Кумштица

Координати: 40°31′N 22°16′E / 40.517° СГШ; 22.267° ИГД / 40.517; 22.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кумштица
Άμμος
Кумштица is located in Грција
Кумштица
Кумштица
Местоположба во областа
Кумштица во рамките на Бер (општина)
Кумштица
Местоположба на Кумштица во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 22°16′E / 40.517° СГШ; 22.267° ИГД / 40.517; 22.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно198
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Кумштица или Кум Ќој (грчки: Άμμος, Палеос Амос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 35 метри.[2] Сместено е на десниот брег на реката Бистрица, при нејзиното навлегување во Солунското Поле.

Историја[уреди | уреди извор]

Во селото биле населени бегалски семејства по 1923 година во посебно маало, поради што еден период, селото било поделено на два дела, Стара и Нова Кумштица.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Земјиштето се наводнува од системот за наводнување на реката Бистрица и поради тоа дава високи приноси. Поради ова, во околината на селото е развиено земјоделството, со што се занимава населението. Главно произведува големи количества на памук, овошје и други земјоделски производи.

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кумштица живееле 80 Грци христијани.[3] Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумштица имало 80 Грци.[4]

Во 1910 година биле забележани 75 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото бил забележано со грчки јазик и христијанско население.[6]

Во 1913 година било забележано со 107 жители, од кои 59 мажи и 48 жени, а во 1920 година со 70 жители. По 1923 година, тука била населени 31 бегалско семејства, поради што малку подалеку од старата населба биле изградени нови домови во кои биле сместени бегалците. Така, во 1928 година селото се водело како две населби и тоа како Стара Кумштица и Нова Кумштица, во која биле сместени бегалските семејства. Во овој попис, старата населба имала 84, а новата 101 жител. Бидејќи новоизграденото бегалско маало постепено се споило со старата населба, во подоцнежните пописи, населбата Кумштица повторно се водела како една населба. Како таква, во 1940 година имала 178, во 1951 година 139, во 1961 година 145, во 1971 година 137, во 1981 година 134, а во 1991 година 176 жители.[2]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 160 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 198 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 178 139 145 137 134 176 160 198
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кумштица, во кој Кумштица е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 16.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1902, стр. 143.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.