Братиништа

Координати: 40°27′N 22°16′E / 40.450° СГШ; 22.267° ИГД / 40.450; 22.267
Од Википедија — слободната енциклопедија
Братиништа
Χαράδρα
Братиништа is located in Грција
Братиништа
Братиништа
Местоположба во областа
Братиништа во рамките на Бер (општина)
Братиништа
Местоположба на Братиништа во општината Бер и областа Централна Македонија
Координати: 40°27′N 22°16′E / 40.450° СГШ; 22.267° ИГД / 40.450; 22.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаМакедонида
Надм. вис.&10000000000000740000000740 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно17
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Братиништа (грчки: Χαράδρα, Харадра; книжевно: Χάραδρος, Харадрос; до 1927 година: Μπρατίνιστα, Братиниста[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу 15 километри јужно од градот Бер, на надморска височина од 740 метри.[3]

Селото е сместено на северозападните падини на планината Шапка.

Историја[уреди | уреди извор]

Ова село било населено исклучиво со Македонци кои говореле грчки и се чувствувле како Грци поради силните асимилаторски влијанија.[3]

Селото било преименувано во текот на 1927 година кога му било доделено името Харадра (Χαράδρα).

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селаните поседуваат ограничени обработливи површини од кои дел се наводнуваат. Најмногу се произведува жито (пченица), а голем број жители се занимаваат и со сточарство. Поголемиот дел од атарот на селото е сопственост на велепоседникот Енрикос, чиј имот се состои од 30.000 декари пасишта и шуми.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Во XV век, во селото се забележани 53 глави на домаќинства.[4]

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Братиништа (Брајнат) живееле 80 Македонци христијани.[5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баштане (Bachtane) имало 80 жители.[6] Ваквите бројки и податоци, во кои К’нчов и Бранков даваат различни податоци, се должат на тоа дека и двајцата го мешаат селото Братиништа со селото Брањате.

Во 1912 година е забележано како грчко христијанско село.

Во пописот од 1913 година селото било забележано со 95, во 1920 година со 94, во 1928 година со 103, во 1940 година со 163, во 1951 година со 169, во 1961 година со 206, додека во 1971 година, поради помасовно иселување во поголемите градови во земјата, бројот на неговите жители се намалил на 108, а во 1981 година на само 49. Во 1991 година биле попишани исто така 49 жители.

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 78 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 17 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 163 169 206 108 49 49 78 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Куково, во кој покрај селото Братиништа влегуваат и Куково, Спорлита, Порос и манастирот „Св. Јован Претеча“.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπρατίνιστα -- Χάραδρος
  3. 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6–7.
  4. Гандев, Христо. „Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване“, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.
  5. К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.

Белешки[уреди | уреди извор]