Ѓавато (Берско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓавато
Διαβατός
Ѓавато is located in Грција
Ѓавато
Ѓавато
Координати: 40°33′N 22°17′E / 40.550° СГШ; 22.283° ИГД / 40.550; 22.283Координати: 40°33′N 22°17′E / 40.550° СГШ; 22.283° ИГД / 40.550; 22.283
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаАпостол Павле
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1,276
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Ѓавато (грчки: Διαβατός, Дјаватос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу 8 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 25 метри.[2] Сместено е во областа Урумлак, на десниот брег на канал, кој е создаден од вливањето на реките Вода и Мегленица.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако е постаро, селото не се споменува во книгите ниту на К’нчов, ниту на Бранков.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Благодарение на богатата почва и на мелиорациите, како и на каналскиот систем за наводнување, селото забележува постојан пораст.

Населението се занимава со земјоделство, а основни производи се памук, овошје и малку жито.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во пописот од 1913 година е забележано со 237 жители, во 1920 година со 208, во 1928 година со 496, од кои 45 семејства со 176 жители, кои биле бегалци.

Благодарение на подобрената стопанска состојба, во селото се забежува зголемување на бројот на жители, па така во 1940 година во Ѓавато биле попишани 739 жители, во 1951 година 992, во 1961 година 1.144, во 1971 година 1.111, во 1981 година 1.226 жители, а во 1991 година 1.315 жители.[2]

Според пописот во 2001 година, селото имало 1.300 жители. Во најновиот спроведен попис во Грција во 2011 година, селото било забележано со 1.276 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 739 992 1.144 1.111 1.226 1.315 1.300 1.276
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото се наоѓа во општинскиот оддел Ѓавато, во кој се наоѓа како единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. Скопје: Институт за национална историја. стр. 10.