на Наутилус низ Пацификот
Патувањето на Наутилус низ Атлантикот

Името на капетанот Немо алудира на ХомероватаОдисеја“. Во „Одисејата“, Одисеј се среќава со чудовиштето киклоп, кое што се вика Полимефис. Киклопот го прашува Одисеј за неговото име, а тој одговара дека се вика Утис, кое се преведува како „Никој“ или „Ништо“. На латински јазик, Одисеј е псевдоним за Немо, што, исто така, на латински се преведува и како „Никој“ или „Ништо“. Слично како Немо, и Одисеј е прогонат да патува по морињата. Исто така, има и други упатувања на некои од француските научници, како: Метју Фонтејн Маури, Жан Франсоа де Галуп, Жил Димон Дирвил и Фердинанд Лесепс, кои биле истражувачи и научници.

Во неколку делови од книгата, капетанот Немо е прикажан како добар човек, кој им помага на некои Грци да ја отфрлат Отоманската власт, со што му докажува на Арно дека не ги загубил сите човечки особини. Исто така, тој се сожалува на еден Индијанец, кој нурка без никаква опрема, па затоа, Немо му дава опрема и цела торба полна со бисери, и тоа многу повеќе отколку тој што имал.

Некои од идеите на Верн, како што била идејата за тогаш непостоечките подморници биле предвидувања на откритијата кои ги направило човештвото дури подоцна, како на пример, големата брзина и тајниот начин на напад на денешните нуклеарни подморници и потребата да излегуваат на површина за свеж воздух. Но сепак, Верн ја опишал „Наутилус“ како подморница која може да оди во најголемите длабочини на океанот, нешто што денес сè уште не е можно, поради огромниот притисок на водата.

Модел на подморница од Француската морнарица Плонгер од 1863 во морнаричкиот музеј, Париз.
Наутилус замислена од Жил Верн.

Верн го одбрал името „Наутилус“ според една од најраните успешни подморници, изработени во 1800 година од Роберт Фултон, кој подоцна го измислил првиот пароброд. Три години пред пишувањето на романот, Жил Верн јго проучувал моделот на новопроизведената Француска подморница Плонгер и таа била инспирација за „Наутилиус“. Во чест на измислената подморница од Верн, првата подморница на нуклеарен погон на американската морнарица била наречена „Наутилус (ССН-571)“.

Верн е, исто така, заслужен за прикажувањето на воените способности на подморницата, посебно со заканата која ја претставува за кралската флота, составена од воени бродови. Замисленото потонување на брод од страна на Наутилус било направено и во реалниот свет, во истите води како што тоа го замислил Верн, од страна на германските подморници за време на двете светски војни.

Апаратите за дишење користени од нуркачите на Наутилус се прикажани како напредна верзија на апартите за дишење направени од Беноа Рокарол и Аугуст Денароуз во 1865 година. Тие дизајнирале апарат за нуркање, составен од боца за воздух која доставувала воздух преку првиот познат регулатор за нуркање.[3][3][4] Оваа направа била наречена аéрохоре (што во превод од грчки значи „воздушен носач“).[3]

Во следната книга на Верн Мистериозниот Остров се кажува дека Немо е потомок на Султанот Типу, муслимански водач од Кралство Мисори, кој успеал да го одбрани кралството од нападот на Британската источноиндиска компанија. Немо почнал со животот под морето по задушувањето на Индискиот бунт во 1863 година, во кој неговите блиски риднини биле убиени од Британците. Поради тоа што Франција во тоа време била сојузник на Русија, гневот на Немо бил префрлен на францускиот стар непријател Англија.

Националното потекло на капетанот Немо било сменето неколкупати во филмовите и речиси во сите од нив Немо бил претставен како Европеец. Тој бил претставен како Индиец од страна Омар Шариф во мини-серијата Мистериозниот Остров од 1973 година. Исто така, Немо бил прикажан како Индиец и во книгата и немиот филм Лигата на посебни господини од 1916 година. Во филмот на Волт Дизни 20000 милји под морето од 1954 година, Немо е претставен како Европеец, гневен поради мачењето до смрт на неговата жена и неговиот син во еден затвор на Рура Пенте и тоа е причината поради која Немо ги потонува другите воени бродови. Во ова верзија на филмот, тој е претставен од англискиот глумец Џејмс Мејсон, со англиски акцент и без никакво спомнување на какви било индиски врски.

Слични теми во подоцнешните книги[уреди | уреди извор]

Верн напишал продолжение на „20.000 милји под морето“, а тоа е „Мистериозниот остров“ од 1874 година и со тоа ја завршил приказната започната во „20.000 милји под морето“. Верн се вратил на темата за одметник-капетан на подморница во книгата Соочување со знамето, во која главниот негативен лик Кер Карај е потполно безмилосен пират и делува само за сопствените интереси, целосно лишен од секакви добри намери. Како Немо, и Кер е домаќин на непосакани Француски гости, но за разлика од Немо, кој успева да ги избегне сите прогонувачи, Кер е фатен од една меѓународна воена едниицна. Иако оваа книга е преведена на бројни јазици, таа никогаш не остварила толкава популарност колку '„20.000 милји под морето“'.

Англиски преводи[уреди | уреди извор]

Новелата првпат била преведена на англиски јазик во 1873 година од свештеникот Луис Пејџ Мерсиер. Притоа, Мерсиер изоставил речиси четвртина од оригиналниот текст на Верн и направил многу грешки во преведувањето, понекогаш драматично менувајќи го значењто на оригиналната замисла на Верн. Некои од овие отстапувања можеби биле направени поради политички причини, како што биле идентитетот и потеклото на двата брода што ги потопил Немо, или портретите на борците за слобода на ѕидот од неговата кабина, меѓу кои бил и Даниел О'Конел.[5] Без разлика, овој превод останал стандарден англиски превод во текот на повеќе од 100 години и другите преведувања продолжувале да ги прават истите грешки.

Во 1998 година, Вилиам Бучер издал нов, дополнителен превод од оригиналниот Француски, објавен од Универзитетот Оксфорд (Oxford University Press), со наслов 20.000 милји под морињата. Тој дава детални податоци, продолжена библиографија, додатоци и широк вовед за романот, од литературна перспектива.

Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]

Романот „20.000 милји под морето“ е повеќепати објавуван и на македонски јазик:

  • Издание на „Наша книга“ од 1970 година. Книгата била задолжителна лектира за шесто одделение во основното образование. Книгата има 106 страници и не е каталогизирана, ниту ја има меѓународната ознака ISBN. Таа била отпечатена во печатницата на „Наша книга“, во тираж од 10.000 примероци. Во книгата не е наведен преведувачот, корицата на книгата е дело на Младен Туниќ, а коректурата ја направил Киро Петров. По главниот текст се наоѓа непотпишана белешка за авторот.[6]
  • Издание на „Македонска книга“ и „Наша книга“ од 1975 година, во превод на Димитар Каранфиловски. Книгата била задолжителна лектира за шесто одделение во основното образование. Книгата има 109 страници и не е каталогизирана, ниту ја има меѓународната ознака ISBN. Таа била отпечатена во „БИГЗ“ од Белград, во тираж од 10.000 примероци. Корицата на книгата е дело на Ацо Каевски, коректурата ја направила Вера Арсовска, а технички уредник бил Коста Бојаџиевски. По главниот текст се наоѓа поговор, напишан од Михаил Јанушев.[2]

Адаптации и варијации[уреди | уреди извор]

Стрипови и графички адаптации[уреди | уреди извор]

  • Во 1948, Гилбертон публишинг објавија адаптација на стрип .,[7] што беше повторно објавено во 1955 ,[8] и повторно во 1968.[9]
  • Во 1955, Дел Комикс објавија стрип заснован на на филмот од 1954 година од Класичните филмови засновани на 20.000 милји под морето.[10]
  • Во 1963, заедно со првото повторно издавање на филмот, Голд Кеј објави стрип заснован на филмот од 1954 година. 1954 film .[11]
  • Во 1973, Пендулум Прес објави хардковер илустрирана книга.[12]
  • Во 1974, Пауер Рекордс објави стрип.[13]
  • Во 1976, Марвел Комикс објавија адаптација на стрип.[14]
  • Во 1990, Пендулум Прес објавија уштее ден стрип заснован на романот.[15]
  • Во 1992, Дарк Хорс Комикс објавија стрип наречен Дарк Хорс Класикс: 20.000 милји под морето #1.[16]
  • Во 1997, ,Аклаим/Валијант го објавија: Класикс Илустрејтед: 20.000 милји под морето.[17]
  • Во 2008, Стерлинг Графикс објавија поп-ап графичка книга.[18]
  • Во 2009, Флеск Публикешејнс објавија графички роман наречен: 20.000 милји под морето.[19]
  • Во 2011, Кемпфајер Класикс објавија трговски мат..[20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Part 2, Chapter 7 "Accordingly, our speed was 25 miles (that is, twelve four–kilometer leagues) per hour. Needless to say, Ned Land had to give up his escape plans, much to his distress. Swept along would have been like jumping off a train racing at this speed, a rash move if there ever was one."
  2. 2,0 2,1 2,2 Жил Верн, 20.000 милји под морето, Македонска книга и Наша книга, Скопје, 1975.
  3. 3,0 3,1 3,2 Davis, RH (1955). Deep Diving and Submarine Operations (изд. 6th.). Tolworth, Surbiton, Surrey: Siebe Gorman & Company Ltd. стр. 693.
  4. Acott, C. (1999). „A brief history of diving and decompression illness“. South Pacific Underwater Medicine Society Journal. 29 (2). ISSN 0813-1988. OCLC 16986801. Архивирано од изворникот на 2009-02-01. Посетено на 2009-03-17.
  5. How Lewis Mercier and Eleanor King brought you Jules Verne
  6. Жил Верн, 20.000 миљи под морето, Наша книга, Скопје, 1970.
  7. GCD :: Cover :: Classics Illustrated #47 [O]
  8. GCD :: Cover :: Classics Illustrated #47 [HRN128]
  9. GCD :: Cover :: Classics Illustrated #47 [HRN166]
  10. http://www.comicbookdb.com/graphics/comic_graphics/1/384/193573_20100305100800_large.jpg[мртва врска]
  11. GCD :: Cover :: Walt Disney 20,000 Leagues Under The Sea [Movie Comics] #[nn]
  12. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2013-07-31.
  13. http://www.comicbookdb.com/graphics/comic_graphics/1/444/221727_20110316150602_large.jpg[мртва врска]
  14. GCD :: Cover :: Marvel Classics Comics #4
  15. http://www.comicbookdb.com/graphics/comic_graphics/1/260/128942_20080516121657_large.jpg
  16. GCD :: Cover :: Dark Horse Classics: 20,000 Leagues Under The Sea #1
  17. https://archive.is/20120710034026/image2.milehighcomics.com/istore/images/fullsize/17317237244.1.GIF
  18. https://archive.is/20120714162151/image2.milehighcomics.com/istore/images/fullsize/00297350299.1.GIF
  19. https://archive.is/20120718234011/image2.milehighcomics.com/istore/images/fullsize/44737322883.1.GIF
  20. https://archive.is/20120712105733/image2.milehighcomics.com/istore/images/fullsize/44737383240.1.GIF