Прејди на содржината

Луковица (Берско)

Координати: 40°36′N 22°15′E / 40.600° СГШ; 22.250° ИГД / 40.600; 22.250
Од Википедија — слободната енциклопедија
Луковица
Παλαιά Λυκόγιαννη
Луковица is located in Грција
Луковица
Луковица
Местоположба во областа
Луковица во рамките на Бер (општина)
Луковица
Местоположба на Луковица во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 22°15′E / 40.600° СГШ; 22.250° ИГД / 40.600; 22.250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаАпостол Павле
Надм. вис.&1000000000000002500000025 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно161
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Луковица или Ликовишта (грчки: Παλαιά Λυκόγιαννη, Палеа Ликоѓани, до 1926 г. Λυκοβίτσα, Ликовица[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Сместено е во Солунското Поле, на надморска височина од 25 метри.[3] Селото е во непосредна близина на селата Света Марина и Јанчишта, северозападно од градот Бер и југоисточно од Негуш.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Уште од неговото основање, селото било населено со македонско население.

Во XIX век, селото е во рамките на Османлиското Царство. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Луковица ја навел како село во Берската каза и дека во него живеат 165 Македонци.[4]

Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година навел, исто така, дека во селото живеат 224 Македонци.[5]

Населбата била преименувана по 1940 година и била поделена на две населби, Стара и Нова Луковица. Ова се случило поради носењето на грчки бегалски семејства, за кои била изградена нова населба јужно од старата.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Бидејќи лежи сред поле и располага со плодни обработливи површини кои се наводнуваат, селото е доста богато. Главни производи се овошјето (праски и јаболка), памук и пченица.[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година е забележано со 109 жители, а во 1920 година со 92 жители.[3]

По 1923 година, грчките власти тука населиле 65 бегалски семејства со вкупно 247 бегалци. Како мешана населба со македонско и грчко бегалско население, во 1928 година селото е забележано со 368 жители. Бидејќи грчките власти за бегалските семејства изградиле посебна населба во непосредна близина на старата и јужно од неа, во записот од 1940 година, па наваму, оваа населба се води како посебна и тоа како Нова Луковица, додека старата населба, за да се разликува од новата, била наречена Стара Луковица. Така, старата населба, за која станува збор и која е чисто македонска, во 1940 година е забележана со 186 жители, во 1951 година со 210, а во 1961 година со 224 жители. Во 1971 година поради помасовно иселување во поголемите градови, бројот на жители е намален на 134, во 1981 година повторно се зголемил на 206, а во 1991 година биле попишани 202 жители.[3]

Според пописот во 2001 година, селото имало 122 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 161 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 186 210 224 134 206 202 122 161
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Луковица, во кој покрај Луковица се наоѓа и селото Нова Луковица.

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λυκοβίτσα -- Λυκογιάννης
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 17.
  4. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  5. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 222 - 223.