Долно Куманич

Координати: 40°31′N 22°10′E / 40.517° СГШ; 22.167° ИГД / 40.517; 22.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Долно Куманич
Κάτω Κομνήνειο
Долно Куманич is located in Грција
Долно Куманич
Долно Куманич
Местоположба во областа
Долно Куманич во рамките на Бер (општина)
Долно Куманич
Местоположба на Долно Куманич во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 22°10′E / 40.517° СГШ; 22.167° ИГД / 40.517; 22.167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000420000000420 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно43
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Долно Куманич (грчки: Κάτω Κομνήνειο, Като Комнинион) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото било создадено во рамките на атарот на селото Куманич.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Првпат како одвоена населба се споменува во пописот од 1991 година со 30 жители. Веројатно се работело за жители на селото Куманич, кои по шеесеттите години почнале да го напуштаат селото и да се селат во поголемите градови, а во последниве години се враќаат назад и го обновуваат селото. Некои од нив подигнале нови куќи на поудобно место од постарата населба и бидејќи новата населба се наоѓа на пониска надморска височина, го нарекле Долно Куманич.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Селото повторно се вратило во пописите во 1991 година, кога биле и забележани 30 жители.[2]

Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 43 жители.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужица, во кој покрај Долно Куманич се наоѓаат и селата Лужица и Куманич.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.