Колура
Колура Κουλούρα | |
---|---|
Координати: 40°33′N 22°19′E / 40.550° СГШ; 22.317° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Апостол Павле |
Надм. вис. | 20 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 992 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Колура (грчки: Κουλούρα, Кулура) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на околу 10 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 20 метри, веднаш до самата железничка пруга.[2] Сместено е во областа Урумлак, а кај селото се влева каналот создаден од реките Вода и Мегленица во реката Бистрица.
Историја
[уреди | уреди извор]Неговото население, како и населението на сите околни села од Урумлакот, имаат грчко потекло.
Во XIX век, селото е во рамките на Османлиското Царство. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Колура ја навел како село во Берската каза и дека во него живеат 250 Грци.[3]
Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел, исто така, дека во селото живеат 250 Грци.[4]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Обработливото земјиште е мошне плодно и се наводнува од системот за наводнување. Населението произведува големи количества пченица, памук, шеќерна репка и други земјоделски производи.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Во пописот од 1913 година е забележано со 265 жители, во 1920 година со 318, во 1928 година со 410, од кои 14 бегалци.
Во 1940 година во Колура биле попишани 661 жител, во 1951 година 712, во 1961 година 883, во 1971 година 805, во 1981 година 1.035 жители, а во 1991 година 928 жители.[2]
Според пописот во 2001 година, селото имало 1.089 жители. Во најновиот спроведен попис во Грција во 2011 година, селото било забележано со 992 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 661 | 712 | 883 | 805 | 1.035 | 928 | 1.089 | 992 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото припаѓа на општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Колура, во кој е единствено село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 14–15.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
|