Извор (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Извор
Λευκόπετρα
Извор is located in Грција
Извор
Извор
Координати: 40°27′N 22°13′E / 40.450° СГШ; 22.217° ИГД / 40.450; 22.217Координати: 40°27′N 22°13′E / 40.450° СГШ; 22.217° ИГД / 40.450; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000290000000290 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно59
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Извор (грчки: Λευκόπετρα, Левкопетра; до 1953 година Ίσβορος, Изворос[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено 10 километри јужно од градот Негуш, од источната страна на патот што води кон Кожани, на надморска височина од 290 метри, а во непосредна близина на левиот ракав на реката Бистрица.[3] Сместено е на јужните падини на планината Каракамен.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е доста старо, но било уништено за време на Негушкото востание во 1822 година. Било обновено во триесеттите години во XX век, кога биле сместени дваесетина бегалски семејства. Како такво, прв пат е регистрирано во пописот од 1940 година.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Дел од атарот на селото се наводнува од водите на реката Бистрица, поради што има услови за земјоделство. Главно во селото се произведува овошје (најчесто јаболка), пченица и други земјоделски производи, а населението сосема делумно се занимава и со сточарство.

Население[уреди | уреди извор]

По повторното населување на селото, овој пат со грчки бегалски семејства, селото за прв пат се појавува во пописот од 1940 година, кога било забележано со 72 жители. Во пописот од 1951 година има 127 жители, во 1961 година има 124 жители, во 1971 година 71, во 1981 година 50, а во 1991 година 72 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 51 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 59 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 72 127 124 71 50 72 51 59
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Топљани, во кој покрај селото Извор се наоѓа и селото Топљани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσβορος -- Λευκόπετρα
  3. Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 11-12.