Псалми
Книги од Стариот завет |
---|
Псалми[1][2] (Евр. תְהִלִּים Техилим - „пофалби“) — една од книгите на хебрејскиот Танах, т.е. христијанскиот Стар завет. Во исламската традиција, оваа книга се почитува под името зебур.
Псалмите се молитви во стихови, а ги има вкупно 151, и тоа на различни теми, како: пофални песни за Бога, за чудата негови, за законот божји, за непослушноста на Израилот, најавата на Синот Божји итн.; молитви за покајание, за заштита, за помош и за спасение; судбината на праведниците и грешниците; Давидовите молитви, божјиот завет со царот Давид и борбата на Давид и Голијат.[3]
Во некои од псалмите Давид се кае за своите гревови, во други го прославува Бога, во други го пророкува доаѓањето на Спасителот на светот. Така во еден од нив, опишувајќи ја Неговата убавина, како да гледа, вели: „Ти си најубав меѓу синовите човечки, благодатта тече од Твојата уста“. Псалмите низ вековите биле, па дури и денес се најомилените молитви на христијаните и Книгата која го потресува и го буди најскаменото човечко срце од духовната зачмаеност.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „псалм“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „псалм“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 690-763.