Октопод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Октопод

Октопод (науч. Octopoda), осмоног или осмокрак — животно од типот мекотели, во класата главонозите со околу 600 видови, и во редот на осумноги главонози. Се вбројува во фамилијата октоподи која брои 150 видови. Октоподот живее во топлите и во умерените мориња, на длабочина до 30 метри (лете) и до 100 метри (зиме), во води со карпесто и камчесто дно. Не поднесува ниски температури. Доволна е малку постудена зима, па да исчезне целата популација октоподи и да не може да се обнови во текот на неколкуте следни години. Должината им се движи од 3 сантиметри до 9 метри (од што 5 метри отпаѓаат на краците). Октоподите тежат од 200 грама до 5 килограми, дојдека најголемите единки можат да достигнат тежина и до 200 килограми. Живеат околу две години.

Октоподот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Градината на октоподот“ (Octopus's Garden) - песна на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.[1]
  • „Октопод“ (англиски: Octopus) — музички албум на британската рок-група Gentle Giant од 1972 година.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]