Лазохори
Лазохори Λαζοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°34′N 22°12′E / 40.567° СГШ; 22.200° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 55 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 380 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лазохори (грчки: Λαζοχώρι, книжевно: Λαζοχώριον, Лазохорион) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на околу пет километри северно од градот Бер, во непосредна близина и од источна страна на железничката пруга, на надморска височина од 55 метри.[2] Сместено е помеѓу селата Туркохор и Тарамон.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото било основано пред 1920 година од грчки бегалци од Турција, најверојатно веднаш по завршувањето на Првата светска војна. Првично во него биле сместено 43 бегалски семејства со вкупно 156 жители. Првпат е забележано во пописот од 1920 година.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото е доста богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини кои се наводнуваат. Населението главно се занимава со земјоделство. Најмногу се произведува овошје (праски и јаболка), памук и пченица.
Население
[уреди | уреди извор]Селото првпат е регистрирано во 1920 година како чисто бегалска населба со 86 жители. Во 1928 година имало 167, а во 1940 година 257 жители. Во 1951 година биле попишани 124, во 1961 година 230, во 1971 година 188, во 1981 година 178, а во 1991 година 167 жители.[2]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 166 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 380 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 257 | 124 | 230 | 188 | 178 | 167 | 166 | 380 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Лазохори влегува и градот Бер и селата Меч, Мустали и Тарамон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 16.
|