Разлика помеѓу преработките на „Свети Наум Охридски Чудотворец“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Откажано уредувањето 3502780 на уредникот MacedonianBoy (разговор)
с (Отстрането уредувањето на Jingiby (разговор), вратено на последната верзија на MacedonianBoy)
(Откажано уредувањето 3502780 на уредникот MacedonianBoy (разговор))
[[Податотека:Св Наум.JPG|мини|лево|Манастирот „Св. Наум Охридски“ на брегот на [[Охридското Езеро]]]]
==Биографија==
Св. Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, тој се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на [[Св. Кирил и Методиј|светите Кирил и Методиј]]. Со нив, тој учествувал во [[Моравска мисија|Моравската мисија]], а го ширел [[христијанство]]то и во [[Панонија]], [[Девол]], [[Илирик]] и други краишта. По завршувањето на Моравската мисија, тој заминал во престолнината на [[Прво бугарско царство|Првото бугарско царство]] - [[Велики Преслав]], а оттука во [[Охрид]], каде му се приклучил на св. Климент во работата на [[Охридската книжевна школа]].<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
<br />
Св. Наум бил еден од основачите на [[Преславска книжевна школа|Преславската книжевна школа]], каде работел како учител од [[886]] до [[893]] година. Како еден од најдаровитите ученици на браќата [[Св. Кирил и Методиј|Кирил и Методиј]], во [[893]] година, кога [[Свети Климент Охридски|Климент]] бил назначен од бугарскиот цар [[Борис I]] за [[Словени|словенски]] [[епископ]] во [[Велика]], на неговото учителско место во [[Кутмичевица]] бил назначен св. Наум Охридски, кој раководел со Охридската школа во текот на седум години, а во [[900]] година се повлекол во [[Манастир|манастирот]] посветен на св. [[архангел Михаил]]. Во манастирот, св. Наум собрал големо монашко братство.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
<br />
Познато е дека се занимавал со [[Литература|литературна дејност]], но неговите текстови сè уште не се идентификувани. Од двете кратки житија, напишани на [[црковнословенски јазик]], се гледа дека бил голем учител, просветител, кој се разбира во [[Народна медицина|народната медицина]] и толерантно ги водел црковните работи. На Св. Наум Охридски му се припишуваат делата:
<br />
Свети Наум Охридски Чудотворецот починал на [[23 декември]] [[910]] година, во манастирот „Свети Наум“, на возраст од 80 години и бил погребан лично од св. Климент во манастирската црква.<ref>Блаже Миневски, „Чудата и благодетите на свети Наум биле побројни од ѕвездите на небото“, ''Дневник'', година XIX, број 5806, петок, 3 јули 2015, стр. 24.</ref>
 
==Култот на св. Наум==
Набрзо по смртта, Наум бил канонизиран за светец, поради чудата кои се случувале на неговиот [[гроб]] и во манастирот, а култот за него започнал да се шири во [[Македонија]], како и во [[Бугариjа]], [[Албанија]] и [[Грција]].
3.684

уредувања

Прегледник