Шват

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
тевет       шват (שְׁבָט)       адар
Ту бишват

Ту бишват — Нова година на дрвјата
се паѓа на 15 шват, кога
цветаат бадемите во Израел.
Реден број: 11
Денови: 30
Годишно време: зима
Грегоријански: јануари–февруари

Шват (шеват или шебат; хебрејски: שְׁבָט; од акадски: шабату) — петтиот месец од граѓанскиот и единаесеттиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е зимски месец со 30 дена. Обично се паѓа во јануари-февруари според грегоријанскиот календар.

Празници во шват[уреди | уреди извор]

Шват во еврејската историја[уреди | уреди извор]

Од библиската книга Захарија, 1:7-16:

На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец - а тоа е месецот Шеват - во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо. Затоа вака вели Господ: „Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него Ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.“ [2]

Кај други јазици[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II издание). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7. http://www.mcms.org.mk/images/docs/2005/osnovni-poimi-na-judaizmot.pdf. 
  2. Захарија 1:7-16, Библија на македонски јазик: Стар Завет, стр. 1171-1172 PDF
  3. şubat — Турско-македонски речник, оф.нет

Надворешни врски[уреди | уреди извор]