Пост на првородениот или Пост на првенецот (хебрејски: תענית בכורות, Таанит бекорот or תענית בכורים, Таанит бекорим) — пост во јудаизмот на денот пред Пасха, односно 14 нисан според еврејскиот календар (Пасха секогаш е на 15-ти). Oбично завршува по завршувањето на утринската богослужба со, кога почнува празнична веселба. Необично е тоа што постењето се однесува само на оние лица кои се првотодени во семејството (било машки или женски).
Целта на постот е да биде спомен за последната Божја казна врз Египет, кога, според библиската книга според библиската книга Исход, Господ ги убил сите првородени во земјата:[1]
„
И рече Мојсеј: „Вака вели Господ: ,На полноќ ќе поминам низ Египет, и ќе умре секој првороден во земјата египетска, од првородениот син фараонов, кој треба да седне на престолот негов, до првородениот син на слугинката, која се наоѓа во воденицата, и првородениот добиток. И ќе настане голем пискот по целата египетска земја, каков што досега немало, ниту некогаш ќе го има’“.