Кале (Алданци)
Кале — археолошко наоѓалиште во крушевското село Алданци. Претставува населба од хеленистичкото време. На највисокиот дел од наоѓалиштето, по површината се среќаваат грамади од кршен камен и варов малтер, а поретко фрагменти од керамички садови. Поголема концентрација на подвижни наоди има на јужниот дел. Најдени се и бронзени монети од градот Пела. Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Прилеп.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Разбојна Дупка — хеленистичка гробница;
- Градиште — римска населба;
- Алданци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Крушевско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче(1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |