Долјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долјани
Κουμαριά
Долјани is located in Грција
Долјани
Долјани
Местоположба во областа
Долјани is located in Бер (општина)
Долјани
Местоположба на Долјани во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 22°06′E / 40.517° СГШ; 22.100° ИГД / 40.517; 22.100Координати: 40°31′N 22°06′E / 40.517° СГШ; 22.100° ИГД / 40.517; 22.100
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000700000000700 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно243
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Долјани (грчки: Κουμαριά, Кумарја; до 1926 година Δόλιανη, Долјани,[2] романски: Doliani) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено на североисточните падини на планината Дурла, на надморска височина од 700 метри, оддалечено повеќе од 10 километри општинското средиште Бер.[3] Селскиот атар е голем и опфаќа површина од 139 квадратни километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако селото има македонско име, неговите жители Македонци настрадале во времето на Негушкото востание од 1822 година. Подоцна, селото било обновено од Власи сточари дојдени од Епир.

Население[уреди | уреди извор]

К’нчов го споменува како влашко село со 500 жители и како такво во 1913 година е евидентирано со 672 жители, а во 1920 година со 473 жители. По 1923 година грчките власти тука населиле и 37 бегалски семејства со вкупно 130 жители, поради што тоа станало мешана населба, која во меѓувреме поголемиот дел од влашките семејства ја напуштиле. Како мешана населба во 1928 година Долјани е евидентирано со 280 жители, во 1940 година со 595 жители, во 1951 година како последица на Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција е забележано со 276 жители, во 1961 година со 237, во 1971 година со 118, во 1981 година со 156, а во 1991 година со 252 жители.[3]

Според пописот во 2001 година, селото имало 170 жители. Според последниот попис во Грција од 2011 година, селото имало 243 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 595 276 237 118 156 252 170 243
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Долјани, во кој покрај Долјани се наоѓа и селото Ксироливадо.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σπουρλίτα -- Ελαφίνα
  3. 3,0 3,1 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 9.