Прејди на содржината

Фридланд (Бранденбург)

Координати: 52°06′N 14°16′E / 52.100° СГШ; 14.267° ИГД / 52.100; 14.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фридланд
Црква во Фридланд
Црква во Фридланд
Црква во Фридланд
Грб на Фридланд
Фридланд (Бранденбург) во рамките на Германија
Фридланд (Бранденбург)
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Одра-Шпре
Градски единици 16
Градоначалник Томас Хеле (независен)
Основни податоци
Површина 172,95 км2
Надм. височина 50 м
Население 2.954 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 17 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. LOS
Пошт. бр. 15848, 15868
Повик. бр. 033676
Портал www.friedland-nl.de
Местоположба на градот Фридланд во рамките на округот Одра-Шпре
Карта
Карта
Координати 52°06′N 14°16′E / 52.100° СГШ; 14.267° ИГД / 52.100; 14.267

Фридланд (германски: Friedland, долнолужички: Bryland) — град во округот Одра-Шпре, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа во историската област Долна Лужица, околу 8 километри јужно од Бесков и 39 километри северно од Котбус.

Градот бил првпат споменат како Фредберг во декрет од 1235 издаден од лужичкиот маркгроф Хајнрих Трети од Мајсен. Во договор од 1301 потпишан од маркгрофот Фридрих Први градот и замокот биле именувани како Фредебурх, кои потоа биле посед на грофовите од Штрела, кои служеле како вазали на владејачката династија Ветин. Сегашното име се појавува во папската була од 1350 издадена од папата Климент VI. Со Долна Лужица, Фридланд преминал под суверенитет на чешката круна во 1367.

Во 1518, градот припаднал на Редот на Свети Јован, а во 1540 стигнала реформацијата. Под власта на грофот Адам од Шварценберг биле проширени утврдувањата, иако Фридланд настрадал сериозно во налетот на Триесетгодишната војна. По Прашкиот мир во 1635, градот со Лужица припаднале на Изборното кнежевство Саксонија. Градските права биле потврдени во 1662, додека еврејска заедница е основана околу 1673.

По скоро три века власт на Редот на Свети Јован, Фридланд конечно бил секуларизиран и предаден на Саксонија во 1811. Само четири години подоцна, градот припаднал на пруската покраина Бранденбург до конечниот договор на Виенскиот конгрес во 1815.

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)