Костемар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Костемар
Κωστοχώρι
Костемар is located in Грција
Костемар
Костемар
Координати: 40°32′N 22°09′E / 40.533° СГШ; 22.150° ИГД / 40.533; 22.150Координати: 40°32′N 22°09′E / 40.533° СГШ; 22.150° ИГД / 40.533; 22.150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно52
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Костемар или Костохор (грчки: Κωστοχώρι, Костохори; книжевно: Κωστοχώριον, Костохорион, понекогаш: Κουστοχώρι, Кустохори или Κουτσοχώρι, Куцохори) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 10 километри северозападно од градот Бер, крај патот што води за селото Чорново и градот Негуш, на источните падини на планината Каракамен, на надморска височина од 680 метри.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е доста старо и настрадало за време на Негушкото востание во 1822 година, поради што било обновено повторно по Првата светска војна.[2] Претходно, само повремено било населувано од влашки сточарски семејства.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Како планинско село е во голема мера попасивно од останатите, поради што главно е развиено сточарството, иако поголемиот дел од жителите се иселуваат за да работат во поголемите градови.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 55 Македонци христијани.[3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Костемар (Kostemar) имало исто така 55 жители.[4]

Во 1910 година во Костохори (Κωτσοχώρι) имало 65 жители.[5] При пребројувањето во 1912 година селото е посочено со грчки јазик и христијанска вера.[6]

Во пописот од 1913 година, селото воопшто не е споменато. Во пописот од 1920 година е забележано со 9 жители. По 1923 година, како и во другите берски села, биле население и 35 бегалски семејства со вкупно 115 бегалци, колку што броело и селото во 1928 година. Во 1940 година селото имало 186, во 1951 година 133, во 1961 година 93, а во 1971 година само 20 жители. Нивниот број повторно се зголемил во 1981 година, кога биле забележани 99, односно во 1991 година 136 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 108 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 52 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 186 133 93 20 99 136 108 52
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото во Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чорново, во кој покрај Костемар се наоѓаат и Чорново, Љановрохи и Свети Никола.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 15. 
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  7. Καραγιάννη, Φλώρα. „Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού“ (грчки јазик). конс. 29 февруари 2016.  Text " Ναός Αγίου Αθανασίου Ημαθίας" ignored (помош);

Белешки[уреди | уреди извор]