Рахово (Берско)

Координати: 40°29′N 22°13′E / 40.483° СГШ; 22.217° ИГД / 40.483; 22.217
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рахово
Ράχη
Рахово is located in Грција
Рахово
Рахово
Местоположба во областа
Рахово во рамките на Бер (општина)
Рахово
Местоположба на Рахово во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°29′N 22°13′E / 40.483° СГШ; 22.217° ИГД / 40.483; 22.217
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаБер
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно610
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Рахово или Рахова (грчки: Ράχη, Рахи; до 1926 година: Ράχωβα, Рахова[2], до 1953 година Ραχιά, Рахија[3]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 240 метри.[4]

Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Дурла.[4] Сместено е на левиот брег на реката Бистрица.

Селскиот атар се простира на 16 квадратни километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од порано било населено со грчко население.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Населението се занимава со земјоделство, а произведува главно овошје, пченица и други земјоделски производи. Исто така, во мал обем е развиено и сточарството.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Спирос Лукатос посочува дека јазикот на жителите во селото е „грчки“.[5]

На пописот во 1912 година, селото е забележано повторно со грчки јазик и христијанска вероисповед.[6]

К’нчов и Бранков го спомнуваат селото со 150 грчки жители (како село Рајко), додека во 1913 година е забележано со 56, а во 1920 година со 115 жители. Малку подоцна, грчките власти тука сместиле 47 бегалски семејства со вкупно 164 жители, така што бројот на жителите во 1928 година пораснал на 268. Во 1940 година, Рахово имало 420, во 1951 година 481, во 1961 година 487, во 1971 година 433, во 1981 година 470, а во 1991 година 501 жител.[4]

Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 570 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 610 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 420 481 487 433 470 501 570 610
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рахи, во кој Рахово е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ράχωβα -- Ραχιά
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραχιά -- Ράχη
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.
  5. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  6. „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.