Асамати (Берско)

Координати: 40°29′N 22°14′E / 40.483° СГШ; 22.233° ИГД / 40.483; 22.233
Од Википедија — слободната енциклопедија
Асамати
Ασώματα
Асамати is located in Грција
Асамати
Асамати
Местоположба во областа
Асамати во рамките на Бер (општина)
Асамати
Местоположба на Асамати во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 22°14′E / 40.483° СГШ; 22.233° ИГД / 40.483; 22.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000210000000210 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно607
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Асамати (грчки: Ασώματα, Асомата) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 210 метри.[2]

Сместено е на десниот брег на реката Бистрица при нејзиното навлегување во Солунското Поле. Југозападно од селото, на брегот на Бистрица се наоѓа Асоматскиот манастир или „Св. Јован Претеча“. Низводно реката се проширува во вештачкото Асаматско Езеро изградено во 1985 г.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова село уште одамна било населено со грчко население.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Асамати живеат 40 Грци христијани.[2][3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Асамати имало 35 Грци.[4]

Во 1910 година, во селото Асамати имало 50 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска вера.[6]

Во 1913 година е забележано со 60 жители, а во 1920 година со 78 жители. По 1923 година, тука биле сместени и шест бегалски семејства со вкупно 24 жители. Како последица на тоа во пописот од 1928 година, бројот на жителите се зголемил на 97, во 1940 година селото веќе има 230 жители (поради населувањето и на други бегалски семејства), во 1951 година пак 230, во 1961 година 296, во 1971 година 266, во 1981 година 383, а во 1991 година 431 жител.[2]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 532 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 607 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 230 230 296 266 383 431 532 607
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Асомата, во кој Асамати е единственото село.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 5.
  3. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1902, стр. 144.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
  5. Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.