Восово
Восово Σφηκιά | |
---|---|
Координати: 40°23′N 22°13′E / 40.383° СГШ; 22.217° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Македонида |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 382 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Восово (грчки: Σφηκιά, Сфиќа; до 1926 година: Βόσσοβα, Восова[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е оддалечено повеќе од 20 километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 600 метри.[3] Површината на селскиот атар изнесува 25 квадратни километри.
Селото е сместено на западните падини на планината Шапка.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Сфиќа (Σφηκιά).
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селаните поседуваат само малку земја околу селото, бидејќи поголемиот дел од атарот на селото се во сопственост на еден муслимански велепоседник. Главно се одгледува тутун и малку пченица, а голем дел од населението чува и стока.[3]
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Весово (Вешова) живееле 255 Грци христијани.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Весово (Вешова) (Vessovo, Vechova) имало 255 Грци.[5]
Во 1910 година во Везова (Βέζοβα) имало 255 жители.[6] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7]
На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8]
Во пописот од 1913 година селото било забележано со 655 (што значи дека било многу поголемо отколку што го забележал К’нчов).[3] Во 1920 година Восово имало 469, во 1928 година 536, во 1940 година 661, во 1951 година 669, во 1961 година 842, во 1971 година 634, во 1981 година 521, а во 1991 година 565 жители.
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 473 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 382 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 661 | 669 | 842 | 634 | 521 | 565 | 473 | 382 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Восово, во кој Восово е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βόσσοβα -- Σφηκιά
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 7.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
|