Брањате
Брањате Νέα Νικομήδεια | |
---|---|
Координати: 40°35′N 22°15′E / 40.583° СГШ; 22.250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Апостол Павле |
Надм. вис. | 25 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 801 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Брањате или Брајнат (грчки: Νέα Νικομήδεια, Неа Никомидија, до 1953 г. Μπρανιάται, Брањатe,[2] Μπρανιάτας, Брањатас) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Селото е познато по блиската населба од младото камено време — една од најстарите во Европа.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на околу 13 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 25 метри.[3] Сместено е во Солунското Поле.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото во минатото била чиста македонска населба.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Зголемувањето на бројот на жители низ текот на годините се должи на плодната почва и плодните обработливи површини, со кои располага селото и кои целосно се наводнуваат.
Населението произведува големи количества памук, овошје и други земјоделски производи. Покрај земјоделието, во селото е развиено и сточарството, особено одгледувањето крави.[3]
Население
[уреди | уреди извор]К’нчов ја спомнува со 80 македонски жители, додека во 1913 година е забележана со 29, а во 1920 година со 53 жители. Оваа некогашна чифлигарска населба по 1923 година израснала во поголема населба, бидејќи тука биле населени 61 семејство на грчки бегалци од Никомедија, со вкупно 243 жители. Во 1928 година, селото имало 278 жители, во 1940 година 841, во 1951 година 880, во 1961 година 949, во 1971 година 877, во 1981 година 948, а во 1991 година 813 жители.[3]
Според пописот во 2001 година, селото имало 866 жители. Во најновиот спроведен попис во Грција во 2011 година, селото било забележано со 801 жител.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 841 | 880 | 949 | 877 | 948 | 813 | 866 | 801 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брајнат, во кој се наоѓа само селото Брањате.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Неолитска населба
[уреди | уреди извор]Населбата од младото камено време во Брањате се наоѓа на околу 2 километри од самото село.[4] Претставува една од најраните познати наоѓалишта во Македонија, потекнувајќи од 6250-6050 п.н.е., претпоставувајќи дека имало население помеѓу 500-700.[5][6]
Била ископувана опширно во три фази (во 1961, 1963 и 1964) од страна на Р. Џ. Роден и неговата екипа.[7][8] Наоѓалиштето покрива подрачје од околу 1690 м² имал катни градби 12 на 12 метри; куќите во Брањате биле градени — како и повеќето градби низ младото камено доба во Егејска Македонија — од слама и кал на дрвена рамка.[7] Предмети кои биле откопани во наоѓалиштето биле „кремени сечила, камени скепари, глинени фигури, печати за украси на тело, други украси и камени алатки“.[7] Археолошките ископувања на древната населба, исто така, откриле глинени скулптури од заоблени жени.[9] Грнчарски, особено големи предмети, биле пронајдени во наоѓалиштето, некои високи и до 60 сантиметри и со зафатнина од 85 литри.[10] Местото првично се наоѓало на бреговите на Солунскиот Залив или веројатно на некое езеро или лагуна. До 1930-тите години, мочуриштето на Ениџевардарското Езеро ја покривало областа.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρανιάται -- Νέα Νικομήδεια
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6.
- ↑ 4,0 4,1 „Nεολιθικός οικισμός της Ν. Νικομήδειας“ (грчки). Окружна управа Иматија. Посетено на 19 октомври 2012.[мртва врска]
- ↑ Milisauskas, S. (2011). European Prehistory: A Survey. Springer. стр. 182. ISBN 9781441966339. Посетено на 24 јуни 2015.
- ↑ R.J. Rodden and K.A. Wardle, Nea Nikomedia: The Excavation of an Early Neolithic Village in Northern Greece 1961–1964, Vol I, The Excavation and the Ceramic Assemblage, British School at Athens Supplementary Volume 25, 1996
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Nea Nikomedeia“. Foundation of the Hellenic World. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Souvatzi, Stella G. (14 април 2008). A Social Archaeology of Households in Neolithic Greece: An Anthropological Approach. Cambridge University Press. стр. 64. ISBN 978-0-521-83689-0. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ Gimbutas, Marija Alseikaitė (1974). The Gods and Goddesses of Old Europe: 7000 to 3500 BC Myths, Legends and Cult Images. University of California Press. стр. 153. ISBN 978-0-520-01995-9. Посетено на 16 септември 2012.
- ↑ Bailey, Douglass (5 септември 2000). Balkan Prehistory: Exclusion, Incorporation and Identity. Taylor & Francis. стр. 86. ISBN 978-0-415-21598-5. Посетено на 17 октомври 2012.
|