Црква „Св. Атанасиј“ - Костемар

Координати: 40°32′14.1″N 22°7′46.8″E / 40.537250° СГШ; 22.129667° ИГД / 40.537250; 22.129667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј
Αγίου Αθανασίου
Фрески од храмот
Карта
40°32′14.1″N 22°7′46.8″E / 40.537250° СГШ; 22.129667° ИГД / 40.537250; 22.129667
МестоКостемар, Берско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоДобренско
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — доцносредновековна црква во селото Костемар, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Храмот е гробишна црква сместена на северозападниот крај на селото.

Историја[уреди | уреди извор]

Нема зачувани историски податоци за црквата. Според карактерот на живописот, храмот е изграден во XV или XVI век; според Флора Карајани фреските датираат од последната четвртина на XV век, според Танасиос Папазотос од почетокот на XVI век, а според Цвета Кунева тие се изработени некаде помеѓу 1500 г. и 1530-тите.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата претставува мала еднокорабна црква со полукружна апсида и дрвен покрив.[1][2] Надворешните димензии се 5,15 × 3,5 м. Во олтарот има и ниша за жртвеникот. Судејќи по отсуството на фрески од Големите празници на јужниот и северниот ѕид, кој во горните делови се срушени, веројатно е дека храмот имал свод каде се наоѓале Големите празници. Нема припрата, а ѕидаријата е направена од кршени камења.[2]

Живопис[уреди | уреди извор]

Света Соломонија
Архангел Михаил, Свети Ѓорѓи и Свети Димитриј на јужниот ѕид
Путирот од Поклонение на жртвата

Внатрешноста на храмот е насликана со вредни фрески,[1] делумно зачувани и распоредени во две подрачја на четирите ѕидови. Под малтерот на западната фасада исто така се гледаат фрагменти од живопис, каде го препознаваме покровителот Свети Атанасиј во нишата. Во конхата на апсидата се Богородица со Младенецот и Поклонение на жртвата со Свети Јован Златоуст и Свети Атанасиј Александриски, вклучен во сцената како покровител на храмот. Од двете страни на малиот апсиден прозорец е Христос Жертва во диск од северната страна и на путир од јужната. Во нишата на север во жртвеникот традиционално е претставен Свети Стефан. Од южната страна е непознат ѓакон. Над апсидата е Преображението Господови.[2]

Двете подрачја на јужниот и северниот ѕид се поделени со украсна лента. Во долното се претставени светци во полн раст, а во горното тие се во медалјони со растителни мотиви како позадина. Во второто подрачје на јужниот ѕид се распознаваат Свети Пантелејмон, Свети Кузман Дамјан, а на северниот само Света Петка. Во првото подрачје на јужниот ѕид се непознат архијереј, Свети Атанасиј Александриски, Архангел Михаил, Свети Ѓорѓи Кападокиски и Свети Димитриј, при што светците-воини се во благородничка облека. На северниот ѕид се претставени светици — Света Марина, Света Варвара, Света Недела, а таму е и Свети Јован Крстител.[2]

Во горното подрачје на западниот ѕид традиционално е насликана композицијата „Успение Богородично“. Во првото подрачје место традиционалните Архангел Михаил и Св. Константин и Елена стојат месниот светец Антониј Нов и Света Соломонија.[2]

Зографската работилница[уреди | уреди извор]

Живописот е дело на Костурската школа, силно активна во Македонија пошироко на Балканот во последните две децении на XV век и во XVI век.[1][2] За ова сведочат многу иконографски и стилски елементи — украсите што ги двојат подрачјата, поставеноста на светците во полн раст под лакови и претставувањето на воините во благородничка одежда. Паралели на овие фрески има во „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ во Серфиџе (1497 или 1512) и во дел од фреските во „Вознесение Христово“ на Чебренскиот манастир (1532/1533) во Битолско. Иконографски и стилски, живописот во „Свети Атанасиј“ е сврзан и со живописните споменици, дело на месната Берската работилница од крајот на XV и првите децении на XVI век.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Καραγιάννη, Φλώρα. „Ναός Αγίου Αθανασίου Ημαθίας“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-03-16. Посетено на 18 мај 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 Кунева, Цвета. „Кустохори, црква „Св. Атанасий". Пътища на балканските зографи. Занемарен непознатиот параметар |acess-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]