Тевет

Од Википедија — слободната енциклопедија
кислев       тевет (טֵבֵת)       шват
Царицата Естира
Царицата Естира

На 1 тевет 362 п.н.е.,
Естира крунисана за царица на Персија.
Реден број: 10
Денови: 29
Годишно време: зима
Грегоријански: декември–јануари

Тевет (хебрејски: טֵבֵת)[1]; од акадски: тебету) — четвртиот месец од граѓанскиот и десеттиот месец од верскиот еврејски календар. Следи по кислев и му претходни на шват. Ова е зимски месец со 29 дена. Обично се паѓа во декемвријануари според грегоријанскиот календар.

Грегоријанска Нова година[уреди | уреди извор]

Грегоријанската Нова година речиси секогаш се паѓа во тевет. Ретко се паѓа во околните два месеца (кислев или шват).

Празници во тевет[уреди | уреди извор]

Тевет во еврејската историја[уреди | уреди извор]

  • 1 тевет (362 п.н.е.) — Естира станала царица на Персија.

Од библиската книга Естира, 2:16-17:

И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина.[4]

По шест години, Пурим се паднал на 13 и 14 адар од хебрејската година 3504 (356 п.н.е.).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. сефардски, јеменски, мизрашки: тебет, ашкенашки: тебес
  2. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  3. или 3 тевет, ако кислев е краток
  4. Естира 2:16-17, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 625 PDF

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Езелил