Мудрост Соломонова

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мудрост Соломонова“ — книга од проширената верзија на Стариот завет во која се прикажани мудрите поуки на царот Соломон.

Содржина[уреди | уреди извор]

Човекот треба да има праведни мисли и да бега од лошите дела, зашто Бог гледа сѐ и ќе ги казни грешниците. Верниците ги чека божја милост, воскресение и вечен живот, додека безбожниците, наспроти нивните земни успеси, ќе бидат казнети. Мудроста е повредна од сите богатства и само таа му овозможува на човекот успех во животот и божја милост. Потоа, царот Соломон кажува дека уште во младоста ја засакал мудроста и одлучил да ѝ се посвети, а таа му овозможила големо богатство и слава. Мудроста е дадена од Бога и таа постоела уште во времето на создавањето на светот; таа постојано им помагала на праведните, почнувајќи од Адам и Ное, и таа го водела избраниот народ на патот од Египет до ветената земја. о продолжение, Соломон опишува како Господ ги казнил жителите на Ханан поради нивното безбожништво и објаснува дека луѓето се наклонети да ги обожаваат природните сили и изработуваат идоли. Меѓутоа, почитувањето на идолите е почеток на секое зло и безбожниците ќе бидат казнети од Бога. Најпосле, тој опишува како Господ се грижел за својто народ при напуштањето на Египет и како ги казнил Египтјаните со наезда на скакулци, змии и други гадинки, потоа ги убил првородените деца и најпосле безбедно го пренесол својот народ преку Црвеното Море, уништувајќи ги неговите непријатели.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 835-852.