Садина
Садина Καράβι | |
---|---|
Координати: 40°32′N 22°20′E / 40.533° СГШ; 22.333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Надм. вис. | 6 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Садина или Садена (грчки: Καράβι, Карави; книжевно: Καράβιον, Каравион, до 1926 година: Σάδενα, Садена[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Селото постоело до Втората светска војна.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е оддалечено околу десет километри источно од градот Бер и западно од Мелик, во непосредна близина на реката Бистрица, од нејзината десна страна.[2]
Сместено е во областа Урумлак, на неколку километри јужно од селото Колура, од кое го дели старото корито на реката Бистрица. Со изместувањето на коритото на реката, Садина останало на левиот брег.
Историја
[уреди | уреди извор]Уште од постаро време било населено со грчко населени.[2]
Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Карави (Καράβι).
Население
[уреди | уреди извор]Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Садена живееле 75 Грци христијани.[3]
Во пописот од 1913 година селото е забележано со 216 жители, а во 1920 година со 124 жители. По 1923 година тука биле населени 23 бегалски семејства со вкупно 121 бегалец. Така селото во 1928 година имало 170 жители. По извршените мелиорации и регулирање на коритото на реката Бистрица, во 1933 година, селото се распаднало, а неговите жители се преселиле главно во селото Мелик, поради што во подоцнежните пописи не се спомнува.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σάδενα -- Καράβι
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 24–25.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
|