Кислев

Од Википедија — слободната енциклопедија
хешван       кислев (כִּסְלֵו)       тевет
Ханука
Ханука

Ханука — Празник на светлината,
почнува на 25 кислев.
Реден број: 9
Денови: 30 (понекогаш 29)
Годишно време: есен
Грегоријански: ноември-декември

Кислев (хебрејски: כִּסְלֵו) — третиот месец од граѓанскиот[1] и деветтиот месец од верскиот еврејски календар.

Во обична (кесидранска) година, кислев има 30 дена, но поради правилата за одложување на Рош ашана, во некои години месецот има еден ден помалку, и годината „кратка“ (хасерска). Кислев е есенски месец кој се совпаѓа со ноември-декември во грегоријанскиот календар и понекогаш се нарекува „месец на сништата“. Називот „кислев“ го добил од акадскиот поим кислиму, што значи „згнуснат, згрутчен“ поради обилните дождови. Меѓутоа, зборот може да води потекло и од хебрејскиот корен К-С-Л, како во поимите „кесел, кисла“ (надеж, позитивност) или „ксил“ (соѕвездието Орион кое е особено сјајно во текот на овој месец) — поради очекувањето на дождовите.

Празници во кислев[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кислев“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот (PDF). прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7.
  3. завршува на 3 тевет ако кислев е краток

Надворешни врски[уреди | уреди извор]