Меч (село)
Меч Μέση | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°32′N 22°16′E / 40.533° СГШ; 22.267° ИГДКоординати: 40°32′N 22°16′E / 40.533° СГШ; 22.267° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 28 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 568 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Меч или Меж (грчки: Μέση, Меси; до 1926 година Μέτσι, Меци[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на околу пет километри источно од градот Бер, во непосредна близина на железничката пруга, на надморска височина од 28 метри.[3]
Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на реката Бистрица.
Историја[уреди | уреди извор]
По 1922 година во селото биле населени грчки бегалски семејства.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населението се занимава со земјоделство, а произведува главно пченица, овошје и памук.[3]
Население[уреди | уреди извор]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Меч било село во Берската каза и во него живееле 140 Грци христијани.[4]
По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Меч живееле 130 Грци.[5]
Во 1913 година селото е забележано со 211 жители. Во 1920 година, селото имало 145, а во 1928 година имало 173, од кои 72 бегалци. Во 1940 година биле попишани 267 жители, во 1951 година 306, во 1961 година 375, во 1971 година 463, во 1981 година 498, а во 1991 година 484 жители.[3]
Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 504 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 568 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 267 | 306 | 375 | 463 | 498 | 484 | 504 | 568 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бер, во кој покрај Меч влегува и градот Бер и селата Лазохори, Мустали и Тарамон.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μέτσι -- Μέση
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 19.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 143.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.
|