Еврејски празници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свеќи запалени во предвечерјето на Шабат и за време на останатите еврејски празници.
Јакобово скалило (c.1800) дело на Вилијам Блејк, изложена во Британскиот музеј, Лондон. Времето во Јудизмот се смета за линиско и продолжува кон крајот.

Еврејски празниципразници почитувани од Евреите[б 1] во текот на годината, познати и како еврејски слави, или, Јамим товим (ימים טובים „Добри денови“, еднина יום טוב Јом тов), се превземени од три извори: библиски мицви („заповеди“), рабините, и од современата историја на Израел.

Содржина

Општи замисли[уреди | уреди извор]

Групирања[уреди | уреди извор]

Одредени поими се користат како како ознаки за групи од празници.

Поими за опис на празниците[уреди | уреди извор]

Одредени поими се користат за различни категории на празници, во зависност од нивниот начин на постанување и самата нивна природа:

Шабат (שבת), се нарекува само со ова име. На сличен начин, Рош ходеш (ראש חודש) е познат само под тоа име.

  • Јом тов (יום טוב) се користи за празници кои имаат библиско потекло и кај овие празници е забрането мелаха. Станува збор за празниците Рош ашана, Јом кипур, првите денови на Сукот, Шемини ацерат Симхат Тора, првиот и последен ден од Пасха и Шавуот.
  • Моед (מועד), множина моадим (מועדים), се однесува на секој од Три празници за поклонение на Пасха, Шавуот и Сукот. Кога ќе се спореди со Јом тов се однесува на Хол амоед, средишните денови на Сукот и Пасха.
  • Хаг или Чаг (חג), множина чагим (חגים), може да се користи без разлика дали е Јом тов или моед. Се користи и за опишување на Ханука и Пурим, како и за Јом аацмаут (денот на независноста на Израел) и Ден на Ерусалим.
  • Таанит (תענית), или помалку познато како, цом (צום), се однесува на постот. Овие поими се општо користени за опис на рабинските пости, иако цом се користи во литературата и за Јом кипур.[1]

„Работа“ на Шабат и библиските празници[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мелаха.

Најпознатата карактеристика на Шабат и библиските празници е потребата од воздружување од мелаха за време на овие денови.[б 2] Мелаха најчесто преведува како „работа“, подобар превод можеби би било дека станува збор за „креативно-конструктивна работа“. Строго кажано, мелаха се дефинира како еврејски закон (халаха) со 39 трудови категории кои се употребувани во шаторот за состаноци додека Евреите талкале низ пустината. Како што е познато традиционално и како што е во Ортодоксалниот јудаизам:

  • На Шабат и Јом кипур сите мелаха се забранети.
  • На Јом тов (покрај Јом кипур, или кога се совпаѓа со Шабат), повеќето мелаха се забранети. Некои мелаха поврзани со подготовката на храната се дозволени.
  • за викдендите за време на Хол амоед, мелаха е забранета. Сепак, мелаха треба да биде ограничена за потребите да се зајакне уживањето или потсетувањето дека сепак станува збор за празник или пак да се избегне голема финансиска загуба.
  • На други денови, не постојат забрани за мелаха.[б 3]

Всушност, конзервативниот јудаизам го подразбира воздржувањето од портребата за мелаха на ист начин како и Ортодоксниот јудаизам. Во практиката, конзервативните рабини најчесто одлучуваат за забрана на мелаха што е поразлично од ортодоксните авторитети.[2] Сепак, постои број на конзервативни заедници околу светот каде Шабат и празниците многу блиску наликуваат на ортодоксните заедници.[б 4]

Сепак, многу, ако не и повеќето, обичните членови на конзервативните здруженија во Северна Америка не се сметаат себеси почитувачи на Шабат, дури и за конзервативните стандарди.[3] Во исто време, подржувачите на напредниот јудаизам, вклучувајќи го тука и реформистичкиот јудаизам и реконструирачкиот јудаизам, не го прифаќаат халаха, а со тоа и забраните за време на мелаха.[4] Евреите кои се припадници на кој и да е опис се воздружуваат од мелаха по сопствено гледиште.

Спасувајќи живот. Шабат и празничните воздржувања се занемарени во случаите пикуах нефеш, што значи спасување на живот. На најосновно ниво, ако постои можност за какво и да е дејство со кое би се спасило живот, забраните за Шабат се прекршуваат веднаш, без никакво размислување.[б 5] Каде опасноста по животот е присутна но не е моментална, постои начело за што е можно помало прекршување на работните забрани за време на Шабат. Законите во оваа област се премногу сложени.[5]

Вториот ден на библиските празници[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јом тов шени шел галијот.

Во Тората постои еден датум во еврејскиот календар за одредување на празниците. Сепак, празниците со библиско потекло покрај Шабат и Јом Кипур се слават два дена надвор од Израел, и Рош ашана која се слави два дена и во самиот Израел.

Датумите за празниците во еврејскиот календар се изразени во Тората како „денот x од месец y.“ Соодветно, почетокот на месец y треба да се одреди пред соодветната дата на празникот ден x. Месеците во еврејскиот календар се месечеви, и можат да се прогласат за официјални од страна на санхедрин и истото е потврдено од сведоцикој потврдуваат дека ја виделе новата млада месечина.[б 6] Санхедринот подоцна ги известува еврејските заедници од своето место за состанување и објавува дека ја прогласува новата месечина. Практиката за славење на вториот празничен ден потекнува од потребата за раширување на објавата.[6]

  • Рош ашана. Поради празничните забрани за патување, гласниците не можеле да го напуштат седиштето на Санхедринот се додека на заврши празникот. Следствено, не постоел начин за некој кој живее надвор од седиштето на санхедринот да добие известување за прогласувањето на новиот месец се до оној момент додека не пристигнале гласниците.[7][б 7]
  • Три празници за поклонение. Сукот и Пасха се на 15-иот ден од месецот во кои се празниците. Со ова им се овозможува на гласниците да имаат период од две недели да ги информираат заедниците за прогласувањето на новиот месец. Секако, тие би пристигнале со сите заедници низ Израел, но тие не би пристигнале до заедниците кои се надвор од Израел. Последователно, практиката развиена за овие празници за славење е еден ден во Израел и два дена за оние кои се надвор од Израел. Оваа практика е позната какојом тов шени шел галијот, „втор ден за славење на заедницте во странство“.[8]
За Шавоут, пресметан как петнаесетиот де од Пасха гореспомнатиот проблем не важи директно бидејќи вистинската дата за Пасха ќе се знае тогаш. Сепак, во Талмудот е запишано и важи истото правило за Шавоут, и за Седмиот ден од Пасха и Шемини ацерет.[9]

Јом кипур не се слави никаде два дена бидејќи е тешко да се издржи постот два дена.[б 8]

Шабат не се слави на одреден датум, туку едноставно во интервали од седум дена. Сепак не пшостои сомнеж за датумот на Шабат, и никогаш не се слави два дена.[б 9]

Следбениците на напредниот јудаизам, вклучувајќи ги тука и припадниците на реформистичкиот јудаизам и реконструрачкиот јудаизам, традиционално не ги слават два дена празниците,[10] но сепак некои од нив започнуваат да ја слават два дена Рош ашана.[11]

Празници со библиско и талмудско потекло[уреди | уреди извор]

Шабат[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шабат.

Еврејскиот закон (халаха) на Шабат (שבת) му определува статус на празник, ден за одмор кој се прославува на седмиот ден од секоја недела. Еврејскиот закон го определува денот кој завршува на зајдисонце кога и започнува наредниот ден. Така,

  • Шабат започнува при зајдисонце во петок. Почетокот се означува со палењето на шабатните свеќи и со рецитирањето на кидуш над чаша вино и
  • Шабат завршува на зајдисонце во сабота. Крајот се означува со молитвата позната како хавдала.

Основните ритуали при славењето на шабат се:

  • Читањето на неделниот дел од Тората
  • Рецитирање на молитвата амида во три различни периоди за да се отстрани желбата за секојдневните потреби
  • Додавање на службата мусаф кон дневните молитви
  • Уживање во трите оброци, често проследени со молитви, низ текот на целиот ден.
  • Воздржување од извршување на мелаха (Погледај те погоре).

На многу начини халаха го смета Shabbat како најважниот ден во еврејскиот календар.

  • IСтанува збор за првиот празник споменат во Танах (еврејската библија), и Бог бил првиот кој го прославил (создавањето).
  • Во Тората може многу повеќе да се порчита за Шабат отколку за Јом кипур или кој и да е друг празник.
  • Запишаната казна во Тората за непочитување на Шабат е смрт со каменување (протерување 31),додека казната за останатите празници е доста помала.
  • Славењето на Шабат е одредница која се користи во халаха за да се одреди дали една личност е доследна во славењето и дали истата е религиозно посветена личност во заедницата.

Рош ходеш—новиот месец[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рош ходеш.

Рош ходеш (ראש חודש) („почеток на месецот“) е мал празник или слава за почетокот на првиот ден од секој месец во еврејскиот календар, како и последниот ден од претходниот месец доколку истиот има тридесет денови.

  • Славењето на Рош ходеш во периодот на пророците е доста добро образложено.[12]
  • Со текот на времето има различни нивоа на славење на обичаите при што жените биле ослободени од одредени работни обврски.[13]
  • Постењето е забрането за време на Рош ходеш.

Денес славењето е ограничено на промени во литургијата.

За време на месецот тишри, славењето е истиснато поради славењето на големниот празник Рош ашана.

Поврзани прослави:

  • Датумот на пред самиот Рош ходеш кога се најавува во синагогата пред Шабат.
  • Постојат и специјални молитви кои се изговараат при набљудувањето на месечината при почетокот на секој месец.

Рош ашана—Еврејска нова година[уреди | уреди извор]

Селихот[уреди | уреди извор]

Месецот елул кој е пред Рош ашана се смета за соодветно време за покајание.[14] Поради оваа причина, поради оваа причина се додадени дополнителни молитви наречени селихот кон дневните молитви со исклучок на Шабат. Сефардските Евреи ги додаваат овие молитви кон крајот на неделите за време на месецот елул. Ашкеназите ги рецитираат истите од последната недела (или саботна ноќ) пред Рош ашана со што се добиваат четири денови за рецитирање.

Рош ашана[уреди | уреди извор]

Симболите на Рош ашана: шофар, јаболко и мед, калинки, кидушко вино
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Рош ашана.
  • Ерев Рош ашана (предвечерјето на првиот ден): 29 елул
  • Рош ашана: 1–2 тишри

Според усната традиција, Рош ашана (ראש השנה) („почетокот на годината“) е ден за сеќавање или потсетување (יום הזכרון, Јом хацикарон),[15] и ден за судење (יום הדין, Јом Хадин).[16] Господ се појавува во улога на крал, при што ги потсетува и суди сите личности според нивните дела, и објавува декрет за секоја личност за следната година.[17]

Празникот е одбележан со една одредена мицва: при што се дува во шофарот.[18] Според Тората, ова е првиот ден од седмиот месец на календарската година,[18] и го означува почетокот на десетдневниот период кој води до Јом кипур. Според едно од двете Талмудски мислења, создавањето на светот било завршено на на Рош ашана.[19]

Утринските молитви се долги за време на Рош ашана и се фокусираат на тематиките опишани погоре: величество и судење, потсетување, раѓањето на светот, и дувањето на шофарот. Ашкеназите рецитираат кратки ташлих молитвите, симболично отфрлаат гревовите од претходната година за време на попладнето на Рош ашана.

Библијата ја одредува Рош ашана како еднодневен празник,[18] но традиционално се слави два дена, дури и во Израел. (Погледајте Втор ден од библиските празници, погоре.)

Четири нови години[уреди | уреди извор]

Тората не користи поими како „нова година“ во однос на Рош ашана. Мишна во расправата „Рош ашана[20] одредува четири различни „новогодишни денови“ со различни намени:

  • 1 тишри („Рош ашана“): „нова година“ за пресметување на календарските години, сабатна година(шмита) и јубилејни циклуси, и ерата на дрвата за примени во еврејското право, и за одвојување на зрнестиот десеток.
  • 15 шват (ту бишват): „нова година“ за дрвјата – на пример нивнито моментален земјоделски циклус и поврзаноста со десетокот.
  • 1 нисан: „нова година“ за броење на месеците и поголемите празници и за пресметување на годините на владеењето на еврејските кралеви.
    • Во библиските времиња, денот кој следел по 29 адар, првата година од владеењето на ___, ќе биде проследен од 1 нисан, втората година од владеењето на ___.
    • Во современието, иакогодината на еврејскиот календар се менува на Рош ашана, месеците и понатаму се одбројуваат од нисан.
    • Трите празници за поклонение секогаш настапуваат по одреден редослед Пасха-Шавуот-Сукот. Ова може да има религиозни законски последици дури и во современието.
  • 1 елул (Рош ашана лабеема): „нова година“ за животнинскиот десеток.

Асерет јеме тешува—Десет денови за покајание[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Десет денови за покајание.

Првите десет денови од тишри (од почетокот на Рош ашана па се до крајот на Јом кипур) се познати како десетте денови за покајание (עשרת ימי תשובה, Асерет јеме тешува). За време на овој период, во исчекување на Јом кипур, е „претерано соодветно“[21] за Евреите да применуваат тешува („повраток“), преглед на делата на една личност и покајание за гревовите кои се сторени против другите луѓе и Бог. Ова покајание јго има обликот на некои дополнителни потреби, признавање на делата пред господ, постење, себе анализа, и зголемено учество при волонтирање, или пак давање на донации за ралични добротворни здруженија.

Цом Годолија—Пост на Годолија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пост на Годолија.
  • Пост на Годолија: 3 тишри

Пост на Годолија (צום גדליה) е мал еврејски празник проследен со пост. Преку овој празник се одбележува убиството на владетелот на Јудеја по кого е наречен постот, со што се става крај на владеењето на Евреите по уништувањето на Првиот храм.

Наводно убиството се случило на Рош ашана (1 тишри),[22] но постот се одложил до 3 тишри во знак на почит кон празникот. Можно е повторно да се одложи на 4 тишри доколку 3 тишри е Шабат.

Како и сите помали постови, потребно е да се пости од зори до мрак, но не се потребни други видови на молитви. Се чита Тората при изведувањето на двете молитви шахарит и минха, при што се додава и хафтара при молитвата минха. Постојат и голем број на додавања на литургија при двете служби.[23]

Јом кипур—Ден за покајание[уреди | уреди извор]

Човек облечен во талит дува на шофар
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јом кипур.
  • Ерев Јом кипур: 9 тишри
  • Јом кипур: 10 тишри (започнува на зајдисонце)

Јом кипур (יום כיפור) е најсвеиот ден во годината за Евреите.[б 10] Ценралната тема на празникот е покајание и помирувањето. Сето ова се постигнува преку молитва и целосен пост—потребно е воздржување од храна и пијалоци (вклучително и вода)—од страна на сите возрасни.[б 11] Бањањето,носењето на парфеми и колонска вода, носењето на кожни чевли, како и имањето на сексуални односи се дел од другте забрани за време на чествувањето на Јом кипур — и сите сè со цел да се осигура целосна посветеност на потребата за покајание кај Бог. Јом кипур е единствен меѓу празнувањата бидејќи кај истиот имаме забрани поврзани со работењето слични на оние кај Шабат. Постот и другите забрани започнуваат на 10 тишри на зајдисонце,почетокот на денот според еврејската традиција.

Традиционлната молитва на арамејски наречена кол нидре („сите завети“), традиционално се рецитира пред зајдисонце. Иако често како почеток на вечерната служба за Јом кипур така што ерев Јом кипур („Вечерта пред Јом кипур“) честопати се нарекува „кол нидре“, што пак претставува посебна традиција. Ова е така поради, потребата да се изрецитира пред зајдисонце, односно на 9 тишри, што всушност е денот пред Јом кипур т.е. не се рецитира на самиот ден на Јом кипур (на 10 тишри,ден кој започнува по зајдисонцето).

Зборовите на кол нидре се разликуваат кај ашкеназите и сефардите. Молитвите и кај двете заедници се однесуваат на ослободувањето од заветите кои биле дадени пред Бога за време на претходната година, со што неостварените завети би биле поништени и со тоа простени. Кај ашкензаите, спомнувањето се однесува на наредната година, кај сефардите пак се однесува ан годината која штотуку завршила. Само заветите меѓу поклоненикот и Бога се од важност. Заветите меѓу поколненикот и останатите луѓе и понатаму си остануваат во важност, бидејќи не се опфатени со молитвите.

Кај традиционалистичките заедници, мажите носат кител за време на дневните молитви. Талит (четириаголен молитвен шал) се носи од утрото до самрак и за време на попладневните молитви, единствениот ден во годината кога се практикува оваа традиција. Молитвите за време на Јом кипур се подолги од оние на при другите ноќи во годината. Откако ќе започнат молитвените служби во утрото, службите се најдолги во текот на целата година. Во некои традиционалистички синагоги молитвите траат без прекин од утро до мрак, илипак приближно така. Се издвојуваат две својства за утринскитте молитви во традиционалистичките синагоги а тоа се Јизкор, молитвата за сеќавање , и литургиската поема (пијутим) со која се опишува служба во храмот за време на Јом кипур.

Други два настани кои се случуваат подоцна вп денот, за време на молитвата минха се хафтара читањето на целата Книга на Јона. Конечно, денот завршува со неила, специјална служба која се одржува само на Јом кипур. Неила се однесува на крајот на празникот и завршува со молба до Бога за прошка пред самиот завршеток на постот. Јом кипур завршува со дувањето на шофар, со што завршува постот. Станува збор за празник кој се чествува еден ден во Израел и надвор од Израел.

Јом кипур заедно со 15 ав се сметаат за најсреќните денови во годината (талмуд бавли—трактат таанит).[24]

Статус на Јом кипур во Македонија[уреди | уреди извор]

Првиот ден на Јом кипур е официјален празник и неработен ден за припадниците на еврејската заедница во државата.[25]

Сукот—Пост за шаторите[уреди | уреди извор]

Сукатен шатор
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сукот.
  • Ерев Сукот: 14 тишри
  • Сукот: 15–21 тишри (22 надвор од Израел)
  • Првиот ден на Сукот (надвор од Израел, првите два дена) се јом тов, додека останатите денови се Хол амоед, „непосредни денови“.

Сукот (סוכות or סֻכּוֹת, sukkōt) е седумдневен празник, познат и под името пост за шаторите, гозбата за огништата, или само огништа. Станува збор за еден од трите празници на поклонението (шалош регалим) кои се споменати во библијата. Сукот го одбележува годините кои Евреите ги поминале во пустината на нивниот пат кон ветената земја, и го слави начинот на кој Бог ги заштитил од тешките пустински услови. Зборот сукот е множина од еврејскиот збор сука, што означува шатор. На Евреите им било наредено да живеат во шатори за време на празникот.[26] Ова значи дека дека покрај исхраната потребно е да се спие во суката, особено во Израел. постојат одредени правила за изградба на суката.

Покрај потребата да се живее во сука, основниот ритуал поврзан со овој празник е и потребата да се користат четирите видови (лулав (палма), адас (мирт), арава (врба) и етрог (цитрон).[27] на секој ден од овој празник со исклучок на Шабат, истите се мавтаат при рецитирањето халел во синагогите, за подоцна да се оди во обиколка на синагогата обичај кој се нарекува ошанот.

Седмиот ден ана сукот се нарекува Ошана раба, или „големата хошана“. Целосноста на дневните молитви вклучува и седум поворки ошанот околу синагогата. Оваа традиција ги пресликува практиките од Храмот во Ерусалим. Во многу погледи дневните обичаи наликуваат наликуваат на оние на рош ашана и Јом кипур. Ошана раба се смета дека е денот за конечниот суд Јом кипур, со што се има последна шанса за молитва и покајание пред да заврши празничната сезона.

Надвор од Израел, оброците се уште се јадат во суката на осмиот ден, т.е.Шемини ацерет, празник сам за себе. (Погледајте во наредниот пасус.)

Шемини ацерет и Симхат Тора[уреди | уреди извор]

Танцување со Тората
Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Шемини ацерет“ и „Симхат Тора.
  • Шемини ацерет: 22 тишри (прославуван заедно со Симхат Тора во Израел)
  • Симхат Тора надвор од Израел: 23 тишри

Празникот Шемини ацерет (שמיני עצרת) следува веднаш по завршувањето на Сукот. Еврејскиот збор шемини означува „осми“, и се однесува на „осмиот ден“ на Сукот, које всушност седмодневен празник. Ова име го потврдува фактот дека Шемини ацерет е посебен празник, во некои погледи неговото славење е поврзано со Сукот.

Нјапознат обичај на овој празник е славењето на Симхат Тора (שמחת תורה), што значи „играње со Тората“. Ова име оригинално се однесувало на специјалната „церемонија“: последниот неделен дел од Тората е прочитан од второзаконието, со што се завршува годишниот циклус, и е проследен веднаш со читање на првото поглавје од постанокот, со што започнува новиот годишен циклус. Службите се особено весели, при што сите присутни, млади и стари, се вклучени.

Ова церемонија фдоминира при славењето на празникот во Израел, каде празникот е со траење од еден ден, целото празнување понекогаш се нарекува само Симхат Тора. Надвор од Израел, празникот се слави два дена, името Шемини ацерет се користи за првиот ден, додека вториот ден се нарекува Симхат Тора.

Ханука—Фестивалот на светлината[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ханука.

Приказната поврзана со Ханука (חנוכה) е зачувана во книгите на првата и втората книга на макавејците. Овие книги не се дел од Танах (еврејската библија), станува збор за апокрифски книги. Чудото за еднодневнота залиха на маслиново масло кое чуденствено траела осум денови за првпат е опишано во Талмудот (Шабат 21b), напишан 600 години по настаните опишани во книгите на макавејците.[28]

Ханука го означува поразот на селевкидските сили кои се обиделе да ги спречат луѓето од Израел да практикуваат јудаизам. Јуда Макавејски и неговите браќа ги поразиле непријателските сили, и го возобновиле Храмот во Ерусалим. Осмодневното празнување се означува со запалување на свеќите една на првата ноќ, две на втората ноќ, и се така при што се користи свеќник наречен менора или Ханукина менора.

Религиозно гледано Ханука е мал праник, освен кога е Шабат, и важат забраните за работа.[б 12] Покрај палењето на свеќите, обичните славења се сосредочени на промени во литургијата. Славењето на Ханука тежнее да биде неформално и засновано на обичаи намаесто на некои законитости. Трите широко прифатени обичаи се:

  • Јадење на храна прпремена во масло, као што се компири палачинки или крофни, со што се одбележува чудото поврзано со маслиновото масло
  • Играње на играта дрејдел (која на еврејски се нарекува севивон), со што се означува прикривањето на илегалните читања на Тората како игри за коцкање пред бунтот на макавејсците[б 13]
  • Давање на пари на децата, особено на монети, наречени ханукини пари. Сепак, давањето на подароцие со неодамнешно северно американско потекло, и се поврзува со даровната економија која се надоврзува на славењето на Божиќ.[б 14]

Десетти тевет[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Десетти тевет.
  • Асара б'тевет: 10 тевет

Десетти тевет (עשרה בטבת, асара б'тевет) е мал празник за пост, кој го означува почетокот на опсадата на Ерусалим опишан во 2 книга царства 25:1

И се случи во деветата година од владеењето во десетиот месец, и десетиот ден на тој месец, кога Набукодоносор кралот на Вавилон пристигнал, тој и неговата армија, непријателите на Ерусалим, кои го опсаднале градот и изградиле утврдувања спроти и околу градот.

Поменот со постење вклучува други настани кои се случуваат на 8, 9 и 10 тевет.

Овој пост се слави како и останатите помали пости is (Погледајте Цом Годолија, погоре). Станува збор за мал пост кој е во петок според моменталниот еврејски календар.

Ту бишват—Нова година на дрвјата[уреди | уреди извор]

Јаткасто и сушено овошје, кои традиционално се јадат на Ту бишват
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ту бишват.

Tu Bishvat (ט"ו בשבט) („петнаесетти шват“, каде ט״ו е бројот „15“ изразен преку букви), и станува звбор за новата година за дрвјата. Празникот е познат и по името חג האילנות (Хаг а'иланот, празник на дрвјата), или ראש השנה לאילנות (Рош ашана ла иланот нова година на дрвјата). Според Мишна, го означува денот кога овошјето се брои за десетоците. Почнувајќи на овој датум, библиската забран за јадење на овошје во првите три години (орла) и потребата да се принесе овошје во четвртата година (нета реваи) во Храмот во Ерусалим.[29]

За врема на XVII век, рабинот Јицак Лурија од Сафед и неговите следбеници создале мал седер, наречен емдат ха јамим, потсетик на седерот кои Евреите го чествувале за време на Пасха, кој ги истражува кабалистичките теми. Овој Ту бишват седер заживеал во последните години. Поопшто, Ту бишват се слави современо со јадење на различни овошја и јаткасти плодови поврзани со Израел.

Традиционално, се засадуваат дрвја ан овој ден.[30] Многу од децата собираат парични средства за овој ден за да засадат дрвја во Израел. Дрвјата истотака се засадуваат и во непосредна близина на домовите.

Пурим—Празник на изобилието[уреди | уреди извор]

Пурим катан[уреди | уреди извор]

Пурим катан (פורים קטן) („мал Пурим“) се слави на четиринаесетти и петнаесетти прв адар при престапните години. Овое денови се одбележани со зголемувањето на славењето, вклучително и забраната за постење, aи мали промени во литургијата.

Таанит Естира–Пост на Естира[уреди | уреди извор]

Воведното поглавје на рачно напишаниот свиток од книгата на Естера, со покажувач за читање
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пост на Естира.

Таанит Естера (תענית אסתר), или „пост на Естира“, именуван во чест на постот на Естира и нејзиниот двор кои се припремале за непоканети да му се приближат на кралот за да го поканат него и Аман на банкет.[31]Се слави тој пост, како и тој што се споменува во Книгата ан Естира,[32] во моментот кога Евреите се припремале да се соочат со своите непријатели.

Овој пост се чествува како и останатите мали пости (Погледајте Цом Годолија, погоре). Иако нормално се слави на 13 адар, предвечерјето на Пурим, овој пост се слави на 11 адар кога 13 адар е на ден Шабат.

Пурим и Шушан Пурим[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пурим.

Пурим (פורים) ги споменува настаните кои се случиле во книгата на Естира. Основните слави или споменувања вклучуваат:[33]

  • Читање на мегила. Традиционално, се чита од свитокот два пати за време на Пурим, еднаш при приквечерието и уште еднаш во утрото. Ашкеназите имаат обичај да испуштаат недолични извици при секое споменување на името на Аман за време на читањето.
  • Дарување на подароци од храна и пијалоци на пријателите и соседите Мишлоа манот.
  • Дарување на подароци на сиромасите и оние во неволја Матанот лаевјоним.
  • Оброкот за Пурим (Сеудат Пурим или Пурим Сеуда). Oвој оброк традиционално е проследен со пиење на алкохол во голем број со претерано пиење на алкохол,[34] иако еврејските мудреци предупредуваат дека треба да се почитуваат сите законитости дури и во пијана состојба.[б 15]

Неколку обичаи настанале од овие основни споменувања. Еден широкораспространет обичај е да се глуми за време на Пурим. Пуримските игри, го влечат своето потекло одовде, иако пуримските игри iне се ограничени на оваа тема.[35] Носењето на костуми имаски е доста често. ова може да биде причина за зголемување на бројот на Пуримски претстави, но постојат неколку теории за потеклото на овие обичаи, најмногу поврзани со „скриената“ природа на чудата за време на Пурим.[б 16]

Пуримските карневали исто така станале чест обичај. Во Израел постојат празнични паради, познати како ад длојада,[36] на главната улица на градот. Најголемиот и најпознатиот е Холон.[37]

Повеќето Евреи го слават Пурим на 14 адар, денот за прослава кога Евреите ги поразиле своите непријатели. Бидејќи Евреите од Шушан се бореле со своите непријатели еден дополнителен ден, Пурим се слави исто така еден ден плус, на денот познат како שושן פורים, Шушан Пурим. Ова славење било проширено на „утврдените градови“,[33] кои се забележани како „утврдени градови уште од времето на Исус Навин“.[38] Во практиката, не постојат Евреи во Шушан (Шушан, Иран), и Шушан Пурим се слави целосно само во Ерусалим. Градовите како Сафед и Тиберијада исто така половично го слават Шушан Пурим. На другите места, Шушан Пурим се одбележува со мало зголемување на славењето, вклучително и забраната за постење, и малите промени во литургијата.

Песах—Пасха[уреди | уреди извор]

  • Ерев Песах и пост на првородениот, („таанит бехорот“): 14 нисан
  • Pesach[б 17] (Пасха): 15–21 нисан (надвор од Израел 15–22 нисан)
  • Првиот и последниот ден од Пасха (надвор од Израел, првите два и последните два дена) се јом тов, додека останатите го имаат статусот на Хол амоед, „средишни денови“.
  • Песах шени (втора Пасха): 14 ијар

Месецот нисан[уреди | уреди извор]

По правило, месецот нисан се смета за месец на особена радост. Традиционално, низ целиот месец, забранет е таханун за време на молитвените служби, многу од јавните тажачки обичаи (како изведбата на еулогија на погреб) се отстранети, и доброволните постења се забранети.[39] Сепак, има различни практики на славење.[40]

Предвечерјето на Пасха и постот на првородениот[уреди | уреди извор]

Традиционална подреденост на симболична храна за време на Пасхена седерна чинија
Сервис поставен на маса за Пасха седер

Денот пред Пасха (Ерев Песах) е заначаем поради три причини:

  • Станува збор за ден во кј сите вклучителни подготовки за Пасха, особено мора да се отстрани квасецот од храната. Вообичаено е да се направи потрага по можните остатоци на хамец за време на ерев Пасха, и целиот хамец е отстранет и исфрлен во утрото на ерев Песха.[41]
  • Станува збор за денот славен како Пост на првородениот (תענית בכורות). Евреите кои се првородени[б 18] постат, во чест на сеќавањето на десеттата чума, кога Бог ги убил првородените деца на египќаните, поштедувајќи ги првородените деца на Евреите.[42] Овој пост е завршен со сеудат мицва, оброк со кои се слави исполнувањето на заповедта, т.е. се очекува првородените Евреи да присуствуваат на овој оброк на овој ден[б 19] за да се нивната потреба за пост.
  • За време на ерат ан Храмот на Ерусалим, курбан Песах, или жртвувањето на пасхалното јагне, се изведувало на попладнето на 14 нисан во исчекувањето на неговото приготвување како оброк за време на ноќта на Пасха.[41]

Кога Пасха започнува во недела,а со тоа и предвечериетое е Шабат, распоредот на настаните се менува. Погледајте за повеќе детали предвечерие на Пасха за Шабат.

Пасха[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пасха.

Пасха (פּסח) („Песах“), литургиски позната и под името חג המצות („аг хамецот“, „празник на неквасен леб“), е еден од трите празници за поклонение (шалош регалим) споменати во библијата. Пасха го слави ослободувањето на израелитските робови од Египет.[43] Се јаде само храна која не содржи хамец (безквасна храна), или пак да се има таква храна, за време на неделата додека трае Пасха, во спомн на Евреите кои го напуштиле Египет толку брзо што нивниот леб немал ни време да нарасне.[44] Верниците Евреи со големи напори се трудат да го отстранат сиот хаметц од нивните домови и работни простории за време на траењето на Пасха.[45]

Покрај избегнувањето на хаметц, начелниот ритуал единствен за овој празник е т.н. седер. Седер, означува „ред“, е подреден ритуален оброк кој се јаде за време на првата ноќ на Пасха, и надвор од Израел на втората ноќ. Овој оброке е познат по неговати точно определени состојќи, мацо (бесквасен леб), марор (горчливи тревки), и четирите чаши вино, како и по текстот во молитвеникот, хагада. Учеството на седер за врема на Пасха е еден од најславените еврејски ритуали, дури и меѓу оние еЕвреи кои не се религиозни.[46]

Пасха трае седум дена во Израел (според Ex. 12:15), и осум денаови надвор од Израел. Празничниот последен ден од Пасха (надвор од Израел, трае два дена) и го одбележува разделувањето на Црвеното Море, според преданијата ова се случило на седмиот ден на Пасха.[47]

Песах шени[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Песах шени.

Песах шени (פסח שני) („втора Пасха“) е ден запишан во Тората[48] со кој се овозможува на оние кои не принеле жртвено јагне (курбан песах) да принесат. Потребата насатанала поради оние кои биле одалечени од Ерусалим за време на Пасха, или пак оние кои биле неподобни да учествуваат на нудењето на жртвата. Денес, некои имаат обичај да јадат мацо во текот на Песах шени, додека пак некои прават мали измени на литургијата.

Сефира—Броење на омерот[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Броење на омерот.
  • Сефират омерот (Бреоње бна омерот): 16 нисан–5 сиван[б 20]

Сефира („броење“ или целосно Сефират омер „Броење на омерот“) (ספירת העומר), е четириесет и деветниот период меѓу библиските молитвени празници Пасха и Шавоут. Во тората стои[49] овој период треба да се брои каков во денови така и во недели. Првиот ден на овој период[б 20] е денот на првата житна понуда од годинешната жетва, изразен во омери јачмен. Денот кој следи по 49-те денови е празникот Шавоут, Тората ја одредува житната понуда од пченица на тој ден.[49]

Симболично, овој период почнал да го претставува духовниот раст на израелитските робови во многубожното општество на Стариот Египет да ги ослободи, еднобожните луѓе вредни за откровение на Тората, за која се смета дека се случило на Шавоут. Духовниот развој останува клучно рабинско учење од тој период.[50]

Сефира одсекогаш се сметала како период на полужалење. Ова обичајно објаснување[51] опишува чума која убила преку 24.000 ученици на Рабинот Акива (БТ Јевамот 62b).[б 21] Гледано пошироко, жалењето предизвикува ограничување на веселостите (како што се сбвадбите),не се слуша музика, не се ноци нова облека, не се дозволува бричење и потстрижување.[51] Постои раширена практика која се почитува при чествувањето. Погледајте Броење на омерот (полужалење).

Клада за Лаг баомер.

Лаг баомер[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Лаг баомер.

Лаг баомер (ל"ג בעומר) е тридесет и третиот ден од броењето на омерот (ל"ג е бројот 33). Според обичаите на ашкеназите, полужалењето кое пости за време на сефира (Погледајте погоре) се отфрла за време на Лаг баомер, додека пак сефардите е да се отстрани пеи крајот на Лаг баомер.[51][52] Се прават и мали литургиски измени за време на Лаг баомер, бидејќи се забранети жалењата, па четопати на овој ден се одвиваат венчавките.

ЛАг баомер се поистоветива со Јом хилула на Рабинот Шимон бар Јохај, еден од водечките таним (учители со наводи во Мишна) и автор на јадрениот текст на кабалата, Зохар. Обичајните славења вклучуваат и клади, излети, додека пак децата си играат со лак и стрела.[53] Момчињата понекогаш првпат се потшишуваат за време на Лаг баомер,[54] додека пак хасидите чествуваат тишови на овој ден.

Во Израел, Лаг баомер се поврзува со бунтот бар кохба против римското царство. Во ционистичката мисла, која ги десеткувала 24.000-те следбеници на рабинот Акива се објаснува како последица од бунтот, каде тридест и третиот ден го објаснува крајот на чумата со извојуваната победа на бар кохба. Традиционалните клади и игри со лак и стрела се всушност претстава за извојуваната победа.[53] Во овој период, од редот се создадени израелските одбранбени сили во 1948 година, 13 денови откако Израел ја прогласува својата независност.[55]

Шавоут—неделните гозби—Јом хабикурим[уреди | уреди извор]

Блини со сирење, традиционалана храна за време на Шавоут
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Шавоут.

Шавоут (שבועות), неделните гозби, е еден од трите празници за поклонение (Шалош регалим) опишани во Тората. Различен од останатите библиски празници, датумот на Шавоут не е определен во Тората. Се слави по четириест и деветиот или последниот ден на броењето на омерот.[49] Во моменталната ера на непроменливиот еврејски календар, датумот на Шавоут е на 6 сиван. Во Израел и во реформирачкиот јудаизам, станува збор за еднодневен празник, надвор од Израел е дводневен празник кој се прославува и на 7 сиван.[б 20]

Според рабинската традиција, кодифицирана во Талмудот Шабат 87b, на овој ден се дадени десетте заповеди. Во ерата на храмот постоеле одредени понуди кои се наменети за Шавоут, и Шавоут бил првиот ден за носење на бикурим (првите овошки) во Храмот. Покрај ова, не постојат точни мицвот за Шавоут запишани во Тората (слични на мацо за време на Пасха или Сукот).

Сепак, постојат број на широко распостранети обичаи кои се чествуваат на Шавоут. За време на овој празник деловите од Тората кои ги содржат десетте заповеди се читаат во синагогата, се чита и библиската Книга Рут. Обичај е да се јадат млечни оброци за време на Шавоут. Во круговите каде се чествува, целоноќно проучување на Тората е вообичаена појава за време на првата ноќ на Шавоут, додека пак во реформистичкиот јудаизам, Шавоут е вообичаен датум за конфирмациони церемонии.

Жалење за Ерусалим: седумнаесетти тамуз и Тиша беав[уреди | уреди извор]

Тринеделниот период кој започнува од 17 тамуз и завршува со Тиша беав традиционално се се слави како период за жалење поради уништувањето на Ерусалим и Светиот Храм.

Пост на седумнаесетти тамуз[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Седумнаесетти тамуз.

Седумнаесетти тамуз (שבעה עשר בתמוז, Шива асар бетамуз) обичајно го означува првото пробивање на ѕидовите на Ерусалим за време на римското освојување во 70 година при крајот на периодот на Вториот Храм.[б 22] Според обичаите, овој ден има негативна поврзаност бидејќи Мојсеј ги скршил првите табли на овој ден.[56] Во Мишна пак има пет негативни настани кои се случиле на 17-ти тамуз.[57]

Овој пост се чествува како и сите останати помали пости (Погледајте Цом Годолија, погоре). Кога овој пост се на Шабат, чеатвувањето се одложува до недела.

Трите недели и деветте денови[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Трите недели“ и „Деветте денови.
  • Трите недели: 17 тамуз – 9 ав
  • Деветте денови: 1–9 ав
  • Неделата на Тиша беав

Периодот меѓу постите од 17 тамуз и 9 ав, познати како „трите недели“ (еврејски: בין המצרים, „меѓу напрегањата“[58]), и е период одбележан со постепено зголемување на жалостливите практики како што се наближува Тиша беав. Ашкеназите се воздржуваат од правење на свадби и други веселости за време на овој период освен доколку датумот не е воспоставен од еврејскиот закон (како за брис). Не ја потстрижуваат својата коса за време на овој период.[59] На почетокот на 1 ав и низ наредните девет денови, ашкеназите се воздржуваат од јадење месо и пиење на вино, со исклучок за време на Шабат или пак за време на Сеудат мицва.[59] Се воздржуваат и од бањање.[59] Сефардите пак практуикуваат поинакви обичаи, со помалку забрани кои започнуваат на 1 ав, додека пак построгите забрани се за време на неделата на Тиша беав.[59]

Опишаните забрани погоре во ортодоксниот јудаизам се зајакнати и со почитувањето на традиционалните забрани. Кај конзервативниот јудаизам, комитетот за еврејски закони и стандарди при рабинското собрание има издадено неколку халаха кои велат дека забраните за свадби во овој период се доловремени обичаи кои треба да се почитуваат, но на истите не треба да се гледа како на обврзувачки закон. Сепак, конзервативните еврејски практики ќе дозволат свадба во овој период, со исклучок на 17-ти тамуз и 9-ти ав.[60] Рабините од реформистичкиот јудаизам и реконструирачкиот јудаизам сметаат дека халаха не е обврзувачки и верниците треба да го следат сопствениот разум при овие работи. Иако рабинското упатство на реформистичкото движење ѓи охрабрува реформиристачките рабини да не склучуваат свадби за време на Тиша беав „поради историката почит“ кон еврејската заедница.[61]

Тиша беав—Деветти ав[уреди | уреди извор]

Верници кои седат на подот во синагогата пред читањето на тажалки за време на Тиша беав
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Тиша беав.
  • Тиша беав : 9 ав

Тиша беав (תשעה באב) е голем ден за постење и ден за жалење. мидрашката традиција вели дека во овој период бил донесен негативниот извештај за Израел од шпионите на Тиша беав. Последователно, денот почнал да се поврзува со негативните работи низ еврејската историја. Најзебележително, Првиот Храм, изграден од самиот Соломон, и Вториот Храм биле уништени за време на Тиша беав.[57] Други несреќи низ историјата на Евреите се случиле за време на Тиша беав, вклучително и кралската уредба на кралот Едвард I (1290 година) кој ги приморал Евреите да ја напуштат земјата како и еврејскиот прогон од Шпанија во 1492 година.

Тиша беав е голем пост. Станува збор за пост кој трае 25 часа, и трае од изгрејсонце до зајдисонце. Како иза Јом кипур забрането е јадењето и пиењето, бањањето, парфимирањето, брачните обврски и носењето на кожни обувки. Работата не е збранета како за библиските празнувања но не се охрабрува. Во предвечерјето, се читаат тажалките во синагогата, додека пак во утрото се читаат кинот, елегиите. Од приквечејето до пладнето жалествените ритуали кои наликуваат на оние на шива, што вклучува седење на ниски столчиња или пак на подот, попладне овие забрани се намалени за да се запазат обичаите поврзани со обичаите дека че се роди месаја на Тиша беав.[62]

Кога постот завршува на приквечерјето на 9-10 ав, забраните на трите недели и деветте денови продолжуваат попладнето на 10 ав, бидејќи Вториот Храм продолжил да гори и во тој дел од денот. Кога 9 ав се паѓа на Шабат, кога постењето е забрането, постот се одложува до 10 ав. Во тој случај, забраните на трите недели и деветте денови завршуват со постот, со исклучокот на забраните за јадење месо и пиење вино, кои продолжуваат да трајат до утрото на 10 ав.[62]

Ту беав[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Ту беав.
  • Ту беав: 15 ав

Ту беав (ט״ו באב) во превод „15-ти ав“, е ден кој се споменува во Талмудот покрај Јом кипур како „најсреќен ден во годината“.[24] Станува збор за ден кој го слави носењето на дрво за потребите не службите во Храмот, како и денот кога браковите се склопуваат. Денес, се одбележува со мала промена на литургијата. Во современиот Израел, овој ден постанал празник кој наликува на Свети Валентин.

Останати пости[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Таанит.

Постојат и одреден број на стари или средновековни постови кои продолжиле да се слават во современието. Ваквото чествување е најчесто присутно кај ортодоксните Евреи, и не е широко прифатено и кај сите ортодоксни Евреи.[б 24]

  • Постови за суши и осатанати јавни несреќи. Поголем дел од Талмудскиот трактат таанит е посветен на прогласувањето и изведувањето на јавните пости. Најдеталниот опис се однесува на постите кога имало суши во Израел.[63] Наводно овие пости вклучувале и неила, молитва наменета само за рецитирање на Јом кипур.[64]
Додека одредени пости опишани во Мишна не се употребуваат денес, откако Евреите биле протерани од Израел, различни еврејски заедниципрогласувале постови низ годините, користејќи го овој модел. Два примери вклучуваат и пост меѓу полските Евреи во чест на сеќавање на масакрот на Евреите за време на Хмелницкото востание и едно востание од страна на руските едвреи за време на погромите од 1880 година.[65][66]
Од самото воспоставување на државата Израел, Главниот рабинат на Израел.[67]
  • Бехаб (בה"ב). Постите на бет хеј бет—понеделник-четврток-понеделник—биле воспоставени како можност за покајание за време на продолжените периоди за Пасха и Сукот.[68] Овие псотови започнуваат и на првиот Шабат од месецот ијар по Пасха, и месецот хешван по празникот Сукот. Заснован на моделот на Мишна таанит, постите се чествуваат во понеделник, четврток, понеделник по Шабат.
  • Јом кипур катан („малечок Јом кипур“). Овие пости потекнале во XVI век кај кабалските заедници во Сафед. Тие суштествено се поврзани со понудите за гревовите кои биле носени во Храмот во Ерусалим при секој Рош ходеш.[69] Овие пости се чествуваат на ден пред Рош ходеш во повеќето месеци.[70]

Израелски/еврејски национални празници и денови на сеќавање[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Јавни празници во Израел.

Како општо правило, еврејските библиски празници (Шабат, Рош ашана, Јом кипур, Пасха, Шавоут, Сукот и Пурим) се чествуваат како јавни празници во Израел. Ханука е училишен празник, но бизинисите продолжуваат со работа. На Тиша беав, рестораните и местата за забава се затворени. Останатите еврејски празници кои се објаснети погоре се чествуваат на различни начини и до различни степени.

Од создавањето на Израел во 1948 година, Кнесетот, заедно со Главниот рабинат на Израел, имаат воспоставено четири национални празници или денови на сеќавање:

  • Јом ашоа: Ден во чест на жртвите на холокаустот
  • Јом азикарон: Спомен-ден
  • Јом аацмаут: Ден на независноста на Израел
  • Јом Јерушалајим:Ден на Ерусалим

Статусот на овие денови како религиозни настани не е униформно низ еврејскиот свет. Неортодоксните, религиозните ционисти и современите ортодоксни еврејски религиозни движења[б 25] ги прифаќаат овие денови како религиозни а и како националени.

По правило, овие четири денови не се чествуваат како религиозни празници од повеќето харедските Евреи, како и од хасидистите. Некои од харедим се противат на постоењето на државни празници во Израел кои се засновани на религиозни основи, Додека пак останатите единствено сметаат дека нема доволна основа според еврејските закони да се оправда воспоставувањето на нови религиозни празници. За повеќе информации, Погледајте харедим и ционизам.

Чествувањето на овие денови во еврејските заедници надвор од Израел не се толку чествувани како што се чествуваат во Израел. Настаните одржани во владата и на јавни места во Израел, во странство се чествуваат во синагогите и месните заедници.

Израелската влада препознава и неколку етнички чествувања.

Јом ашоа—Ден во чест на жртвите на холокаустот[уреди | уреди извор]

Запалена жолта свеќа за време на Јом ашоа

Јом ашоа („ден на холокаустот“) е ден кој се одбележува во чест на жртвите на холокаустот. Неговото цело име е Јом азикарон лашоа влигевура („ден на холокаустот и хероизмот“) (יום הזכרון לשואה ולגבורה), и ја изразува желбата за оддавање на почит на мачениците кои починале при активниот отпор против нацистите заедно со оние кои починале како жртви од режимот. Датумот 27 нисан, е избран бидејки е датумот на востанието во Варшавското гето, и е едно од најпознатите еврејски востанија.[б 26][б 27]

Местата за јавни настани се затворени низ Израел за време на овој ден.[71] Државното сеќавање на Јом ашоа вклучува и религиозни елементи како што се рецитирањето на псалми , спомен-молитви, и кадиш, и палење на спомен-свеќи. Во Израел, најзабележителните чествувања се за време на државната спомен-церемонија при Јад вашем и сирените кои означуваат две минутен молк во 10.00 часот. Религиозните ционисти и современите ортодоксни Евреи учествуваат при таквите чествувања заедно со секуларните Евреи и Евреите кои припаѓаат на либералните религозни движења. Надвор од Израел, еврејските заедници го чествуваат Јом ашоа во земјите каде што живеат или пак доколку тие земји имаат сопствен ден за одбележување на холокаустот.[71] Најзначен помен е оној наречен маршот на живите, кои се одржува во Аушвиц-Биркенау, на кој присуствуваат Евреите од сите краишта на светот.

Вон ортодоксните Евреи, во денешницата се развива нова богослужба во чест на Јом ашоа. КОнзервативните, Реформистичките и Реконструционистичките молитвени книги го вклучуваат богослужба за Јом ашоа, во редовните неделни молитви. Конзервативниот јудаизам има напишано свиток наречен мегилат ашоа, наменет да стане определена богослужба во чест на Јом ашоа.[72][73] Оротдоксниот свет дури и делот кој учествува јавно за време на Јом ашоа е неодлучен да напише богослужба за тој ден, тие сакале да создадат кинот за рецитирање Тиша беав.[72][б 28]

За да се осигураат државните церемонии за Јом ашоа во Израел а со тоа и да не се прекршат шабатните забрани, датумот за Јом ашоа се разликува[б 29] како што следи во продолжение:

  • Ако 27 нисан е во петок, чествувањето на Јом ашоа се поместува за претходниот ден (четврток, 26 нисан).
  • Ако 27 нисан е во недела,шествувањето на Јом ашоа се поместува за нареднит ден (понеделник, 28 нисан).

Јом азикарон — Спомен-ден[уреди | уреди извор]

Момент тишина како што сирената се огласува во Тел Авив, Јом азирикон 2007 година

Јом хазикарон („Спомен-ден“) е ден за сеќавање за паднатите борци во израелските војни. За време на првите години од независноста на Израел, овој помен се чествувал на самиот Јом аацмаут (ден на независноста). Сепак, во 1951 година, поменот бил одвоен од празничните славења на денот на независноста и е поместен на моменталниот датум, ден пред Јом аацмаут.[74][б 30] Од 2000-та, опфатот на празникот се проширил и на цивилните жртви на тероризмот. Името на празникот сега е יום הזכרון לחללי מערכות ישראל ולנפגעי פעולות האיבה („Ден за помен на паднатите во битките за Израел и за жртвите на тероризмот“).[75]

Местата каде се одржуваат јавни забави се затворени низ целиот Израел во чест н празникот.[76] Многу училишта, бизниси и други институции изведуваат помени на овој ден, и вообичаено е да се посетат гробовите на паднатите борци и да се рецитираат спомен-молитви. Начелните државни чествувања се предвечерната церемонија на Западниот ѕид и утринските служби за помен кои се изведуваат на воените гробишта низ целата земја, секој од овие помени започнува со звук од сирените. Државните чествувања завршуваат со служба на воените гробишта на Херцелската Гора која претставува премин до Јом аацмаут.

Надвор од Израел, Јом азикарон се чествува заедно со Јом аацмаут. Во Израел, Јом азикарон е секогаш ден пред Јом аацмаут, но овој датум се поместува за де се спречи прекршување на шабатните забрани за време на церемониите за секој од празниците. Погледајте го наредниот пасус за повеќе детали.

Јом аацмаут—Ден на независноста на Израел[уреди | уреди извор]

Последниот круг од меѓународниот библиски натпревар (во 1985 година) одржан на Јом аацмаут.
Прослави за денот на Ерусалим.

Јомаацмаут (יום העצמאות) е денот на независноста на Израел. Чествувањето на овој ден од страна на Евреите во и надвор од Израел е широко рапострането,[77] секуларната прослава (воени паради и скари) се разликува малку од религиозната прослава (рецитирање на халел и некои понови богослужби).

Иако независноста на израел била прогласена во петок, главниот рабинат долго време ја согледувал можноста чествувањата на Јом аацмаут (и Јом азикарон) да доведат до нарушување на шабатните забрани. За да се спречи ова нарушување датумите за Јом азикарон и Јом аацмаут се менуваат[б 29] на следниов начин:

  • Ако 4–5 ијар се недела-понеделник, чествувањата се одложени за понеделник-вторник, 5–6 ијар.
  • Ако 4–5 ијар се вторник-среда, чествувањата не се одложуваат.
  • Ако 4–5 ијар се четврток-петок, чествувањата се во среда-четврток, 3–4 ијар.
  • Ако 4–5 ијар се петок-шабат, чествувањата се во среда-четврток, 2–3 ијар.

Скоро сите нехаредистични заедници имаат вклучено промени или подобрувања на богослужбите во чест на Јом аацмаут и ги одложувааат жалењата за периодот на броењето на омерот. (Погледајте повеќе за Јом аацмаут—религиозни обичаи.) Во религиозните ционистички и современите ортодоксни заедници, овие промени не се без контроверзии, и обичаите продолжуваат да се надоградуваат.[78]

Харедистичкото религиозно чествување на Јом аацмаут е доста поразлично. Неколку харедистички заедници го слават денот на сличен начин како и нехаредимците.[79] Повеќето харедимци едноставно на денот гледаат незаинтересирано, како вообичаен ден.[78] И на крај другите (особено сатмарскиот хасидизам и натуреј карта) жалат на денот поради нивното противење на комерцијализацијата на празникот од страна на државата Израел.[80]

Јом Јерушалајим—Ден на Ерусалим[уреди | уреди извор]

Ден на Ерусалим (יום ירושלים) го означува обединувањето на Ерусалим од 1967 година за време на воената контрола при Шестдневната војан. Ова било првпат по 19 години Евреите да имаат пристап до ридот на храмовите, и првпат по уништувањето на Вториот Храм пред 1900 години ридот на храмовите бил под еврејска политичка контрола.

Како и за Јом аацмаут, славењето на денот на Ерусалим од целосно секуларен се сави и како религиозен празник. Иако харедистите на учествуваат на богослужбените промени, тие на некој начин би го прославиле денот на Ерусалим наместо останатите современи израелски празници поради важноста на ослободувањето на Западниот ѕид и стариот Ерусалим.[81]

Надвор од Израел, чествувањето на денот на Ерусалим е широко рапострането, особено во ортодоксните кругови. Не е широко прифатено како Јом аацмаут, особено кај политички либералните Евреи, поради неандминливите судири околу иднината на градот.[82]

Денот на Ерусалим не се поместува за да се избегнат шабатното сквернавење, иако во 2012 година главниот рабинат започнал напори да ја смени оваа практика.[83]

Етнички празнувања[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „Мимуна“, „Сехаране“, и „Сигд.

Израелската влада официјачно признава три традиционални празници на етничките еврејски заедници во Израел. Овие денови се чествуваат од истите заедници надвор од Израел.

  • Мимуна започнал како празник на мароканските Евреи, иако постојат слични прослави и межу турските Евреи и персиските Евреи.[84] Овие празници се чествуваат на денот по Пасха, кога јадењето на вообичаената храна („хамец“) продолжува. Во Израел, чествувањето на Мимуна се има проширено во последните години, проценето е дека преку два милиони Евреи во Израел учествуваат во славењето на Мимуна.[85]
На приквечерјето по завршетокот на Пасха,[б 31] славењето е насочено кон посета на домовите на пријателите и роднините. Се послужуваат најразлични традиционални јадења, и се изнесуваат симболи кои претставуваат добра среќа и бериќет. На следниот ден се организираат скари и излети поединости кои се широко прифатени.[86]
  • Сехаране се славел од курдските Евреи како повеќедневен празник кој започнува ден по прославувањето на Пасха. Заедниците ќе ги напуштат своите села и кампови за неколку денови и ќе прославуваат јадејќи, пиејќи, шетајќи пеејќи и играјќи.
Нивното славење било прекинато по протерувањето на оваа заедница во Израел во 1950-ите. Неодамн овој празник повторно заживеал. Но поради веќе широко прифатениот Мимуна во Израел прославите поврзани со Сехаране се преместени на Хол амоед Сукот.[87]
  • Сигд започнал како развој на чествувањето на Јом кипур од страна на Бета Израел (етиопската) заедница. Моментално таа заедница го чествува празникот заедно со Јом кипур, чиј датум е на 29 хешван, 49 по прославата на Јом кипур. Како празник има исти особености како Јом кипур, Шавуот и останатите празници.[88]
Сигд се заснова на церемонии со постови, читања и молитви опишани во Македонска Библија, кога Евреите се пренасочиле на религиозно чествување при повратокот во Израел по вавилонскиот прогон. Во Етиопија, заедницата ќе се собере на некој планински врв и ќе се моли за враќање во Ерусалим. Современата прослава на Сигд е заснована на булевар која наликува на стариот Ерусалим. Дневното чествување завршува со славенички прекин на постите.[89]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Оваа статија се фокусира на практиките на важечкиот рабински јудаизам. Караимските евреи и Самарјаните ги слават библиските празници, но не на ист начин и не во исто време.
  2. Ова „негативно“ побарување се споредува со позитивната потреба за чествување и уживање на Шабат или фестивалскиот ден. За информација за позитивните побарувања, погледајте Шабатни ритуали и Шабатни потикнати активности.
  3. Постои практика за жените да се воздржуваат од некои видови на труд за време на Рош ходеш, погледајте Рош ходеш и жените.
  4. Ова особено, иако не особено, е вистина надвор од САД. На пример, Масортскиот јудаизам во Израел и Велика Британија го отфрла северно американскиот конзерватизам за дозвола за возење до синагогата на Шабат.
  5. Вавилонскиот Талмуд (погледајте Сота 20-21) опишува единка која не постапува на тој начин и го нарекува часид сота, особено будалеста особа.
  6. Слични практики сеуте се користат кај исламот како и кај караимските и самарјанските заедници.
  7. Ова размислување не важело за вистинкото место за средба на сахедринот, но постојат други причини за употребата на таа практиката. Погледајте Рамбам, Мишне Тора, Кидуш аходеш 5:8.
  8. Во практиката, шахедринот имал исклучиво право да ги подреди месечните прогласи така што елул никогаш не би имал повеќе од 30 денови. Ова го намалило практичниот сомнеж кој ден треба да биде прв ден на месецот тишри. Сомнежот се уште постоел , па Рош ашана се славела два дена. Сепак, ниското ниво на сомнеж со тежок пост кои трае 49 часа што довело да се иземе Јом кипур од потребата да се слави два дена. Ова сложено прашње поопширно е разгледано овде.
  9. Постојат различни мислења за местоположбата на Меѓународната датумска граница и нејзината употреба во еврејското право. Оттука, некои халахик авторитети имаат сомнежи за кои ден од неделата треба да се смета дека е Шабат кај некои од пацифичките острови. Погледајте Меѓународна датумска граница (Еврејство).
  10. Всушност, традиционалните евреи. караимските евреи и самарјаните го сметаат Пасха за најсвет ден во годината.
  11. постењето започнува на религиското полнолетство–на возраст од 13 години за момчињата и 12 години за девојчињата. Постењето е забрането поради медицински причини (на пример за доилките, дијабетичарите, луге со анорексија, и.т.н.).
  12. Некои обичаи при престанокот на работата сепак постојат, особено работните обврски за жените за периодот додека горат свеќите. Погледајте на пример, Eliyahu Kitov, "Working on Chanukah", тука.
  13. Самата игра, сепак, има подоцнежно потекло. Погледајте на пример, David Golinkin, "The Origin of the Dreidel" at myjewishlearning.com тука.
  14. Ханука и Божиќ се во истиот период од годината но не се поврзани религиозно.
  15. Потребата од пиење за време на Пурим сеуда не дозволува опасно и неморално однесување. Погледајте Сеудат пурим, како и Josh Rossman and Shlomo Yaros (March 6, 2004). „Baruch Haman, Arur Mordechai“. Kol Torah, Vol. 13 No. 24<nowiki />. Torah Academy of Bergen County. конс. August 8, 2012.  и Jeffrey Spitzer. „Drinking on Purim“. MyJewishLearning.com. конс. August 8, 2012. 
  16. Едно често објаснување е дека обичајот потекнува од настанот кога Естира гомсокрила своето семејство кога за првпат стапнала во палатата (Esther 2:10). Погледајте Ariela Pelaia. „Purim–Jewish Holiday of Purim“. about.com Judaism. конс. December 26, 2012.  Погледајте Rabbi Yair Hoffman (February 25, 2010). „New York–Purim Costumes–A History–Reasons and Origins“. Vos iz Neias.com. конс. December 26, 2012.  ,за уште една теорија.
  17. Самиот текст во Тората го користи поимот „Песах“ за да се надоврза на Курбан Песах, понудата на жртвено јагне, како и денот кога се нуди жртвата —14 нисан. Погледајте Македонска Библија. Долгиот празник на поклонение од 15-21 нисан секогаш се нарекува аг хамецот или „празник на безквасниот леб“; Погледајте Македонска Библија. Оваа разлика е сеуте присутна ка караимските евреи и кај самарјаните. Кај традиционалниот рабински јудаизам поимот „Песах“ се однесува ан празниците на поклонението иако текстот на литургиите и понатаму го користат името аг хамецот.
  18. Точното значење е оспорено. Погледајте Пост на првородениот.
  19. Станува збор за сијум, оброк со кој се слави завршетокот на значајното проучување на Талмудот, како да има голема можност за планирање на овој настан.
  20. 20,0 20,1 20,2 Заснована на изворниот текср од Lev. 23:11, нормативните еврејски практики го препознаваат почетокот на омеровиот период како вто ден од Пасха или 16 нисан. (Погледајте Shulchan Aruch/Orach Chaim/489 – преку Викиизвор.  ) Засновано на истиот изворен текст, караимската практика го препознава ова како првата недела на или по 16 нисан, и со тоа Шавоут е на осмата недела на или по 16 нисан како што е на самиот караимски календар. (Погледајте караимски јудаизам Сефира омер и Шавоут.)
  21. Ниту Тората пак ниту ни Талмудот не одредуваат дека сефира sе мпериод за жалење. Сепак, постои доказ дека овој обичај започнал во ерата геоним, која завршила околу 1040 година. Погледајте Kahn, Rabbi Ari (February 20, 2006). „Rebbe Akiva's 24,000 Students“. aish.com. конс. January 18, 2013. 
  22. Ерусалимскиот Талмуд за време на Таанит 4:5 вели дека ѕидовите биле пробиени на овој датум исто како и за периодот на Првиот Храм, што е во спротивност со Македонска Библија.
  23. Засновано на ова, многу конзервативни рабини ќе изведуваат само помали венчавки во работните простории меѓу 1-9 ав.
  24. Приватните постови не се разгледани и опишани во оваа статија.
  25. Inter alia:
  26. Востанието започнало на 14 нисан, во предвечерието на Пасха. Постоел отпор поради прогласувањето на тој датум за празничен ден па истиот бил преместен на 27 нисан, на средина меѓу Пасха и Јом аацмаут, и сешто го опфаќало период на востанието. Погледајте Rosenberg, Jennifer. „Holocaust Remembrance Day“. about.com. конс. January 22, 2013. 
  27. За споредба, меѓународниот ден за сеќавање на жртвите на холокаустот се чествува на 27 јануари, денот кога е ослободен логорот Аушвиц-Биркенау во 1945 година.
  28. Заедно се харедистичкиот отпор на новите начини на помнување, постои неодлучност за воведување на нови жалбени адети за време на месецот нисан (Погледајте погоре).
  29. 29,0 29,1 Овие промени не се забележани во заедниците надвор од Израел, каде церемониите не се официјални.
  30. Интересно, од раните 1940-ти, 4 ијар бил воспоставен како ден за помен на жртвите на арапските терористички напади. Погледајте Грешка во шаблонот: потребен е наслов на аргументот.
  31. Кога е ноќта петок во Израел, славењето е одложено по Шабат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. See text from the Yom Kippur liturgy available at Unetanneh Tokef (He Judges Us).
  2. Погледајте на пример, Nevins, Daniel, The Use of Electrical and Electronic Devices on Shabbat (PDF), конс. October 23, 2012 , како приказ за двата општи концепти и одредени правила.
  3. This is widely recognized as true. The best objective source is probably Jewish Identity and Religious Commitment: The North American Study of Conservative Synagogues and Their Members, 1995–96, edited by Jack Wertheimer, 1997, Ratner Center for the Study of Conservative Judaism. But reliable, updated figures are difficult to come by.
  4. Погледајте, на пример, Реформистичкиот јудаизам и ставот кон еврејското право и Реконструирачки јудаизам.
  5. YU Torah shiurim on Pikuach Nefesh: Part I, Part II, and Part III, accessed July 11, 2013.
  6. See, in general, Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh, Chapters 3 and 5.
  7. Mishnah Rosh Hashanah 1:3 – преку Викиизвор. 
  8. Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh 5:9–12.
  9. Rambam, Mishnah Torah, Kiddush HaChodesh 3:12.
  10. The Second Festival Day and Reform Judaism (Responsum 5759.7). „CCAR Responsa“. http://ccarnet.org/responsa/nyp-no-5759-7/. посет. 15 јули 2013 г. . See in particular footnotes 1 and 2 to the responsum.
  11. „Rosh Hashanah: Customs“. ReformJudaism.org. Union for Reform Judaism. конс. July 14, 2013. 
  12. See, for example, I Samuel 20.
  13. See, for example, Megillah 22b.
  14. „The Month of Elul: Stocktaking and Introspection“. Chabad.org. конс. July 11, 2013. 
  15. Babylonian Talmud (BT) Rosh Hashanah 16a
  16. Jerusalem Talmud Rosh Hashanah 1:2
  17. See, for example, the liturgical poem Unetanneh Tokef in the Machzor (holiday prayer book) for Rosh Hashanah.
  18. 18,0 18,1 18,2 Македонска Библија
  19. See BT Rosh Hashanah 10b. The other opinion is that the creation was completed on 1 Nisan.
  20. Mishnah Rosh Hashanah 1:1
  21. Рамбам, Мишне Тора, Laws of Repentance 2:6.
  22. See Jeremiah 41:1, ff.
  23. See Amidah (Fast Days), Avinu Malkenu, and Selichot of Fast Days.
  24. 24,0 24,1 Nachum Mohl. „The Fifteenth Av and Yom Kippur“. 
  25. „Програма на неработни денови за 2015 година“ (PDF). Министерство за труд и социјална политика на РМ. конс. 6 јануари 2015. 
  26. Leviticus 23:42 and other places
  27. Leviticus 23:40 and other places
  28. Shawna Dolansky, "The Truth(s) About Hanukkah”, The Huffington Post, December 23, 2011, accessed most recently November 8, 2012.
  29. Tractate Orlah is dedicated to these topics.
  30. See, just as one example, Rinat, Zafrir (January 20, 2011). „Israelis Go Green For Tu Bishvat“. Haaretz. конс. January 20, 2011. 
  31. See Esther 4:16.
  32. Esther 9:2
  33. 33,0 33,1 See Esther 9.
  34. Megillah 7b
  35. Lisa Katz. „Purim Shpiels“. about.com Judaism. конс. December 26, 2012. 
  36. Literally, "until you don't know", a phrase from (Babylonian Talmud) Megillah 7b about drinking on Purim. See Purim (Purim meal [se'udah] and festive drinking).
  37. See, for example, „ADLOYADA-The Purim Parade in Israel“. theicenter.org. конс. December 16, 2012. 
  38. Babylonian Talmud: Megillah 2b, 3b, 10b.
  39. See Mashechet Soferim 21:3 and BT Menachot 65, discussed at „Insights to the Daf—Menachos 65“. Kollel Iyun Hadaf of Yerushalayim. конс. January 15, 2013,  which differ in their explanation for the custom.
  40. See, for example, Wenger, Eliezer. „The Laws Concerning the Thirty Days before Passover“. chabad.org. конс. January 15, 2013. 
  41. 41,0 41,1 See the Talmud tractate Pesaḥim in both the Mishnah and Gemara, among many sources.
  42. See Masechet Soferim 21:3 and Shulḥan Aruch Oraḥ Ḥayyim 470:1.
  43. See, for example, Exodus 12:14 and following verses.
  44. See, for example, Ex. 12:39.
  45. See Chametz (Stringency) and Chametz (Removal of Chametz).
  46. National Jewish Population Survey 2000-1, United Jewish Communities, 2003, конс. January 11, 2013  (survey from the United States).
  47. See „Rashi on Exodus 14:5“. chabad.org. конс. January 10, 2013. 
  48. Numbers 9.
  49. 49,0 49,1 49,2 Leviticus 23:9–17 and Deuteronomy 16:9–10
  50. See, for example, Cohen, Ezra. „Count Up“. Torah from Dixie. конс. January 18, 2013. 
  51. 51,0 51,1 51,2 Shulchan Aruch/Orach Chaim/493 – преку Викиизвор. 
  52. Travis, Rabbi Daniel Yaakov (April 29, 2010). „Mourning’s End – Understanding Sefira and Lag B’Omer“. Beyond BT. конс. May 2, 2010. 
  53. 53,0 53,1 Schäfer, Peter (2003). The Bar Kokhba War Reconsidered: New perspectives on the Second Jewish Revolt against Rome. Mohr Siebeck. стр. 283–286. ISBN 3-16-148076-7. http://books.google.co.il/books?id=1TA-Fg4wBnUC&pg=PA283&dq=lag+baomer+bar+kokhba&hl=en&sa=X&ei=wYilT7P5KcqO8gO03KHjBA&redir_esc=y#v=onepage&q=lag%20baomer%20bar%20kokhba&f=false. 
  54. Rossoff, Dovid. „Meron on Lag B'Omer“. The Jewish Magazine. конс. April 28, 2010. 
  55. „Lag B'Omer“. Ynetnews. May 13, 2008. конс. May 5, 2012. 
  56. Per Македонска Библија ff., counting forty days from Shavuot.
  57. 57,0 57,1 Mishnah Ta'anit 4:6 (reference in Hebrew)
  58. Македонска Библија
  59. 59,0 59,1 59,2 59,3 Shulchan Aruch Orach Chaim 551 – преку Викиизвор. 
  60. See, e.g., Rabbi David Golinkin, уред (1998). Proceedings of the Committee on Jewish Law and Standards of the Conservative Movement 1927-1970. III. Jerusalem: The Rabbinical Assembly and The Institute of Applied Halakhah. [б 23]
  61. „Ask the Expert: Wedding Timing“. MyJewishLearning.org. конс. June 11, 2013. 
  62. 62,0 62,1 Kitzur Shulchan Aruch 124 (Hebrew Wikisource).
  63. See especially Mishnah Ta'anit 1:4-2:6 and the Gemara on it.
  64. Mishnah Ta'anit 4:1
  65.  Fasting and Fast Days“. Еврејска енциклопедија. (1901–1906).
  66. Wein, Rabbi Berel. „Days of Fasting“. torah.org. Project Genesis. конс. July 14, 2013. 
  67. Mandel, Jonah. „Chief rabbis call for day of fasting, prayers for rain“, 16 ноември 2010 (посет. 14 јули 2013 г).
  68. „Fasting and Fast Days“. Encyclopedia Judaica (Jewish Virtual Library). The Gale Group. 2008. конс. July 14, 2013. 
  69. Македонска Библија
  70.  Yom Kippur Katan“. Еврејска енциклопедија. (1901–1906).
  71. 71,0 71,1 „Yom HaShoah“. timeanddate.com. конс. February 27, 2013. 
  72. 72,0 72,1 Wagner, Matthew. „An anchor for national mourning“, 28 април 2008 (посет. 22 јануари 2013 г).
  73. Gordon, Sheldon. „Holocaust Scroll“, мај 2003 (посет. 22 јануари 2013 г).
  74. Memorial Day for Israel's Fallen Soldiers, Knesset official website. Retrieved April 25, 2012.
  75. נזכור את כולם [Remember them all] (Hebrew). Israel Ministry of Defense. конс. February 6, 2013.  See, in particular, this sub-page.
  76. „Yom Hazikaron: Israel's Memorial Day“. My Jewish Learning. конс. February 27, 2013. 
  77. „Yom HaAtzmaut“. timeanddate.com. конс. February 27, 2013. 
  78. 78,0 78,1 Haber, Alan. „Yom HaAtzmaut and Yom Yerushalayim in Halacha and Hashkafa“. Yeshivat Shaarei Mevaseret Zion. конс. February 27, 2013. 
  79. See Haredim and Zionism (Groups that support Zionism).
  80. Guttman, Moishe (March 14, 2007), „Zealots and Zionism“, Mishpacha. 
  81. „Yom Yerushalayim:The Celebration“. MazorGuide. конс. April 27, 2013. 
  82. „Yom Yerushalayim, Jerusalem Day“. MyJewishLearning.com. конс. April 27, 2013. 
  83. „Yom Yerushalayim and Lag Ba'omer Events Postponed a Day Due to Chillul Shabbos“. Matzav.com. конс. April 27, 2013. 
  84. „Sephardic Passover Customs and Traditions For Pesach“. Elimelech David Ha-Levi Web. конс. July 22, 2013. 
  85. „Une fête peu connue en Europe, La Mimouna“ (French). Harissa.com. March 25, 2013. конс. July 22, 2013. 
  86. „Mimouna Customs“. Jewish Agency for Israel. 2011. конс. 22 July 2013. 
  87. „The Seharane“. The Jewish Agency for Israel. конс. July 22, 2013. 
  88. „The Ethiopian Sigd“. The Jewish Agency for Israel. конс. July 22, 2013. 
  89. Afsai, Shai. „The Sigd Festival comes home to Jerusalem“, 12 декември 2012 (посет. 22 јули 2013 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Ова е добра статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата Еврејски празници е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија.