Тамуз

Од Википедија — слободната енциклопедија
сиван       тамуз (תמוז)       ав
Златното теле
Златното теле

Во тамуз се случил идолопоклоничкиотгрев
на Златното теле, по што Мојсеј
ги искршил плочките со Десетте Божји заповеди.
Реден број: 4
Денови: 29
Годишно време: лето
Грегоријански: јуни–јули

Тамуз (хебрејски: תמוז) — десеттиот месец од граѓанскиот и четвртиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена, кој се совпаѓа со јуни-јули од грегоријанскиот календар.

Името на месецот е прифатено од асирско-вавилонскиот календар, каде истиот е наречен по еден од поважните месопотамски богови — Тамуз, за кој се зборува во Езекил 8:14.[1]

Меѓу другото, тамуз е и месец во современиот асирски календар на асирските христијани.

Празници во тамуз[уреди | уреди извор]

17 тамуз: Седумнаесетти тамуз (Шива асар бетамуз) — жаловен пост во сеќавање на заземањето на Ерусалим од вавилонскиот цар Навуходоносор.[2]

На други јазици[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Езекил 8:14, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 385 PDF
  2. Данон, Цадик (2008). „Пости: Постот Шива асар бетамуз“. Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. стр. 76. ISBN 9989-102-14-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]