Хешван

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
тишри       хешван (מַרְחֶשְׁוָן)       кислев
Светскиот потоп

Светскиот потоп, според Библијата,
започнал во хешван
Реден број: 8
Денови: 29 (понекогаш 30)
Годишно време: есен
Грегоријански: октомври–ноември

Хешван (хебрејски: חֶשְׁוָן), полн назив: мархешван (מַרְחֶשְׁוָן, од акадски: waraḫsamnu, „осми месец“) — вториот месец од граѓанскиот и осмиот месец од верскиот еврејски календар.

Во обична година, хешван има 29 дена, но во некои години му се додава уште еден ден поради одложувањето на Рош ашана за годината да биде целосна. Ова е есенски месец кој се паѓа во октомври-ноември во грегоријанскиот календар.

Еврејската Библија пред Вавилонското ропство овој месец го нарекува бул (1 Царства 6:38)[1]. Во Сидон, бул се споменува на саркофагот на феникискиот крал Ешмунасор II (почеток на V век п.н.е.).

Празници во хешван[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Првата книга Царства од Еврејската Библија соодветствува на Третата книга Царства од македонската православна Библија — вид. Библија на македонски јазик: Стар Завет, стр. 383 PDF

Други извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]