Сукот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сукот
Сукот
од лево кон десно: лулав, опаковка за етрог и етрог корисени на Сукот
Офиц. назив хебрејски: ראש השנה
Наречен и Празник на сениците, Празник на колибите
Го празнува(ат) јудаизмот и Евреите
Вид еврејски
Почнува почеток на првиот ден во тишри
Завршува крај на вториот ден во тишри
Обичаи јадење во сука, носење на четири билки, хакафот во синагога

Сукот[1], Сукос (хебрејски: סוכות или סֻכּוֹת сукот или сукос) или Празник на сениците или Празник на колибитееврејски празник кој се празнува на петнаесеттиот ден од месецот тишри (се менува од крајот на септември до крајот на октомври). Тој е еден од трите празници за поколение (шалош регалим) на којшто израелските племиња оделе на поколение во Ерусалимскиот храм.

Празникот трае седум дена во Израел и осум во еврејската дијаспора. Првиот ден (втор ден во дијаспората) е шабат, ден во којшто работењето е забрането, по што следуваат средишни денови наречени Хол ха-Моед. Фестивалот завршува исто така на шабат, кој е наречен Шмини Ацерет (два дена во дијаспората, каде што вториот се нарекува Симхат Тора). Секој ден од празникот, задолжително е спроведување на церемонија со четири билки.

Хебрејскиот збор сукот е множина од сука, со значење „сеница“ или „колиба“, што претставува ѕидна конструкција покриена со схах (растителен материјал како обраснатост или лисја од палма). Суката има за цел да послужи како сеќавање на видот на кршливи живеалишта во коишто, според Тората, се населиле израелските племиња за време на нивното 40-годишно патување во пустината по Егзодусот во Египет. За време на празникот, оброците се јадат во суката и многу луѓе исто така спијат во неа. Сука исто така е назив на привремено живеалиште во коешто се населувале земјоделците за време на жетва.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Данон, Цадик (2008). Основни поими на јудаизмот. прев. Марија Алексиќ (II издание). Скопје: Еврејска заедница во Република Македонија. ISBN 9989-102-14-7. http://www.mcms.org.mk/images/docs/2005/osnovni-poimi-na-judaizmot.pdf. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]