Елул

Од Википедија — слободната енциклопедија
ав       елул (אֱלוּל)       тишри
Ашкенашки шофар
Ашкенашки шофар

Шофар — рог во кој Ашкеназите дуваат
секое утро во елулсè до Рош ашана,
а Сефардите во текот на целиот месец
(Во обете традиции не се дува на Шабат)
Реден број: 6
Денови: 29
Годишно време: лето
Грегоријански: авгтуст–септември

Elul (хебрејски: אֱלוּל) — дванаесеттиот месец од граѓанскиот и шестопт месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена. Обично се совпаѓа со августсептември во грегоријанскиот календар. Името му е донесено од Вавилонското ропство и потекнува од акадскиот збор за жетва, каде се користи поимот elūlu за овој месец.

Во јудаизмот, елул е месец на покајание во подготовка за Големите празници Рош ашана и Јом кипур. Поимот „елул“ е сличен на коренот за „потрега“ во арамејски. Според Песна над песните (Соломоновата песна) во Талмудот, зборот „елул“ акроним од стихот Ани лдоди вдоди ли („Јас му припаѓам на мојот возљубен, а мојот возљубен мене“)[1]. Елул се смета за време на потрага во срцето по поголема блискост со Бога и подготовка за Судниот ден (Рош ашана) и Денот на искупувањето (Јом кипур).[2]

Во текот на елул се вршат низа посебни обреди кои се вршат пред Големите празници. По обичај, секое утро (осевн на Шабат) се дува во шофар од Рош ходеш (првиот ден во месецот) до денот пред Рош ашана. Намерата е со звукот да предизвика духовно побудување кај верникот пред настапувањето на празниците. Како дел од овие подготовки, во елул се почнува барањето и давањето прошка.[2] По обичај се кажуваа и Псалм 27[3] секој ден од Рош ходеш до Ошана раба на Сукот (во тишри).

Покрај дувањето во шофар, друг поважен обред е кажување на селихот (покајнички молитви) секое утро пред изгрејсонце во текот на седмицата пред последната среда пред Рош ашана (кај Ашкеназите) и секое утро во текот на целиот месец (кај Сефардите).[4] Ашкеназите почнуваат со кажување на селихот на посебна богослужба помеѓу сончевата полноќ (не во 00:00 ч.) и првото зазорување на првиот дел од селихотот.

Многумина во овој месец одат да ги посетат гробовите на блиските покојници за да им се оддаде почит на преминатите што нè поттикнуваат да живееме поисполнет живот.

Оние што пишуваат писма во елул по обичај ги почнуваат и завршуваат со желби за добра година. Обично благословот гласи Ктива вахатима това („да ти е добро пишано и запечатено“), што значи дека на лицето му се пожелува да му биде пишано добро за претстојната година. Според преданијата, на секому му се пишува убаво или неубаво во годината што претстои, во зависност од тоа колку грешеле и колку се труделе да ги искупат своите неубави постапки. На Јом кипур оваа судбина „се запечатува“.

На други јазици[уреди | уреди извор]

  • На турски, месецот септември се нарекува „ејлул“ (Eylül), што е изведено од арапски: أيلول, 'aylūl што се користи во Левантот. Истиот поим на акадски гласи elūlu.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Песна над песните, Библија на македонски јазик: Стар завет, стр. 853 PDF
  2. 2,0 2,1 Suissa, David. "Love in the time of Elul." Jewish Journal. 21 август 2013
  3. Псалм 27, стр. 721-22 PDF
  4. Данон, Цадик (2008). „Рош-ашана: Селихот“. Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II. изд.). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. стр. 28. ISBN 9989-102-14-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]