Јом кипур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јом кипур
{{{holiday_name}}}
„Евреи како се молат во синагога на Јом кипур“ (1878) од Маврициј Готлиб
Го празнува(ат) Евреи, Самарјани и некои христијански групи
Вид еврејски
Значење искупување на личните и националните гревови, судбината на секој поединец е запечатена за престојната година
Датум 10 тишри
Обичаи пост, молитва, воздржување од телесни задоволства, воздржување од работа
Поврзано Рош ашана (пред Јом кипур)
Ашура во исламскиот календар
Прочка

Јом Кипур (хебрејски: יוֹם כִּפּוּר, „Ден на покајание[1]) — еврејски празник, кој го означува последниот 10-ти ден од еврејската Нова година.

Значење[уреди | уреди извор]

Ова е празник на прошката за гревовите. Во текот на десетте дена од еврејската Нова година до почетокот на Јом кипур, човекот кој погрешил треба да отиде кај човекот кому му направил неправда и од него да побара прошка, да каже дека се кае и да плати отштета во висина од 20% до работата која евентуално била одземена од другиот. Притоа, грешникот не може да побара некое општо простување од Бога, туку прошката треба да се добие директно од оној кому му е нанесен гревот. Деновите од еврејската Нова година до Јом кипур се нарекуваат „страшни денови“ во кои времето треба да се поминува во молитва и да се прават добри дела.[2]

Славење[уреди | уреди извор]

Прославувањето на празникот не може да почне додека не се соберат најмалку десет машки глави, постари од 13 години. Јом кипур се прославува 25 часа во текот на кои верниците не треба да јадат ниту да пијат. Цереминијата започнува непосредно пред зајдисонце, кога Евреите палат свеќи во своите домови, по што заминувааат во синагогата, каде што започнува вечерната молитва. Притоа, луѓето се облечени во бело како симбол на чистотата и не смеат да носат никаква кожна облека или обувки. Во синагогата се изнесуваат свитоци од Тората и започнува молитвата наречена „Сите завети“. При нејзиното траење често се повторува зборот „видуи“, што значи признавање на гревот и се наведуваат сите можни престапи кои може да ги направи еден човек или заедница. Притоа, се бара простување и за народот и за себе, лично.

По службата, луѓето се враќаат дома, а утрото започнува утринската молитва (најдоцна до девет часот), а по неа следат уште четири молитви во попладневните и вечерните часови. Последната молитва се одржува пред зајдисонце и таа е најинтензивна, зашто се верува дека тогаш се затвораат небеските порти низ кои треба да помине молитвата. Потоа се слуша звук на рог од овен (шофар), со што симболично се означува крајот на празникот. Со тоа завршува постот, а верниците се послужуваат со колачиња, чај и бело кафе.[3]

Статус во Македонија[уреди | уреди извор]

Првиот ден на Јом кипур е официјален празник и неработен ден за припадниците на еврејската заедница во државата.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II издание). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7. http://www.mcms.org.mk/images/docs/2005/osnovni-poimi-na-judaizmot.pdf. 
  2. „На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови“, Дневник, година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.
  3. „На Јом кипур луѓето бараат прошка за своите гревови“, Дневник, година XVIII, број 5582, петок, 3 октомври 2014, стр. 32.
  4. „Програма на неработни денови за 2015 година“. Министерство за труд и социјална политика на РМ. http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/Programa_nerabotni_denovi_2015.pdf. конс. 6 јануари 2015 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]