Осија (библиска книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Книгата на пророкот Осија“ — книга од Стариот завет во која се опишани пророштвата на пророкот Осија.

Содржина[уреди | уреди извор]

Бог му се јавува на Осија со налог да се ожени со блудница, која ќе му роди деца. Така Бог ги нарекува Израилевите племиња зашто отстапиле од божјите закони и ги прифатиле туѓите идоли, служејќи му на Ваал наместо на својот Бог. Божјиот гнев е особено насочен кон Ефремовото племе, но исто така и кон сите Израилци. Поради идолопоклонството, Израилците ќе бидат казнети така што ќе бидат поробени од другите народи, а луѓето ќе бидат раселени во Асирија и во Египет. Сепак, наспроти својот гнев, Бог најпосле ќе покаже милост кон својот народ и нема целосно да го уништи, туку ќе го врати во татковината. Тогаш, кога Израилците ќе го прифатат божјиот закон, Бог ќе им подари слава и изобилство.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1104-1111.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]