Ксироливадо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ксироливадо
Ξηρολίβαδο
Ксироливадо is located in Грција
Ксироливадо
Ксироливадо
Местоположба во областа
Ксироливадо is located in Бер (општина)
Ксироливадо
Местоположба на Ксироливадо во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°28′N 22°05′E / 40.467° СГШ; 22.083° ИГД / 40.467; 22.083Координати: 40°28′N 22°05′E / 40.467° СГШ; 22.083° ИГД / 40.467; 22.083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&100000000000012200000001,220 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно96
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Мреж. местоxirolivado.gr

Ксироливадо или Ксироливадон (грчки: Ξηρολίβαδο, книжевно: Ξηρολίβαδον, Ксироливадон) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на североисточните падини на планината Дурла, на надморска височина од 1.220 метри.[2][3] Оддалечено е 19 километри од градот Бер.

Крај самото село се наоѓа мало езеро, наречено Бара.[4][5] Денес, во селото постојат 350 куќи.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото во минатото било доста големо, па така според К’нчов во него живееле 850 влашки сточарски жители. Сепак, најверојатно селото било целосно уништено во текот на Балканските војни, бидејќи воопшто не се споменува во одржаните пописи во 1913 и 1920 година.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поради својата висока надморска височина, селото е свртено кон сточарството и најчесто во него живееле сточари, кои ги носеле своите стада околу селото.

Население[уреди | уреди извор]

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“) во 1878 година напишал дека во „Ксено-ливади“ (Xeno-Livadhi), Берска епархија, живеат 7.800 Грци.[6] Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во „КсероливадоН“ живеат 850 Власи христијани.[7] Слични податоци дава и секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), според кој во 1905 година во Ксероливадон имало 850 Власи.[8]

Во пописите од 1913 и 1920 година, селото воопшто не се споменува како населба. На наредниот попис во 1928 година, во селото биле забележани 40 жители, сите од машки пол, што ни говори дека се работи за сточари кои тука само ги паселе своите стада, а во 1940 година дури 645 жители. Повторно, најверојатно се работи за Власи сточари, кои престојувале во селото, заедно со нивните семејства. Селото, кое и натаму повремено се користи за истата цел, особено во летниот период, во пописот од 1951 година не се спомнува, додека во 1961 година е регистрирано со 7 жители, во 1971 година со двајца, во 1981 година со 54, а во 1991 година со 117 жители.[2]

Според пописот во 2001 година, селото имало 39 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 96 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 645 7 2 54 117 39 96
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долјани, во кој покрај Ксироливадо се наоѓа и селото Долјани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 16. 
  3. Во книгата е наведена надморска височина од 540 метри.
  4. Δήμος Βέροιας. Ξηρολίβαδο
  5. Πολιτιστικός σύλλογος Ξηρολίβαδο
  6. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 40.
  7. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, p.224-225.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]