Љановрохи
Изглед
Љановрохи Λιανοβρόχι | |
---|---|
Координати: 40°32′N 22°11′E / 40.533° СГШ; 22.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Добра |
Надм. вис. | 100 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 22 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Љановрохи (грчки: Λιανοβρόχι) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Населението брои 22 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во областа Сланица, околу 2 км северозападно од градот Бер, крај патот што води за селото Костемар, на надморска височина од 100 м.
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 24 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 22 жители.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Добра со седиште во селото Јанчишта, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чорново, во кој влегуваат и селата Чорново, Костемар и Свети Никола.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
|